Палевски тврди дека не знае ни каде е местото Рудник, каде е дупката во која беше фрлен Жежовски


Љупчо Палевски, првообвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, тврди дека се нелогични и неточни тврдењата за времето на убиството на Панче и за неговото присуство во куќата на Жежовски. Смета дека  му се монтираат убиства од страна на Обвинителството, како и дека „прашањето за киднапирањето и класичното убивање на Вања ќе остане […]

Второ издание на OUTDOOR & TRAVEL FAIR 2025 во Скопје Сити мол


Во Skopje City Mall, овој викенд, ќе се одржи второто издание на OUTDOOR & TRAVEL FAIR 2025 – саем посветен на авантуристичкиот начин на живот, активностите на отворено, патувањата и откривањето на убавините на нашата земја. Саемот кој ќе се одржи од 25 до 27 април, претставува прва ваква платформа во земјата, која ги обединува клубовите, здруженијата, федерациите и компаниите посветени […]

Американската пијанистка Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65.„Охридско лето“


Американска пијанистка со блескава уметничка кариера,  Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид. Ова денеска го обелодени директорот на Националната установа „Охридско лето“ , Ѓорги Цуцковски, на прес-конференција на која беше промовирана програмата на годинешното фестивалско издание.   -За свеченото отворање под […]

Македонија ќе користи искуства од Чешка од областа на енергетиката


Во организација на Амбасадата на Чешка во Скопје, денеска, се одржа Форум за енергетика и технологија помеѓу Северна Македонија и Чешка, на кој присуствуваше првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, како и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Како што посочи Меџити, повод […]

Народниот правобранител нема пари и кадар за промоција на заштита на правата на граѓаните


Институцијата Народен правобранител во нашата земја се соочува со сериозни проблеми во неговото функционирање, иако има фундаментална улога во насока на промоција, афирмација и заштита на човековите права и слободи, истакна денеска на конференцијата „Поврзување на политиката и праксата: Зајакнување на парламентарниот надзор во промоција и заштита на човековите права“ која се одржа во Собранието […]

Машински факултет доби лабораториска опрема вредна 70 илјади евра од ЛТХ Леарница Охрид


Машинскиот факултет – Скопје доби на трајно користење индустриска опрема од компанијата ЛТХ Леарница Охрид, наменета за Лабораторијата за производни технологии и процеси. Донираната опрема е во вредност од над 70 илјади евра, а целта е да ја унапреди практичната настава на студентите од овој факултет на УКИМ.  На настан по повод донацијата на опремата […]

Папа се погребува во три ковчега и со вреќичка злато


Ова можеби им е познато на многу католици, но не секој знае дека кога ќе умре папата, тој е погребан во три ковчези: еден од чемпрес, друг од олово и најоддалечениот од брест. Ковчегот од чемпрес е највнатрешниот и го држи телото на папата, заедно со копија од погребната миса и три вреќички со монети, […]

СДСМ: Потрошувачката кошничка порасна за 836 денари, власта нема решение за високите цени


Опозициската СДСМ денес на прес-конференција ја обвини Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека и девет месеци откако се на власт, животниот стандард на граѓаните опаѓа, а Македонија економски не оди напред како што се ветуваше во кампањата. „Економијата е заглавена, стандардот е урнисан, граѓаните едвај врзуваат крај со крај“, рече на прес конференција портпаролката на СДСМ, […]

До 25.000 денари субвенционира Битола купување инвертер клими


Општина Битола, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на домаќинствата, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените финансиски средства за инвертер клима уреди набавени во периодот од денот на објавувањето на овој […]

Започнува втората фаза од проектот за поддршка на Македонија во пристапувањето во ЕУ во областа животна средина


Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска се обрати на отварањето на иницијалниот настан за отпочнување на втората фаза од проектот: „Поддршка на пристапувањето на Македонија кон ЕУ во областа на животната средина“ што денес се одржа во Скопје. „Ние особено ја цениме помошта и стручноста на шведските експерти кои ќе помогнат […]

Дробњак: Ако ја остварите реформската агенда, ќе исполните 60 отсто од преговорите


  Поранешниот главен преговарач на Хрватска за ЕУ и актуелен советник на македонската влада за евроинтеграцијата, Владимир Дробњак, порача денес дека ако се оствари Реформската агенда поврзана со планот за раст на ЕУ, најголем дел од нашата работа ќе биде завршен, поточно, дури 60 отсто од бенчмарксите на Унијата за преговори ќе бидат постигнати однапред. […]

Од 20.000 слободни места за средношколците 18.000 се за стручно – гимназиите нема да страдаат


Покрај тоа што во годинешниот конкурс за запишување во средно, има 20.000 места од кои 18.000 се за средно стручно, министерката за образвоание Весна Јаневска е убедена дека гиммназиите нема да се соочат со недостиг на ученици, но на овој начин, смета, ќе се задржат младите, кои ќе имаат шанса да продолжат да работат во […]

Климатските промени имаат ефект врз инфраструктурата – пример се трагичните настани во БиХ


Да се работи на воведување екотранспорт, регионално, да се вмрежуваме за подобри резултати, да се користи јавен превоз, велосипед или одење пеш, се дел од пораките кои ги пратија денешните учесници на трекалезната маса, „Зелени пратенички групи на Западен Балкан – средба со Транспортната заедница“. Добро е што се вмрежуваме со другите интерпарламентарна групи од […]

Ексдиректорот на Центарот за култура во Охрид заработи кривична пријава- украл 2.500 евра преку фестивал


Поранешниот директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ го оштетил буџетот на оваа установа за 151.290 денари, односно околу 2.500 евра, информира Министерството за внатрешни работи. Охридската полиција поднесе кривична пријава за 48-годишнио Г.С. за несовесно работење во службата. Според соопштението, за време на одржување на фестивал на народни песни и игри 2023 година, за […]

Трајановски: Ќе се прошири патарината кај Миладиновци


Предвидено е проширување на патарината кај Миладиновци и зголемување на процентот на поминувања за електронска наплата на патарините (таг), најави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски при посетата на Куманово каде почна рехабилитација на регионален пат. Целта е, потенцира, да има што повеќе поминувања со тагови, наместо со кеш и […]

Кина ја лансира мисијата „Шенжу-20“ со екипаж


Кинеската Национална вселенска администрација утре ќе ја отпочне мисијата „Шенжу-20“ со посада, до својата вселенска станица, од Центарот за лансирање на сателити „Џиукван“ во северозападна Кина, соопштија властите.  Кинеските астронаути Чен Донг, Чен Жонгжу и Ванг Жи се дел од мисијата. За време на престојот во Земјината Орбита, „Шенжу-20“ ќе прифаќа задачи од товарниот вселенски […]

Фатени двајца прилепчани – ја запалиле депонијата во Демир Хисар


На 22.04.2025 во 13.30 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик. „Тие се сомничат дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар, а при преглед кај нив се пронајдени […]

Нов плоштад кај „Стела“ во Аеродром


Општина Аеродром добива нов и современо уреден сквер меѓу кулите кај поранешната слаткарница „Стела“, во внатрешниот дел покрај булеварот „АСНОМ“ во населбата Јане Сандански. Станува збор за целосна реконструкција на плочникот меѓу зградите на површина од околу 2.800 м2, со што овој простор ќе добие нов сјај со содржини приспособени за сите генерации. Покрај замената […]

Пет пациенти денеска се враќаат од лекување од Србија, во странство остануваат уште 38 пациенти


Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од Клиничкиот центар во Србија, по што согласно протоколот тројца ќе бидат под опсервација на Клиниката за пулмологија и по еден пациент на Клиника за пластична хирургија и во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“.   Во текот […]