Америка воведува царини до 3.521 проценти на соларни панели од Југоисточна Азија


Американското министерство за трговија најави воведување царини до 3.521 проценти за увоз на соларни панели од четири земји од Југоисточна Азија – Камбоџа, Тајланд, Малезија и Виетнам. Оваа одлука уследи по истрагата започната минатата година, кога некои од најголемите производители на соларна опрема побараа од тогашната администрација на претседателот Џо Бајден да ги заштити нивните […]

Телефоните што ќе се продаваат во ЕУ ќе носат ознака за траењето и ефикасноста на батеријата


Европската Унија поттикнува поголема транспарентност на технолошките компании кон потрошувачите. Најновиот пропис во таа насока, е тоа што од 20 јуни оваа година, сите паметни телефони и таблети што ќе се продаваат во ЕУ ќе мора да носат нова ознака којашто ќе ги означува и гарантира траењето и ефикасноста на батеријата. Станува збор за промена […]

Јавен повик на Глобалниот фонд за вклучување и отпорност на заедницата, апликации до 9 мај годинава


Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам го сподели Јавниот повик на Глобалниот фонд за вклучување и отпорност на заедницата (ГЦЕРФ) на кој можат да аплицираат невладини организации. ГЦЕРФ е фонд кој поддржува проекти во врска со спречување на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот во повеќе држави, вклучително и во Република Северна […]

Судии и обвинители во Србија бараат седници на највисоките правосудни органи за студенстките протести


Група судии и јавни обвинители „Да ја одбраниме професијата“ денеска побара, имајќи ги предвид студентските барања поврзани со судството, до крајот на месецот да се одржат седници на највисоките правосудни органи – Врховниот суд, Врховното јавно обвинителство, Високиот судски совет и Високиот совет на обвинителството, за која ќе се расправа актуелната состојба во судството, јави […]

МЛС со швајцарска поддршка набави ИТ опрема за центрите за развој на планските региони


Во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – 2 фаза, Министерството за локална самоуправа набави ИТ опрема за сите осум центри за развој на планските региони. Овој проект, како што денеска соопштија од Министерството, поддржан од Владата на Швајцарија, претставува значајна инвестиција во подобрување на капацитетите на центрите и нивната способност да […]

Ново искуство во дигиталните финансии – Комерцијална банка лансираше нов портал за електронско банкарство


Комерцијална банка со гордост ја пушти во употреба новата Интернет банка – модерен и иновативен портал за беспрекорно искуство во управувањето со личните и деловните финансии. Новата Интернет банка е создадена за да одговори на потребите на модерниот клиент, овозможувајќи му во секое време брз, едноставен и безбеден пристап до неговите финансии – каде и […]

РКЕ: Не се менуваат цените на бензините и на дизелот


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, информираат од Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,212 ден/кг и сега ќе изнесува 36,780 ден/кг. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 […]

Започнуваат Денови на македонски кореографи со Скопје танцов театар во НОБ


Вечерва, во 20 часот, во организација на НОБ – Мала сцена, а со поддршка на Министерството за култура и туризам, ќе започнат „Денови-те на македонски короеграфи“ со две премиери на Скопје танцовиот театар.  „За Скопје танцовиот театар, кореографите Адријана Данчевска и Дејан Битровски, со новите продукции, кои се поддржани од Министерството за култура и туризам, […]

Се разгледуваат можности за изградба на нов саемски комплекс во Скопје


Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска одржа работна средба со претставници на „Скопски саем“, на која дискутираа за потребата и важноста од изградба на нов саемски комплекс во Скопје. На средбата беа разгледани можностите за локација, инфраструктурни услови и иновации кои би го направиле новиот саемски простор конкурентен на регионалните и меѓународните […]

АЕК почна постапка за јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор


Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за нов мрежен оператор во државава, а на барање на „Оне Македонија телекомуникации“, фирмата што унгарската телеком-компанија „4иГ“ ја регистрираше во државава по објавата за влез на македонскиот телекомуникациски пазар. – По сопствена иницијатива и врз основа на пристигнатo барање од […]

Теди Свимс влезе во историјата на топ листите на „Билборд“


Теди Свимс влезе во историјата на топ листите оваа недела бидејќи неговиот хит сингл „Lose Control“ го собори рекордот за најдолга песна во топ 10 на Billboard Hot 100. „Lose Control“, која се искачува од бр. 8 на 7, сега влезе вкупно 58 недели во топ 10 на табелата, надминувајќи го рекордот на Weeknd од […]

Викендов отстранети 60 возила од сообраќај


Во текот на празничните денови (18-21.04.2025) продолжувајќи со континуираните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2252 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот претежно по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Притоа, заради неправилно паркирање евидентирани биле 308 […]

Академијата ги заострува процедурите околу гласањето за Оскарите


Академијата ги заострува своите процедури околу гласањето за Оскарите, со нов сет на правила одобрени во понеделникот . Во значителна промена на стандардите пред гласањето, Академијата сега ќе бара од членовите „да ги гледаат сите номинирани филмови во секоја категорија за да имаат право да гласаат во последниот круг за Оскарите“, се вели во соопштението […]

Во државава лани 140.800 лица со дијабетес


Податоците од најновото издание на Атласот со податоци за состојба со дијабетес во светот покажуваат дека во нашата држава, согласно податоците на преваленца за состојба на опфат на граѓани од 20 до 79-годишна возраст, констатирано е дека во 2024 година се 140.800 лица со дијабетес. Тоа е 7.4 проценти возрасна стандардизирана преваленца на дијабетес, подвлекуваат денеска од […]

Домашни автори и илустратори во фокус на 7. „Литера“


Од утре, 23 април, уникатниот амбиент на Сули ан во Старата скопска чаршија повторно се претвора во сцена на уметност, инспирација и детска имагинација. Почнува седмото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, кој оваа година го става фокусот на домашната уметност – автори и илустратори што оставаат силен белег во […]

Колку ЕУ побрзо оди кон проширување, толку повеќе кочи Македонија


  Отворената шахта во Аеродром што ја затвори Стојанче Ангелов и ја објави како успешна брза интервенција на институциите – стана парадигма за тоа како напредува Македонија. Главната реакција на граѓаните беше  – браво, додека Албанија лансира сателити во вселената, ние успеавме да затвориме дупка и од тоа да направиме пи-ар! Вака некако изгледа и […]

Тешка сообраќајка кај Пресека: Петмина повредени, меѓу нив и две деца


На магистралниот пат Кичево-Охрид, вчера попладнe кај планинскиот превој Пресека, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово. -Во несреќата, возачот на возило „киа“ и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки […]

ТАВ Македонија го доби сертификатот „Одлично место за работа“


ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромски оператор на два македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, го доби сертификатот Great Place To Work® („Одлично место за работа“), како глобален репер за „избран работодавач од вработените“ којшто компаниите се стремат да го постигнат. Сертификатот Great Place to Work® се доделува врз […]

Битка за моќта во Ватикан: Може ли од конклавата да се појави папа кој е „анти-Франциско“


  Смртта на папата Франциско ќе ја ублажи внатрешната борба за моќ што беше белег на неговото папство. Во наредните денови ќе се игра жестока битка за иднината на црквата со најголемите влогови во светоста на Систинската капела. Вкупно има повеќе од 250 кардинали, но оние над 80 години немаат право да учествуваат во конклавата. […]

Ал Гор ја спореди администрацијата на Трамп со нацистите


Поранешниот американски демократски потпретседател Ал Гор ја спореди администрацијата на Доналд Трамп со нацистичка Германија и предупреди на опасностите од начинот на владеење на Трамп, за време на говорот за климатските промени. Говорејќи на почетокот на Неделата на климата во Сан Франциско, Гор рече дека администрацијата на Трамп „се обидува да создаде своја верзија на […]