Четворица републикански сенатори против Трамп. Сакаат да му ги намалат овластувањата за царина


Четири претставници на републиканците во американскиот Сенат вчера, на вториот ден од падот на берзите, изразија поддршка за нацрт-законот според кој воведувањето нови царини треба да го одобри Конгресот. Во Сенатот моментално има 53 републиканци, 45 демократи и двајца независни сенатори. Републиканските сенатори Лиза Мурковски од Алјаска, Мич Меконел од Кентаки, Џери Моран од Канзас […]

Рубио планира посета на Западен Балкан


Американскиот државен секретар Марко Рубио планира посета на држави од Западен Балкан, јавија црногорските медиуми пренесувајќи соопштение од средба на министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ кој вчера имал средба со Рубио во Брисел. Средбата била во првиот ден од министерскиот состанок на НАТО. За време на „кратката, значајна средба“, двајцата размениле мислења за актуелните […]

Денвер загуби од Голден Стејт, Јокиќ постигна дабл-дабл


Голден Стејт вориорс ноќеска го победи Денвер нагетс на свој терен со 118:104 во натпревар од во регуларниот дел на НБА-лигата. За гостите од Колорадо ова беше трет пораз во низа. Ниту дабл-дабл ефектот на Никола Јокиќ кој постигна 33 поени и 12 скока не му помогна на Денвер да го избегне поразот. На Србинот […]

Стапија на сила основните царини од десет осто наметнати од Трамп


 Голем дел од стоките увезени во САД од остатокот од светот почнаа да се оданочуваат со дополнителна царина од 10 отсто, создавајќи невидена ситуација во светската трговија, чие влијание допрва ќе се чувствува во наредните денови, јавија американските медиуми. Оваа универзална минимална стапка од 10 проценти, од која одредени производи се ослободени, американската царина ќе […]

Денеска сончеви периоди, утре студено, со снег на планините


Од УХМР информираат дека денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во Скопје, променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од недела нè очекува пад на температурите и врнежи од снег […]

Дисциплинска постапка за двајца полициски службеници кои лажно тврделе дека возилото “порше” е службено


Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР извршени се проверки по објавена видео снимка на социјалната мрежа фејсбук на 04.04.2025. На видеото се гледа како група граѓани бараат од полициски службеник, кој постапува со специјално возило „пајак“, да го подигне возилото „порше каен“ со скопски регистарски ознаки, поради […]

Мечка спасена од стапица во Ресенско (видео)


По пријава 112 во ЦУК, дека во ресенско има заробена мечка  во стапица, преку  координирана акција на надлежните служби во Ресенско, таа е ослободена. Регионалниот ЦУК Битола, известува дека преку Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за заробено диво животно како последица од поставена криволовна замка во атарот на помеѓу […]

Колку царините на Трамп може да го поскапат ајфонот


Ајфонот на Епл (Apple) наскоро би можел да стане значително поскап. Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи царини, што може драстично да ја промени глобалната трговија, а според аналитичарите, најпогодени би можеле да бидат производите за широка потрошувачка како ајфон (iPhone). Доколку Епл ги пренесе трошоците на клиентите, цените би можеле да се зголемат за […]

Јаболко за силен имунитет


Слободно може да се каже дека секое јаболко е микс од супстанции кои делуваат благотворно и на здравјето и на вашиот изглед. Без разлика дали ќе изберете зелено, црвено или жолто јаболко, телото ќе ви биде благодарно за секој залак што ќе го изедете. Јаболката се извонредно овошје богато со витамин Ц, витамини од групата […]

Трамп го продолжи рокот за продажба на ТикТок за уште 75 дена


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека го продолжува рокот за продажба на социјалната мрежа ТикТок за дополнителни 75 дена, бидејќи „трансакцијата бара повеќе работа“ иако смета дека е постигнат „голем напредок“ на овој план. Веќе на крајот на јануари, американскиот претседател го одложи за прв пат, за 75 дена, стапувањето во сила на законот […]

Вредноста на извозот на стоки од јануари и февруари зголемен за 1,6 отсто во однос на лани


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 75 650.4 милиони денари и бележи пораст од 1.6 проценти во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува […]

Трамп го покажа златниот билет: Оние кои го имаат ќе останат трајно во САД (Видео)


Американскиот претседател Доналд Трамп на јавноста и покажа нова „златна карта“ вредна пет милиони долари со сопствен лик, која ќе им овозможи на побогатите мигранти да добијат зелена карта, односно постојан престој во Соединетите Американски Држави. „За пет милиони долари ова може да биде ваше“, им рече Трамп на новинарите во Ер Форс 1. 🚨Update: […]

Мирен марш во Кочани: „Правда за хероите“ – утре „Марш за анѓелите“


Неколку стотици кочанчани попладнево, како и изминатите денови, одржаа мирен протестен марш, барајќи правда за обезбедувачите од дискотеката „Пулс“ кои се осомничени за трагичниот пожар во кој загинаа 60 млади луѓе. Поворката, во која беа и роднини на дел од загинатите и повредените, во тишина помина низ градските улици. Организаторите бараат да се преиспита наводната […]

Нова студија: Мистериозен вид живеел во Сахара, која некогаш била зелена површина


Пустината Сахара, која зафаќа област споредлива со најголемите земји на светот, била голема, зелена површина богата со вегетација и вода пред помеѓу 14.500 и 5.000 години, а најновата ДНК анализа на останките на две жени кои живееле во областа покажува дека била дом на мистериозен вид на жители изолирани од надворешниот свет. Истражувачите ги анализирале […]

Шевченко ја обвини УЕФА дека не сака да има Украинец во раководството на организацијата


 Претседателот на Украинскиот фудбалски сојуз, Андриј Шевченко, кој не влезе во новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на европски фудбалски сојузи (УЕФА), ја обвини организацијата дека не сака да има претставник од земјата во раководството. Коментарите на Шевченко ги пренесе прес-службеникот на федерацијата. Конгресот на УЕФА се одржа на 3 април во Белград. Во […]

Џеј Пи Морган: Ризикот од глобална рецесија се зголеми на 60 проценти


Инвестициската банка Џеј Пи Морган пред денешното отворање на американските берзи соопшти дека сега проценува 60 отсто ризик глобалната економија да влезе во рецесија до крајот на годината. Ова е значително зголемување во однос на претходната проценка од 40 отсто, која банката ја презентираше на 12 март. – Дестабилизирачките политики на САД со месеци се […]

Влијанието на царините „веројатно е значително поголемо од очекуваното“, вели претседателот на ФЕД


Новите царини на американскиот претседател Доналд Трамп веројатно ќе доведат до повисока инфлација и побавен раст, а Федералните резерви на САД ќе се фокусираат на привремено задржување на зголемувањето на цените, изјави денеска претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел. Пауел рече дека царините и нивното веројатно влијание врз економијата и инфлацијата се „значително […]

САД го прекинаа емитувањето на „Радио Слободна Европа“ во Русија, Украина, централна Азија и Источна Европа


САД го прекинале договорот за сателитски услуги за емитување на „Радио Слободна Европа/Радио Слобода“ (РСЕ/РС)) на територијата на Русија и околниот регион, изјави синоќа Стивен Капус, извршен директор на медиумот. Блокадата е дел од наредбата на претседателот Доналд Трамп за затворање на Агенцијата за глобални медиуми на САД (УСАГМ), која го финансираше РСЕ. -Денеска дојдовме […]

Додик: Германската министерка Лерман денеска кришум дојде во Република Српска, прогласена е за персона нон грата


Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска соопшти дека, како и секој несакан посетител, и германската министерка Ана Лерман кришум дошла во Бања Лука за да се сретне со своите пулени. „На што спадна некогаш моќната Германија. Очекувам  полицијата на Република Српска са ја испрати засекогаш од Република Српска“, напиша Додик на платформата Х. Владата […]

СДК: Непрописно паркираното „порше“ на Боемска било на Керим, в кафеана бил со сопругот на претседателката


Автомобилот „порше“, кој на 22 март беше непрописно паркиран на велосипедска патека во скопско Дебар Маало, бил возен од поранешниот министер за надворешни работи Срѓан Керим. Откако видеото во кое се гледа дека пајак службата и полицијата не сакаат да го кренат возилото беше објавено на социјалните мрежи и предизвика низа реакции во јавноста, граѓани […]