Без алатка за компаративна споредба на цените на производите потрошувачите се „изгубени“


Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) предлага да се направи алатка за компаративна споредба на цените на производите што како обврска, согласно измените на Законот за заштита на потрошувачи, трговците се должни да ги објавуваат на своите веб-страници. Од Министерството за економија и труд, пак, велат дека е потребно да помине еден месец од имплементацијата […]

Викендот сончево и топло, следната седмица повремен дожд и појава на грмежи


Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Минималната температура во текот на утрешниот ден ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 15 до 27 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во четврток попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд […]

Иванка забележана во Белата куќа за прв пат по инаугурацијата на Трамп


Иванка Трамп за прв пат се појави во понеделник во Белата куќа откако нејзиниот татко положи заклетва на функцијата. Таа беше таму за да ја прослави победата на Филаделфија Иглс на Супербоул во 2025 година. Најстарата ќерка на претседателот Доналд Трамп беше забележана како шета низ Градината со ружи со две од нејзините три деца, […]

Со камери и дронови ќе се снима кој фрла отпад во реката Лепенец


Заминик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес присуствуваше на настанот на кој се презентираа постигнатите резултати и официјално се изврши предавање на проектна опрема на општина Ѓорче Петров во рамки на прекуграничниот проект „Паметен систем за рано откривање на поплави и следење на отпадот во сливот на реката Лепенец“. Проектот е финансиран […]

Сиљановска предлага автентичното толкување да се тргне од Собранието


  Како дел од реформата на Уставниот суд би било добро автентичното толкување да се се тргне од надлежностите на Собранието, затоа што тоа е наследство од комунизмот. Ова беше едно од залагањата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која се обрати во понеделникот на тркалезната маса насловена како: „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“, […]

„Амазон“ ги поставува првите 27 интернет-сателити во Вселената


Американската технолошка компанија „Амазон“ ја лансираше својата прва серија интернет-сателити во Вселената, со што почна со своите напори за изградба на мрежа – конкурентска на „Старлинк“ на Илон Маск и „Спејс-Икс“. Новите сателити се дел од проектот „Кајпер“, а целта на „Амазон“ е да се распоредат околу 3.200 сателити следните неколку години, заради интернет-покриеност насекаде […]

Најважно е да бидеме искрени на сцената: Роксана Стојанов, добитничка на „Менада“ за 2025


За балетската уметност потребна е храброст и трпение. Патот до успехот е долг и тежок. Постојат денови кога сме уморни или повредени. Токму затоа, потребно е да имаш љубов кон оваа професија и да ја работиш секојдневно. Најважна е желбата за напредување и да бидеме искрени на сцената, вели во интервју за МИА Роксан Стојанов, […]

Номагас и ДЕСФА во Атина потпишаа Меморандум за соработката


Извршните директори на НОМАГАС Мухамед Елмази и на грчкиот оператор за пренос на природен гас ДЕСФА Мариа Рита Гали на маргините на деветтиот Балкански Енергетски Самит во Атина претпладнево потпишаа Меморандум за разбирање, со кој ја продлабочуваат соработката насочена кон зајакнување на регионалната енергетска поврзаност и сигурноста на снабдување со енергија, јави дописничката на МИА […]

Трето издание на „Тони“, романот на Бужаровска ќе се чита на седум европски јазици


Непросредно пред 37. издание на Саемот на книга, првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“, доби свое трето издание откако за само четири месеци беа распродадени над 2 000 примероци, соопштуваат од Издавачки центар ТРИ. Оттаму дополнуваат дека домашните читатели ќе имаат можност да се сретнат со Бужаровска и да добијат потпис на својот примерок […]

Зошто Рокенрол куќата на славните не ја прима Мараја Кери?


Кога Мараја Кери ја доби својата втора номинација за Рокенрол куќата на славните претходно оваа година, претседателот на фондацијата на институцијата, Џон Сајкс, издаде соопштение во кое ја прославува најновата група номинирани. „Овие извонредни номинирани создадоа свој музички стил и став што влијаеше на генерации љубители на музиката“, напиша тој. Кери се појави на годинешното […]

Македонија е тажна приказна, вели Марта Кос


  Северна Македонија е „тажна приказна“ со оглед на тоа колку долго таа земја чека на процесот на преговори…Црна Гора останува најверојатниот кандидат од регионот на Западен Балкан што може да стане нова членка на Европската унија за време на мандатот на сегашната Европска комисија, по што следува Албанија, изјави комесарката за проширување Марта Кос. […]

Амнести Интернешнл: Трамп е решен да употреби „моторна пила“ против остатоците од човекови права


Амнести Интернешнл во извештајот на човековите права во2024/2025 година го истакнува ширењето на авторитарните практики и злобните репресии врз неистомислениците низ целиот свет. Според оценката, првите 100 дена од мандатот на претседателот Трамп ги интензивираат глобалните регресии и длабоко вкоренетите трендови во 2024 година. Глобалните неуспеси во справувањето со нееднаквостите, климатскиот колапс и технолошките трансформации […]

Големиот пораз на Доналд Трамп во Канада


  Марк Карни ја предводеше Либералната партија на Канада до победа во понеделникот по поларизираните и историски избори доминирани од царинската и трговската политика на претседателот Доналд Трамп. Политичарот почетник го донесе четвртиот мандат по ред на либералите во владата, редок подвиг во канадската политика – додека ја запре Конзервативната партија предводена од Пјер Поилиевре. […]

Кос: Она што демонстрантите го бараат од српската влада е истото што Европската комисија го бара од Србија


Белград – За време на дводневната посета на Србија, европската комесарка за проширување, Марта Кос, ќе се сретне со највисоките државни функционери, но и со претставници на опозицијата, граѓанското општество и академската заедница, а ќе го посети и Нови Сад за да им оддаде почит на жртвите од уривањето на настрешницата на Железничката станица, соопшти […]

Балканот мора да гради заедничка енергетска иднина, порача министерката Божиновска на форум во Атина


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска учествува на 9. Балкански Енергетски самит што се одржува во Атина, под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија. Божиновска беше дел од отворањето на самитот и министерскиот панел […]

Почина проф. д-р Миле Димитровски


На 75-годишна возраст почина проф. д-р Миле Димитровски, редовен професор во пензија на Машинскиот факултет. Доајен на научната мисла во областа на машинството во Македонија, проф. Димитровски остави значаен печат не само во академската заедница, туку и во општествениот и социјалниот живот. Како раководител на Лабораторијата за мотори, тој беше автор на бројни научни и […]

Лидери на 19 земји го најавија своето присуство на Парадата на победата во Москва


На 80-годишнината од победата во Втората светска војна, која ќе биде одбележана на 9 мај во Москва, се очекува да присуствуваат лидери од 19 земји, додека двајца други лидери добија покани, но сè уште не го потврдија своето присуство. Меѓу потврдените гости се српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик, кинескиот претседател […]

Бред Пит во нов трилер на режисерот на „Конклава“


Лос Анџелес – Режисерот на филмот „Конклава“, Едвард Бергер работи на нов филм. Станува збор за трилер според романот „The Riders“ (Јавачи) од 1994 година, од австралискиот писател Тим Винтон. Според Семрежната филмска база на податоци, еднствениот засега потврден глумец во проектот е Бред Пит. Останатите актери сè уште се избираат. Тој, имено, треба да го […]

Приведен возач на патот Гостивар-Тетово, управувал возило со брзина од 151 км на место каде е дозволено 80 км на час


На патот Гостивар-Тетово, кај клучка Жеровјане, полициски службеници вчера го привеле Н.Р.(40) од с.Мала Речица. Тој управувал патничко моторно возило „бмв“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 км на час, соопшти МВР.  Тој е задржан во полициска станица и по документирање на […]