Вучиќ со маица со посебен натпис: „Им се восхитувам на овие млади луѓе, ќе влезат во историјата“


Србија го слави Денот на студентите. На прославата на свој начин се приклучи и српскиот претседател Александар Вучиќ. Студентите во блокадата на Денот на студентите од Белград, 4 април, ќе го слават во Белград на улиците. Тие ќе се соберат на Студентскиот плоштад во 14 часот и од тоа место ќе започнат  протестната прошетка. Исто […]

Голем одрон на патот Струмица-Валандово, сообраќајот се одвива отежнато и забавено


 Утрово одрон од камења и земја се урна на патниот правец Струмица-Валандово, кај селото Костурино, најверојатно предизвикан од дождовите, а сообраќајот се одвива само по една коловозна лента. Веста ја објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на неговиот фејсбук профил од каде повика граѓаните да бидат претпазливи и внимателни. Ги повика и надлежните институции веднаш […]

Граѓани во Дебар Маало принудија пајак служба да крене незаконски паркирано возило на полицаец


Граѓани издејствуваа пајак службата да земе возило неправилно паркирано пред ресторан во скопско „Дебар Маало“. По повеќеминутна расправија со вработените во пајак службата, кои првично не сакаа да го „кренат“ возилото со објаснување дека се работи за службено возило и дека сопственикот бил полицаец на должност, мораа да интервенираат.Тоа што ги изиритира граѓаните беше фактот […]

Конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2025


Месната заедница Галичник објави Конкурс за избор на зет и невеста на годинашната Галичка свадба, која ќе се одржи традиционално на празничниот петровденски викенд, од 11 до 13 јули во Галичник.  – И оваа година доследни на традицијата, ќе ги спасиме од заборав нашите вековни обичаи и со свадбени поворки, песна и ора ќе направиме […]

Пренџов тврди: Решени сме да ги сотреме криминалот и корупцијата


Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, кој во емисијата „24 Анализа“ дебатираше за а тоа како се води истрагата за пожарот во Кочани, тврдеше дека институциите успешно ја вршат работата уште од самиот почеток, а сето тоа јавноста го гледа, со оглед на целосната вклученост и напорите коишто ги прави МВР и министерот Панче […]

Трајчулески за обезбедувачот на премиерот: Ако издавал државна тајна за 50.000 евра, што би направил за 500.000?


Зборуваме за безбедносен систем во кој најблиското обезбедување на премиерот Мицкоски е документирано кај што оддава државни тајни за пари. Ако тој оддал државна тајна за 50.000 евра, што бил спремен да направи за 500.000 евра, рече пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во емисијата 24 Анализа, на телевизија 24. Трајчулески нагласи дека безбедносниот систем е […]

Почина управителот на дискотеката „Пулс“ Александар Карадакоски


По неколкунеделно лекување почина Александар Карадакоски, управител на „ММММ Кафе дооел“, која што управувала и со дискотеката „Пулс“ во која животот го загубија 59 лица откако изби пожар по употреба на пиротехнички прскалки. Карадакоски на лекување беше испратен во Литванија, каде што и почина. Жителите на Кочани сведочеа дека тој освен што бил заведен како […]

Студенти: Поевтино е да летаме до Италија, отколку да патуваме до Струмица


Студентите од градовите Македонска Каменица, Делчево Демир Хисар и Крушево воопшто немаат пристап до меѓуградскиот превоз со кој ќе можат да патуваат дома и да се вратат во градот кадешто студираат, без да пронајдат алтернативно решени за превоз, покажа анализата на Комисијата за студенстки стандард, на Универзитетското собрание при УКИМ. Студентите се соочуваат со проблеми […]

Македонска Каменица, Делчево, Демир Хисар и Крушево немаат меѓуградски превоз


Повеќе градови во Македонија немаат никаков меѓуградски превоз, а уште поголема е бројката на оние кои имаат еден автобус до главниот град дневно, а за соседните градови, немаат ниту автобуси, ниту пак такси-превоз, затоа што не им се исплаќа да возат куси дестинации.  – Меѓуградски превоз во моментот нема Македонска Каменица, Делчево, Демир Хисар и […]

(Видео) Патот Битола-Прилеп потопен од излеани неисчистени канали, возачите револтирани


БИТОЛА – Под вода е патот Битола-Прилеп на потегот од Тополчани до таблата за село Витолише, реагираат граѓани на Битола кои утрово патуваат за Скопје. Според Мерита Исмаили, советник во Општина Битола, патот е под вода и тоа на некои позиции повеќе од половина метар а на некои места има вода и до еден метар […]

Сиљановска-Давкова во „Пирогов“: Роднините на кочанските пациенти задоволни од третманот


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, со чувство на длабока и искрена грижа, најпрво ја посети болницата „Пирогов“ во Софија каде што се згрижени и се лекуваат македонските граѓани повредени во трагичниот пожар во Кочани. За време на посетата, претседателката оствари средба со министерот за здравство, проф. д-р Силви Кирилов, заменик-директорот на болницата, проф. д-р Николај Габровски и […]

Експерти: Царините на Трамп нема да ја решат борбата на американските производители на автомобили во ЕУ


Американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови царини за увоз на европски автомобили, тврдејќи дека ЕУ ги блокира американските марки од нивниот пазар, но експертите од индустријата велат дека вистинскиот проблем се самите автомобили. Трамп воведе царина од 25 отсто за увезените автомобили, тврдејќи дека додека САД увезуваат милиони европски возила, извозот на американски автомобили во […]

Трамп: Пазарните потреси поради царините беа неопходни


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека падот на финансиските пазари поради воведените царини бил очекуван и дека оваа мерка е неопходна за зајакнување на економијата на САД, која ја нарече „болен пациент“. Тој истакна дека е подготвен за преговори ако другите земји понудат „нешто феноменално“. Говорејќи пред новинарите на „Ер Форс Уан“, Трамп откри дека […]

Најмногу дожд во Прилеп 27 литри на квадрат, ќе врне и денеска


 Најмногу дожд во изминатото денноноќи наврна во Прилеп 27 литри на метар квадратен, во Маврово 15, Струмица 14, Берово 12, а пет литри во Скопје, соопшти УХМР. Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 15 л/м2). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната […]

Истражување: Над половина од Германците се за враќање на нуклеарната енергија


Повеќе од половина од Германците се за враќање на нуклеарната енергија и го поддржуваат повторното активирање на затворените централи во земјата, според истражувањето објавено денеска, јави ДПА. Германија ја прекина нуклеарната енергија во април 2023 година, кога последните три централи беа трајно затворени. Онлајн анкетата, нарачана од порталот за споредба Verivox и спроведена од институтот […]

Трамп го најави заминувањето на Маск: Може да остане „колку што сака“


Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа повторно го поддржа својот советник, милијардерот Илон Маск, поради критиките за неговиот план за намалување на федералната влада, велејќи дека може да остане „колку што сака“, но на крајот ќе се врати на своите бизниси. „Илон е фантастичен“, им рече Трамп на новинарите во Ер Форс 1 додека леташе […]

Шефицата на ММФ Кристалина Георгиева порачува: Американските царини се сериозен ризик за глобалната економија


Широкоопфатните царини што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп претставуваат значителен ризик за светската економија, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. – Сѐ уште ја проценуваме макроекономската импликација на овие мерки, но тие очигледно претставуваат сериозна закана за глобалните економски перспективи во време кога растот е слаб, изјави Георгиева. Таа додаде дека […]

Зошто економистите се згрозени од математиката на тарифите на Трамп


Кога претседателот Доналд Трамп првично ги објави своите нови царини во февруари, тој ги предложи како „фер и реципрочен план за трговија“. И така се претпостави дека овие реципрочни царини, како што се познати, ќе бидат еднакви по вредност на даноците што странските земји ги поставиле против американските производи. Всушност, тарифите објавени на 2 април, […]

Русија ја плаќа војната со страшни загуби: Еве колку животи однесе крвавата инвазија


Русија претрпе околу 900.000 жртви од почетокот на инвазијата на Украина пред повеќе од три години, изјави во четвртокот висок претставник на НАТО. Според НАТО, во конфликтот што избувна на 24 февруари 2022 година загинаа до 250.000 војници. Украина се брани од руската инвазија со широка поддршка на нејзините западни сојузници. Откако силите на Киев […]