Црногорскиот шеф на дипломатијата рече дека нивниот успех кон ЕУ е добра вест за регионот


  Заемната поддршка што ја искажуваме на планот на европската интеграција претставува добар пример за нашата одлучност за напредок на овој пат кој ќе ни обебзеди сигурност стабилност и напредок кон просперитетна Европа кон која заеднички целиме. Секој успех на една од државите од регионот на европскиот пат е добра вест за сите останати.   […]

Трамп: Крим останува руски, а Украина е виновна за војната


  Американскиот претседател Доналд Трамп даде нови изјави за преговорите за завршување на војната во Украина. Во интервју за списанието „Тајм“, кое беше објавено на 22 април, Трамп ја обвини Украина за започнување на војната. „Мислам дека она што предизвика војната да започне беше кога Украинците почнаа да зборуваат за приклучување кон НАТО“, рече Трамп. […]

Синот на заменик-директор на ЦИА загинал во Украина борејќи се во руската војска


  Мајкл Глос, син на заменик-директорот на ЦИА за дигитални иновации, Џулијан Галина Глос, и ветеранот од војната во Ирак, Лари Глос, почина во Украина како дел од руската војска. 21-годишниот Мајкл се пријави во руската армија есента 2023 година. Мајкл Глос пристигна во Русија во август 2023 година откако талкаше низ различни земји во […]

Изјава за медиуми на Герасимовски и Филипче (во живо)


 Изјава за медиуми на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и претседателот на СДСМ Венко Филипче, по увид во градежните работи за реконструкција на спортската сала Работнички во Градскиот парк.  

Синот на Трамп утре повторно доаѓа во Белград


Синот на американскиот претседател, Доналд Трамп помладиот, утре повторно ќе биде во Белград, по втор пат во последните два месеци, објави Блиц. За време на посетата на српската престолнина, Трамп помладиот ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, а планирана е и заедничка вечера. Попладне, тој ќе учествува на бизнис форум организиран од Стопанската […]

Емиратите ги укинаа визите за Македонија


  „Убавата“ вест што вчера ја најави премиерот Христијан Мицкоски денеска беше обелоденета како укинување на визите за македонските граѓени кои патуваат во Обединетите Арапски Емирати. „Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја. Наскоро со конкретната […]

Пристигнува Mлада месечина во Бик и носи нови почетоци и финансиска стабилност: Еве како ќе влијае на секој хороскопски знак


Во недела, 27 април 2025 година, Младата Месечина влегува во Бик, носејќи ја енергијата на нови почетоци, финансиска стабилност и емоционална сигурност. Ова е моќен астролошки момент кој не поканува да забавиме, да се приземјиме и да ги поставиме темелите за она што сакаме да го изградиме долгорочно. Во знакот Бик, Младата Месечина има една […]

Просечната нето плата во Србија во февруари била 883 евра


Просечната нето плата за февруари годинава во Србија изнесувала  103.519 динари (883 евра), а просечната бруто плата, вклучувајќи ги даноците и придонесите, изнесуваше 142.908 динари (1.219 евра), соопшти денеска српскиот Завод за статистика. Растот на бруто и нето заработката во периодот јануари-февруари 2025 година, во споредба со истиот период лани изнесува 11,1 процент номинално, односно […]

Централен регистар е највисоко рангирана институција во државата


Централен регистар официјално е највисоко рангирана институција во државата, соопштија од ЦР. Согласно евалуација на институциите спроведена од страна на Министерството за јавна администрација (МЈА), највисоко рангирана институција во државата е Централен регистар. Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите ги опфати предизвиците поврзани со интеграциите во Европската Унија опфатени преку „Принципите на […]

Работничките права во приватниот сектор мора да се подобрат, ССМ бара итно зголемување на платите


Потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија за приватен сектор, Иван Пешевски, ја истакна потребата од подобрување на работничките права во приватниот сектор и ги повика работниците да се приклучат на Првомајскиот протест. Клучните барања на синдикатот се повисоки плати, безбедни услови за работа и почитување на законските права. -Приватниот сектор во Македонија е главен […]

СКРМ: Започна исплатата на платите во културата, но НЕ во согласност со Колективните договори


„Започна исплатата на платите во културата, но НЕ во согласност со Колективните договори, туку по насока на министерството за култура, а по препорака од министерството за финансии со некаква нова не правна формула“, се вели во соопштението на Синдикатот на културата на Македонија.  „Но посочуваме дека таквата плата добиена по некакво произволно толкување на колективните […]

Убиен руски генерал мајор во експлозија на автомобил бомба


Автомобил експлодираше доцна наутро во петокот во дворот на станбена зграда во Балашиха, град во близина на Москва. Според Рускиот истражен комитет, во експлозијата загина генерал-мајор Јарослав Москалик, заменик-началник на Главната оперативна дирекција на Генералштабот на руската војска. Експлозијата се случила во населбата Авијаторов во градот, која првично била планирана како станбена зона за пензионирани […]

(Во живо) Прес на ССМ – за состојбите во приватниот сектор


Прес-конференција на потпретседателот на ССМ за приватен сектор Иван Пешевски за состојбите со работничките права во приватниот сектор и за најавениот протест на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) на 1 Мај. 

Паркот „Радост“ се израдува пред избори – две години по помпезниот почеток


Изградбата и уредувањето на новиот парк „Радост“ во Реонски центар во Општина Аеродром е во завршна фаза и во зависност од временските услови, се очекува паркот да го добие својот финален изглед до средината на следниот месец, соопштија денеска од Општина Аеродром. Изградбата на овој парк почна пред две години, со поддршка на Делегацијата на […]

Македонец влегува во „Симпсонови“


В недела, 27 април, во 20 часот по американско локално време на телевизијата „Фокс“ ќе биде објавена 15. епизода од 36. сезона на „Симпсонови“, во која првпат во историјата на оваа мегапопуларна анимирана серија ќе има лик Македонец. Оваа вест ја објави Нев Нешкоска, која заедно со нејзиниот брат Наум и сестра ѝ Калина е […]

Левица: Борбата против корупцијата е мизерен театар за јавноста


  Веста дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, е осомничена за оддавање на службени тајни на обвинет во случајот „Адитив”, е доказ  дека т.н. „борба против корупцијата“ со ДПМНЕ и СДС на моќ е ништо друго туку мизерен театар за јавноста, вели Левица во своето соопштение. „Жената која требаше да […]

Притвор, куќен притвор и мерки за претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија


Основниот кривичен суд Скопје определи мерки притвор, куќен притвор и мерки за претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија, соопштија денеска од Кривичен. По вчерашното постапување на судии на претходна постапка по предлогот на јавниот обвинител, на девет лица им е определена мерка притвор во траење од 30 дена, […]

Кавадарчанец со 1,99 промили алкохол во крвта возел и направил сообраќајка


Вчера, во 21.20 часот на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски слчужбеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ж.Л.(53) од Кавадарци. Со возилото „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, на улицата предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски […]

Кристијано Роналдо потпиша нов договор и ќе биде платен во злато!


Кристијано Роналдо (40) е на еден чекор од потпишување нов договор со Ал Наср, а некои информации за зделката веќе протекоа во јавноста. Португалската суперѕвезда пристигна во Саудиска Арабија на почетокот на 2023 година, а оттогаш постигна 96 гола на 105 натпревари за саудискиот гигант. Кристијано Роналдо (40) има договор со Ал Наср до летото […]

Научници од шест држави добија пристап до месечевите примероци собрани од кинеската мисија „Чанг-е 5“


 Кинеската национална вселенска администрација (КНСА) соопшти дека научници од Франција, Германија, Јапонија, Пакистан, Обединетото Кралство и САД добиле дозвола за користење на месечевите примероци собрани од мисијата „Чанг-е 5“ за научни истражувања. Така, седум институции од тие шест земји добиле дозвола да ги позајмуваат примероците. КНСА го соопшти тоа на свеченоста во Шангај по повод […]