Во Прилеп амбулантно возило ќе работи како мобилна клиника за ромската заедница


Прилепската болница доби донација амбулантно возило за давање здравствени услуги за потребите на ромската заедница во градот. Возилото е донација од невладините „Целим“ од Милано, Ромскиот ресурсен центар од Скопје и „Рома Перспектив“ од Прилеп, а финансирано од Европската Унија. Донацијата на возилото е една од активностите во рамки на проектот за обезбедување подобри услови […]

Втора шанса за далноводот со Албанија: Објавен нов меѓународен тендер за изградба на 400-киловoлтната конекција


 АД МЕПСО денеска објави меѓународен тендер за изградба на 400-киловoлтната конекција со Албанија, проект за комплетирање на регионалниот енергетски коридор Исток-Запад од клучно значење за регионалната интеграција и за енергетската стабилност на државата. Новиот тендер е објавен откако претходниот изведувач преку неоправдани барања за дополнителни средства и еднострано напуштање на теренот го загрози проектот и […]

Македонија ја победи Бугарија, а триумфираше хуманоста


Горан Пандев ја предводеше селекцијата на фудбалски ветерани на Македонија на вчерашниот хуманитарен меч против Бугарија во Варна, од кој сите приходи се наменети за семејствата на жртвите од големата трагедија во Кочани. Пандев во мечот јавно им се заблагодари на бугарските ветерани и на федерацијата на нашиот источен сосед за покажаната солидарност и иницијативата […]

Делегација на Достоинство, предводена од Ангелов, положи цвеќе во спомен на загинатите бранители во Вејце


Делегација на Достоинство, на местото на кое на денешен ден во 2001 година беа убиени и масакрирани осуммина македонски бранители, положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на нашите загинати браќа по оружје, објави на Фејсбук, Стојанче Ангелов, кој е и директор на Центарот за управување со кризи. -Утрово, делегација […]

Во белешките на УБК стои дека Палевски планирал атентат на Заев? Во Хрватска условно е осуден


Љупчо Палевски, првообвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, денеска во судот обвини за политички прогон. Тој одговараше на прашања од обвинителките. Обвинителките се повикаа на податоците од казнената евиденција на Палевски и рекоа дека тој бил осудуван повеќе пати во текот на изминатите 20 години. – Осуден сте со правосилна пресуда […]

Казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома во Словенија


Во Словенија стапи во сила забраната за сите ароми, освен тутунските, кај електронските цигари и нивните дополнувања. Здравствениот инспекторат и Управата за јавни приходи ќе вршат засилени контроли, а казни им се закануваат и на поединци кои ќе продаваат, бесплатно ќе нудат или онлајн ќе купуваат забранети производи, пренесува 24ur.com. Според минатогодишните измени на Законот […]

Инженери бараат да се гради „Козјак Запад“ место „Чебрен“


  Инженери на Македонија, чекајќи ги  резултатите што ги има изготвено или ќе ги изготви работната група за енергетика формирана од Министерството за енергетика, упати апел на некој од наредните состаноци групата да ги разгледа и спореди предностите и недостатоците на две големи енергетски решенија – изградба на реверзибилна хидроелектрана „Козјак Запад“ и изградба на […]

Истражувањата ставаат крај на приказните за свинската маст: го добивме дефинитивниот одговор дали е добра или не


Во најновото рангирање, свинската маст е ставена над грашокот, црвената зелка и слаткиот компир. Изненадувачки? Нутриционистите со години предупредуваат на животински масти, но најновото рангирање на „100-те најдобри производи во светот“ ги потресе популарните верувања. Свинската маст го зазеде осмото место со 73 поени од можни 100, пред грашокот, црвената зелка и слаткиот компир. Според […]

Најниски во регионот: Македонија годинава со раст од 2,6 отсто, предвидува Светска банка


  Растот во Северна Македонија во 2025 година се очекува да достигне 2,6 проценти, најниско во однос на растот на БДП во другите земји од Западен Балкан, покажува Редовниот економски извештај за Западен Балкан објавен денес од страна на Светска Банка.  Изгледите за раст на БДП во Македонија во наредните две години се слични, 2,7 […]

Анчелоти ќе стане најплатениот селектор на репрезентацијата доколку го преземе Бразил


 Карло Анчелоти би можел да стане најплатениот селектор на репрезентацијата на Бразил. Претходно се дозна дека тренерот на Реал Мадрид решил да го напушти клубот и од јуни ќе ја води бразилската фудбалска репрезентација. Според новинарот Цезар Луис Мерло, Бразилската фудбалска федерација (ЦБФ) веќе доставила официјална понуда за плата до Италијанецот. Ако Анчелоти го прифати […]

Карчева, Ѓоргиева и шампањско за блескав крај на 30. Моден викенд Скопје


Последната вечер на Моден викенд Скопје, синоќа, во Diamond Residence Carat West Office,  беше прослава на раскошниот и тивкиот луксуз, елеганцијата и на студентскиот талент. Со убава публика и со креации кои го запираат здивот, изборот на колекциите на AlAparel на Наташа Карчева и на Олгица Ѓоргиева, беа шлаг на модната торта која три дена, […]

Превртен автомобил по сообраќајка во скопски Аеродром


Сообраќајна несреќа утрово се случила на крстосницата меѓу булеварите „Видое Смилевски Бато“ и „Србија“ во Општина Аеродром. Според фотографиите и видеата направени од оваа крстосница, може да се види дека во сообраќајката учествувале две возила, од кои едното марка „опел“ е превртено на страната каде што е возачкото место. Веднаш по несреќата, во дел од […]

Левица: Власта не презема ништо да не се повтори трагедијата од Кочани


Левица реагира на тоа што повеќе од месец дена од ужасната трагедија во Кочани, се уште нема  никакви системски реформи од страна на владата на премиерот Христијан Мицкоски, иако тоа  помпезно го најавувал. -Освен измени на законските одредби за употреба на пиротехника во затворен простор, безидејната влада нема иницирано никакви законски измени за отстранување на […]

Слушателите на радио-станица шокирани: По шест месеци открија дека нивната омилена водителка воопшто не постои


Таа имаше своја емисија која траеше четири часа на ден, секој работен ден. Кон крајот на минатата година, една полска радио-станица отпушти вработени бидејќи пронашла, како што мислеле во тоа време, интересна и поприфатлива замена – вештачка интелигенција. Но, се покажува дека работите не се толку едноставни бидејќи луѓето не се заинтересирани за тоа што […]

Вашингтон: Военото присуство на Пјонгјанг во Русија мора да се запре


Американскиот Стејт департмент изјави дека е загрижен за директното вклучување на Северна Кореја во војната на Русија против Украина и нагласи дека распоредувањето на воено присуство на Пјонгјанг мора да биде запрено, објави „Гардијан“. „Продолжуваме да бидеме загрижени за директното вклучување на (Северна Кореја) во војната. Распоредувањето на (Северна Кореја) во Русија и каква било […]

Двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин


 По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин. -Во текот на истрагата се обезбедени докази кои потврдуваат дека на 01.11.2024 година во Арачиново двајцата браќа на возраст од 23 и 31 година со умисла […]

Џо Кокер и Синди Лопер влегоа во Рокенрол-куќата на славните


Лос Анџелес – Новите лица на Рокенрол-куќата на славните за 2025 година се објавени. Вчера, за време на „Американскиот идол“, Рајан Сикрест објави дека тројца поединци и четири групи, „пионери во рок-музиката – икони и легенди што го развиваат овој жанр“, ќе ја добијат таа чест годинава. Одбраните за оваа година се: Чаби Чекер, покојниот Џо Кокер, […]

Во првиот квартал наплатени 247 милиони денари за експлоатација на минерални суровини, двојно повеќе од лани


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) денеска објави дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во првиот квартал од 2025 година достигнала 247.491.155 денари. Ова, како што наведуваат, претставува повеќе од двојно зголемување во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 110.576.324 денари. Додаваат дека овој значаен раст […]

Хашкиот суд денес расправа за израелската блокада на хуманитарната помош во Газа


Во Меѓународниот суд на правдата во Хаг денеска започнуваат сослушувања за хуманитарните обврски на Израел кон Палестинците, повеќе од 50 дена откако израелската армија воведе целосна блокада на Појасот Газа, со која се забранува влез на хуманитарна помош. Израел ги контролира сите приливи на меѓународна помош што се од витално значење за 2,4 милиони луѓе, […]

Утре протест во Скопје на родителите на настраданите во Кочани


Утре во Скопје ќе се одржи протестен „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани. Маршот ќе почне пред Oбвинителството во Скопје во 12 часот и 5 минути, како симболика за задоцнетата реакција на институциите, ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието. -Ние […]