УЈП: Поддршка за поднесување на ДДВ-04 пријави, рокот е до 25 април


Управата за јавни приходи како одговор на барањата на сметководителите и даночните обврзници презема активности со цел обезбедување поддршка за брзо решавање на технички и административни прашања при користење на системот за е-Даночни услуги, како поддршка во процесот на поднесување на ДДВ-04 пријавите. Со цел да се обезбеди непречено поднесување на ДДВ-04 пријавите за овој […]

Бурни реакции по каснувањето дете од куче скитник во Битола – ќе се контролира кој носи кучиња од други градови


БИТОЛА – Бурни реакции предизвика веста за детето од неполни две години каснато од куче скитник на плоштадот „Магнолија“ во Битола. Немилиот настан се случи на Велигден, нешто после 12 и 30 часот за што објави „Независен“ со реакција од мајката, инаку американски државјанин. Денеска, токму овој инцидент беше повод за вонреден состанок на прифатилиштето […]

ММФ: Значително ќе забави светската економија


 Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали прогнозите за економски раст за 2025 година, истакнувајќи оти зголемените царини и општата неизвесност ќе доведат до „значително забавување“. ММФ во најновата глобална прогноза наведува дека светската економија ќе порасне за 2,8 отсто оваа година, што е помалку од претходната процена од 3,3 проценти. Во САД се очекува раст […]

Сиљановска ќе оди на погребот на папата


Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова ќе присуствува на погребот на папата Франциск. Од Кабинетот на претседателката информираат дека таа ќе замине во Рим на 26 април. Ватикан соопшти дека погребот на папата Франциск ќе се одржи в сабота, 26 април во 10 часот по локално време. Папата Франциск во својот последен тестамент потврдил дека сака да […]

ССМ: Минимална кошница за април изнесува 62.691 денари – 836 денари повеќе од мартовската


Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691 денари, што е зголемување од 836 денари во споредба со март, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија. Најмногу, односно 21.480 денари (34,3%) од буџетот се издвоени за храна и пијалоци. За облека и обувки се издвоени 5.634 денари (9,0%), станарина, вода, електрична енергија […]

Куманово ги замени азбестните покриви на училиштата – остануваат уште шест


Речиси и да нема училиште во Куманово, каде што не се заменети азбестните покриви, соопштија денеска надлежните од секторот за образование од општина Куманово. Од вкупно 49 објекти на основните и средните училишта, само во шест помошни објекти има сè уште азбестни покриви. Водоводната мрежа изградена во педесетите години од претходнито век е со азбестни […]

Газдата на „Пуцко Петрол“ со два милиони евра сака да излезе од притвор


Газдата на „Пуцко Петрол“ ќе го одврзе ќесето за да излезе од Шутка. Синот на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски, Асмир Јахоски, нуди два милиони евра гаранција за да излезе од зад решетки. Тој е во притвор во Шутка од 14-ти март како осомничен за набавка на штетно гориво за ТЕЦ Неготино со кое го […]

Гаши за ЕУ: Предизборната реторика не треба да има предност пред разумот


Во Собранието се одржа дебата за реформската агенда за ЕУ на која присуствуваше и главниот преговарач на Хрватска, Владимир Дробњак. Тој прати неколку клучни пораки за Македонија, со главната – дека 2030 година ќе биде година на големо проширување и тој хоризонт треба да го имаме на ум кога ја спроведуваме реформската агенда.  „Две илјади […]

Ленче Нелоска именувана за нов директор на Геронтолошкиот завод во Скопје


Докторката Ленче Нелоска е поставена за нов директор на Геронтолошкиот завод во Скопје, откако претходниот директор беше приведен во полициска акција поради сомнежи за примање поткуп.​ Нелоска веќе ја извршувала оваа функција во минатото, што укажува на нејзиното искуство и познавање на работата на установата. До неодамна, таа беше и претседателка на Советот на Општина […]

Ќе бараме транспарентност. Ќе бараме одговорност. Културните работници излегоа на протест


 Синдикатот на културата (СКРМ) денеска одржа протестен совет пред Министерството за култура поради неисплатените плати и поради непочитување на колективните договори. На советот претставниците на Синдикатот побараа достоинствени услови за работа, почитување на колективните договори, транспарентност и професионално управување со културните институции, стратегија за развој на културата, како и Закон за култура со учество на […]

Советот на НБ ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем


Советот на Народната банка го усвои Годишниот извештај за 2024 година, во кој, како што соопшти НБ,  се истакна успешното остварување на целите на централната банка, што е потврдено и од најрелевантните меѓународни финансиски институции, а се согледува преку натамошното забавување на инфлацијата, одржувањето на стабилноста на  девизниот курс и натамошното јакнење на финансиската стабилност. […]

Ограбен домот на Фатмир Битиќи, украден сеф со злато, пари и рачни часовници


Сеф со злато, пари и рачни часовицни во вредност од околу 50.000 евра е украден од домот на Фатмир Битиќи пишува ORA24.TV. МВР информираше дека вчера претпладне пријавена е кражба од домот на Фатмир Битиќи, поранешен пратеник и екс-претседател на СДСМ.  -На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот […]

Сочувство од архиепископот Стефан за упокојувањето на папата Франциск


Поглаварот на Македонската православна црква г. г. Стефан испрати писмо со сочувство за упокојувањето на папата Франциск до кардиналот Кевин Јозеф Фарел во Светата Столица. – Со длабока тага, но и со силна надеж во Воскресението, токму во овие денови на взаемна пасхална радост на сите христијани во светот, ја примивме веста за упокојувањето на […]

Собранието во рамки на 44. седница без расправа донесе повеќе законски решенија


Собранието во рамките на денешната работата по дневниот ред на 44. седница без расправа донесе 19 законски решенија за изменување и дополнување на закони, меѓу кои и на Законот за градење, Законот за медиуми и Законот за минимална плата. Без расправа едногласно со 82 гласа „за“ на второ читање беше проследен и Предлог законот за […]

Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни


 Општина Карпош продолжува со засилен инспекциски надзор врз сите градилишта на своја територија, со цел да се обезбеди законска, безбедна и одговорна урбана изградба. Во текот на изминатата недела, од страна на градежен и комунален инспектор, како и со активно присуство на комуналните редари, беа спроведени над 50 контроли на терен.   Како резултат на […]

Собранието ќе добие ново лого


Објавен е Јавен конкурс за изработка на заштитен знак (лого) на Собранието на Република Северна Македонија со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален, визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата, соопшти денеска собраниската прес – служба. Во […]

Трамп ги засили нападите врз претседателот на ФЕД, Џером Пауел, берзите повторно паднаа


Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш остро го критикуваше претседателот на Федералните резерви (ФЕД) Џером Пауел, обвинувајќи го дека предизвикува забавување на економскиот раст на САД доколку веднаш не ги намали каматните стапки. Тој го нарече „огромна загуба“ на платформата за социјалните медиуми Truth Social. Според Си-Ен-Би-Си, Трамп напишал дека многумина повикуваат на превентивно намалување […]

Американските универзитети објавија писмо во кое го осудуваат „политичкото мешање“ на Трамп


Вашингтон – Повеќе од 100 американски универзитети и колеџи, вклучително и институциите на Ајви лигата – Принстон и Браун, денеска објавија заедничко писмо во кое го осудуваат „политичкото мешање“ на претседателот Доналд Трамп во образовниот систем. Тој потег доаѓа еден ден откако Универзитетот Харвард ја тужеше администрацијата на Трамп, која се закани дека ќе го намали […]

Мемов: ЗНАМ размислува за самостојни советнички листи


Движењето ЗНАМ формира преговарачки тим за соработка со политичките партии и нормално е дека ние во рамките на владиното партнерство веќе ги почнуваме разговорите со нашиот владин партнер ВМРО – ДПМНЕ. Во делот за настапот на локалните избори, партиското раководство размислува за самостоен настап на ниво на советнички листи, а во делот на соработка за […]

Како да се надмине пролетниот замор поради чувството на исцрпеност и губење на мотивацијата


Иако многумина очекуваат повеќе енергија и подобра концентрација со доаѓањето на пролетта, за некои оваа сезона носи чувство на исцрпеност и пад на мотивацијата. Овој „феномен“ е познат како пролетен замор и е поврзан со промените кои се случуваат во телото додека се прилагодува на сезонските промени. Имено, пролетниот замор подразбира чувство на замор, тромост […]