Меѓународен фестивал за кларинети „Кларифест – Скопје 2025″


 Здружението за култура и уметност „Артистико“ – Скопје од денеска до 6 април го организира 7. Меѓународен фестивал за кларинети „Кларифест – Скопје 2025″. Фестивалот ќе биде отворен вечер во 18 часот во КИЦ-Скопје (Салон 19.19) со концерт на ученици и студенти од музичките училишта и факултети во државава. Организаторот соопшти дека фестивалот ќе се […]

Главниот инспектор на Пентагон го испитува користењето на „Сигнал“ за воени цели


Канцеларијата на главниот инспектор на Пентагонот денеска објави дека започнува истрага за користењето на јавната и некласифицирана апликација за пораки „Сигнал“ од страна на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за координација на воздушните напади против јеменските бунтовници Хути кои започнаа на 15 март. „Целта на оваа проверка е да се утврди до кој степен […]

Најмалку две лица загинаа, а 32 се повредени во напад со руски дрон во Харков


 Руски дронови синоќа го нападнаа вториот по големина град во Украина, Харков, погодувајќи станбени згради и подметнувајќи пожари во кои загинаа најмалку две лица, а 32 беа повредени, соопштија локалните власти. Регионалниот гувернер Олег Синегубов изјави дека меѓу ранетите има и две деца. Тој рече дека се зафатени неколку високи станбени згради, при што избувнал […]

Потоп на берзите по царините на Трамп: На Волстрит избришани 2.400 милијарди долари


Сите најголеми светски берзи паднаа драстично, а само Волстрит збриша околу 2,4 билиони (2.400 милијарди) долари од пазарната вредност на компаниите од индексот S&P 500, бидејќи Вашингтон најави воведување драстични царини. Откако во средата вечерта американскиот претседател Доналд Трамп објави царини од 10 отсто на целиот увоз, а на увозот од земјите со кои САД […]

Трамп го советувале да не разговара со Путин додека не се согласи на целосен прекин на огнот во Украина


Луѓе блиски до американскиот претседател Доналд Трамп го советувале да не му се јавува на Владимир Путин додека рускиот претседател не се обврзе на целосен прекин на огнот во Украина, објави Ен-Би-Си Њуз, цитирајќи претставници на администрацијата. Во извештајот се додава дека официјален претставник предупредил дека Трамп може одеднаш да одлучи дека сака да разговара […]

Операта „Тоска“ вечер на сцената на Националната опера и балет


На сцената на Националната опера и балет вечер ќе биде изведена оперската претстава „Тоска“ од Џакомо Пучини. Режисер е Огњан Драганов од Бугарија, а диригент Марио Меникаљи од Италија.  -Станува збор за музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките […]

Израел повторно нападна цели во близина на Дамаск, Турција остро реагира


Израелските воздухопловни сили синоќа извршија два воздушни напада врз воени објекти во близина на сирискиот главен град Дамаск, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права. „Израелски авиони гаѓаа воени позиции и пунктови на периферијата на Дамаск“, соопшти Центарот, додавајќи дека засега нема информации за евентуални жртви. Овие напади уследија помалку од 24 часа по […]

Изложба „Странски сликари во Македонија во периодот 1850 – 1950“


 Во Музејот на град Скопје вечер ќе биде отворена изложба на дела од странски сликари кои ја посетиле Македонија и твореле на теми поврзани со нашата држава, во периодот од 1850 до 1950 година. Како што најавија од Музејот, станува збор за дела на уметници од Гарманија, Франција, Италија, Србија, Југославија, Полска, Чехословачка, Унгарија, Австрија, […]

Приведен возачот кој со мопед удрил дете и избегал


Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера е пронајден и приведен возачот кој во средата со мопед удрил дете на улица во општина Бутел и  потоа избегал и дека ќе му биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Настанот се случил  на 2 април во 14.05 часот на крстосница од ул.„Ферид Бајрам” и ул.„Алпи” во […]

Разговор со Владимир Јанковски во Градската библиотека во Скопје


Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечер ќе се одржи разговор со писателот и преведувач Владимир Јанковски, чиј роман „Ехото на акробатите“ е книга за месец април во сите библиотеки од мрежата на ГБСК. Разговорот со Јанковски, книгата на месецот и клубот на читатели се дел од кампањата „Читаме современи македонски автори“ на Градската […]

Сиљановска-Давкова во Софија на „Акаба Процес Балкан“, предвидена средба со Румен Радев


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе учествува на состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија. Како што јави известувачот на МИА од Софија, посетата се реализира на покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори. Македонската претседателка ќе говори на првата […]

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, сведочи Кешишев


Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев. На денешното рочиште е предвидено прашања да му поставува обвинетиот Љупчо Палевски и неговиот бранител. На изминатото рочиште Кешишев изјави дека Панче и Вања прв пат ги видел по објавите на Фејсбук за нивното исчезнување. Тој сведочеше за нивните грабнувања при што […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови каде ќе наврнат над 15 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. И во Скопје […]

Сиљановска-Давкова ги посети повредените од пожарот во Кочани кои се лекуваат во Софија


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ги посети повредените од пожарот во Кочани, кои се лекуваат во болницата „Пирогов“. За време на посетата, претседателката оствари средба со министерот за здравство, проф. д-р Силви Кирилов, заменик-директорот на болницата, проф. д-р Николај Габровски и раководителката на Одделот за изгореници и пластична хирургија, доц. д-р Маја Аргирова. Во […]

„Фолксваген“ привремено запира со испораките на автомобили од Мексико и Европа во САД


Концернот „Фолксваген“ (Volkswagen) воведе привремено запирање на железничките испораки на автомобили од Мексико и Европа во САД, а поради новововедените увозни давачки на администрацијата на Доналд Трамп, објави денеска Automotive News повикувајќи сè на службена белешка на компанијата до авто-дилерите. Трамп вчера објави опширни мерки за увоз на стоки во САД. Воведени се основни тарифи […]

Мицкоски: Царините што ни ги воведе САД се очекувани, ќе се обидеме да потпишеме договор за слободна трговија


Царините од 33 отсто што ни ги воведе САД се очекувани. Тоа беше јасно веднаш после инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп и тој тоа го кажа. Ни една земја во Европа не беше подготвена за тоа и никој не се подготвува претходно. Кога е проблемот тука се седнува на маса и се разговара, порача вечерва […]

Седуммина загинати, меѓу кои и три деца во несреќа со бегалци и мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос


Три деца, три жени и еден маж загинаа во близина на грчкиот остров Лезбос кога петметарскиот гумен чамец на кој, според преживеаните се пренесувало 31 лице, почнал да се полни со вода, а Крајбрежната служба на Грција спаси 23 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба попладнево соопштија дека во раните утрински […]

Мицкоски: Ја научивме лекцијата, за клучните прашања мора да има единство


Премиерот Христијан Мицкоски во интервју вечерва изјави дека на средбата со лидерот на СДСМ ,Венко Филипче, разговарале  за градење на национален консензус за клучните прашања. -Ние можеме да се критикуваме за области за кои треба да има простор за критика, но кога станува збор за клучните правци, мора да изградиме култура која ќе значи единство […]

Треска и Црна Река ќе надојдат, како и реките во западниот дел од земјава


Предупредување за можен зголемен водостој на реките особено во западниот дел на земјава, попладнево испратија од Центарот за управување со кризи. Од таму велат дека денеска водостоите на реките низ земјава се во опаѓање. Водостојот на река Вардар исто така бележи намалување по целото течение на реката и тоа се очекува да продолжи до крајот […]

Владата на Жељазков го преживеа денешното гласање доверба во бугарскиот Парламент


Софија – Бугарската влада на чело со Росен Жељазков го преживеа денешното гласање доверба, иницирано во врска со нејзиното водење на надворешната политика, јавуваат бугарските медиуми. Барањето за гласање недоверба, иницирано од партијата „Преродба“, а поддржано од членовите на „Величина“ и „Морал, единство, чест“ (МЕЧ), не успеа да го обезбеди потребното мнозинство, пренесува Новините. За […]