На „Табановце“ и на „Богородица“ се чека еден час за влез во државата


На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ времето на чекање за влез во државата изнесува околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]

На папата лекарите му кажале да мирува два месеци. Работеше до последен момент


По повеќе од пет недели поминати во болница, лекарите го советувале папата Франциско да одмори најмалку два месеци, но поглаварот на Католичката црква решил да работи до самиот крај. На Велигден, ден пред неговата смрт на 88-годишна возраст, Франциско го направи своето прво пошироко појавување во јавноста од февруари. Тој со бел папамобил пристигна на […]

Без морални оставки нема правда за трагедијата во Кочани


Без привремена непартиска експертска влада не е можна непристрасна истрага и конечна правда за виновниците кои ја предизвикаа и кои не ја спречија трагедијата во Кочани. За тоа да се случи неопходни се две  морални оставки и една во заштита на правосудниот систем. Прво, на премиерот Христијан Мицкоски, на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, […]

Поетско читање на Никола Маџиров на Светскиот поетски салон во Њујорк


Со поетско читање на македонски и англиски јазик Никола Маџиров го отвори Светскиот поетски салон во рамките на Фестивалот на светската литература и уметност (World Literature and Arts Festival) кој се одржува од 14-ти до 30-ти април во салите на Њујоршката јавна библиотека. На сцената пред околу сто и педесет присутни гости, Никола Маџиров настапи […]

Дебата во Собранието за придобивките од Реформската агенда 2024 – 2027


Во рамки на денешната седница на собраниските Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции денеска ќе се одржи дебата за придобивките од Реформската агенда 2024 – 2027.  Како што информираат од собраниската прес-служба, целта е да се презентираат и дискутираат со пратениците придобивките од Реформската агенда 2024 – 2027, со фокус на можностите […]

Рејтингот на Трамп најнизок откако по вторпат стана претседател


Поддршката за претседателот Доналд Трамп падна на најниско ниво од неговото враќање во Белата куќа, бидејќи Американците покажаа знаци на претпазливост поради неговите напори да ја прошири својата моќ, покажа анкетата на Ројтерс/Ипсос која заврши вчера. Околу 42 отсто од испитаниците во шестдневната анкета го одобруваат работењето на Трамп како претседател, што е пад во […]

Одбележување на Денот на планетата Земја


Во фокус на одбележувањето на Светскиот ден на планетата Земја – 22 април, годинава е утројувањето на глобалното производство на електрична енергија од обновливи извори до 2030 година, а Центарот за истражување и информирање за животната средина – „Еко-свест“ ќе одржи вебинар за просумери, односно за информирање за сопствено производство на електрична енергија од обновливи […]

Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров); · Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште); · Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) […]

Австралиските партиски лидери ја прекинаа кампањата по смртта на папата Франциск


Големите политички партии во Австралија денеска ја прекинаа кампањата по смртта на папата Франциск, при што лидерите му оддадоа почит на покојниот папа на отворањето на предвременото гласање на федералните избори закажани за 3 мај. Премиерот Ентони Албанезе присуствуваше на утринската миса во катедралата Свети Патрик во Мелбурн, додека лидерот на опозицијата Питер Датон рече […]

Трамп ќе оди на погребот на папата Франциско


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера да отиде на погребот на папата Франциско, кој почина вчера на 88 -годишна возраст. „Меланија и јас ќе одиме на погребот на папата Франциско во Рим“, напиша Трамп за социјалната мрежа Social Truth. Американскиот претседател претходно вчера нареди да се спуштат знамињата на половина копје на сите […]

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп


Универзитетот Харвард ја тужеше администрацијата на претседателот Доналд Трамп во обид да го спречи замрзнувањето на владата на повеќе од 2 милијарди долари средства за престижната американска образовна институција. „Овој случај ги вклучува напорите на Владата да го искористи скратувањето на федералното финансирање како потпора за преземање на контролата врз академското одлучување на Харвард“, се […]

Кардиналите ќе разговараат за погребот на папата


Голем број кардинали треба да се сретнат денеска во Рим за да разговараат за аранжманите за погребот на папата Франциск, кој почина вчера на 88-годишна возраст. Кардиналите треба да одлучат за точното време на погребот на покојниот поглавар на Католичката црква, што обично се случува четири до шест дена по смртта. Иако е вообичаено починатиот […]

„Влен“ неделава треба да се трансформира во партија


 Неделава се очекува да почне трансформацијата на коалицијата „Влен“ во партија откако Алијанса за Албанците на Арбен Таравари одлучи да оди на претстојните локални избори со сопствени листи за советници.  Првиот вицепремиер и лидер на Демократско движење, Изет Меџити деновиве  во интервју за Телеграфи Македонија на албански јазик нагласи дека од коалицијата „Влен“ ќе произлезе нов политички […]

Бела куќа: Трамп стои зад министерот за одбрана по протекувањето информации од Пентагон


 Американскиот претседател Доналд Трамп застана зад министерот за одбрана Пет Хегсет, и покрај известувањето дека министерот во групата за пораки Сигнал, во која биле и неговата сопруга, братот и личниот адвокат, сподели детали за нападот во март врз проиранските јеменски Хути. Откритието дека Хегсет по втор пат го користел несигурниот систем за испраќање пораки Сигнал […]

Сончево со умерена облачност, попладне дожд и грмежи


  Претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за […]

Трамп е во потрага по замена за министерот за одбрана Пит Хегсет


  Белата куќа е во потрага по замена за министерот за одбрана Пит Хегсет, изјави американски официјален претставник за Националното јавно радио (НПР) во понеделникот. Во неделата, „Њујорк тајмс“ откри дека Хегсет и испратил порака на сопругата и братот детали за воениот напад врз Јемен минатиот месец. Официјален претставник за НПР изјави дека Хегсет ги […]

Трамп: Папата беше добар човек. Се согласувам со неговите пораки за мигрантите, навистина


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се уште не одлучил дали ќе присуствува на погребната церемонија на папата Франциско на плоштадот Свети Петар во Ватикан. „Сè уште не знам. Ќе бидеме информирани за деталите“, им рече Трамп на новинарите за време на велигденската служба во Белата куќа. На прашањето дали сака лично да присуствува на […]

Првиот човек на Светскиот економски форум Клаус Шваб поднесе оставка


Претседателот на Бордот на директори на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, Клаус Шваб, поднесе оставка од функцијата, соопшти СЕФ. – По мојата неодамнешна објава, и со оглед на тоа што навлегувам во мојата 88-ма година, решив да се повлечам од позицијата претседател и член на Одборот на доверители, рече Шваб во соопштение додавајќи дека […]

Инстаграм со помош на вештачка интелигенција ќе ја утврдува на возраста на корисниците


Социјалната мрежа „Инстаграм“ почнува да користи вештачка интелигенција за да утврди дали помладите корисници ја фалсификуваат својата возраст на апликацијата, соопшти денеска компанијата „Мета“, која е сопственик на оваа платформа. „Мета“ веќе некое време користи вештачка интелигенција за да ја утврди возраста на корисниците на различни апликации, а „Инстаграм“ од сега, како што се наведува, […]

Светoт жали за папата Франциско: Од седумдневна жалост, до спуштени знамиња


Земјите ширум светот почнаа да се подготвуваат да му оддадат почит на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, кој утрово почина на 88 години, пренесува Би-би-си. Во Аргентина, родната земја на папата, прогласена е седумдневна национална жалост. Во Бразил е прогласена седумдневна жалост, како што рече претседателот Игнасио Лула да Силва, во знак на почит […]