Одлуките во следните недели ќе ја обликуваат следната деценија, вели холандскиот министер за одбрана


Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс изјави дека Украина не смее да прифати договор што би можел да доведе до нова војна во иднина. Тој истакна дека чекорите што ќе бидат преземени во следните денови и недели ќе бидат одлучувачки за наредните пет до десет години, пренесува британски „Гардијан“. Брекелманс денеска учествува на конференција на […]

Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут


 За пет лица опфатени во вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут се бара притвор, а за едно од нив мерката би се применила по неговото пронаоѓање. За останатите осомничени се предложени мерки за обезбедување присуство.  – Имајќи ги предвид околностите и тежината на стореното дело, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на […]

Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец


Едно лице било повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец. Ова го потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, раководител на кавадаречката Итна медицинска помош.  – Според првични информации од лице место, товарното возило со скопски регистарски таблички од засега непознати причини се излизгало во долот. Шоферот од Велес роден 1985 година, успеал […]

Рокас: Камен темелникот на граничниот премин „Маркова Нога“ означува нова ера


Камен темелникот на граничниот премин „Маркова Нога“ кој утре ќе го поставиме со владини челници и градоначалникот на Ресен означува нова ера, изјави амбасадорот на ЕУ во земјава, Михаил Рокас попладнево за време на посетата на локалната самоуправа во Ресен. Во изјава за медиумите, амбасадорот Рокас истакна дека преспанскиот регион е од витално значење, и […]

Онтарио против Трамп: Нема повлекување додека не се укинат сите американски царини кон Канада


Онтарио „нема да се повлече“ сè додека американскиот претседател Доналд Трамп не ги укине сите царини за канадските производи, изјави премиерот на оваа канадска покраина Даг Форд. „Претседателот Трамп започна неиспровоцирана трговска и царинска војна со најблискиот пријател и сојузник на Америка“, напиша Даг Форд на платформата Икс. „Додека не исчезне заканата од тарифите засекогаш, […]

Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет


Собранието на денешната седница со 73 гласа изгласа недоверба на членот на Судскиот Совет Тања Чачарова Илиевска. Со 75 гласа пак, Собранието изгласа недоверба и на членот на Судскиот Совет Миљазим Мустафа. Со ова заврши денешната собраниска седница на која претходно им беше изгласана недоверба и на Павлина Црвенковска, Селим Адеми и Весна Дамева. Изгласувањето […]

Во БиХ пристигнуваат резервните сили на ЕУФОР


Резервните сили на ЕУФОР денеска пристигнуваат во Босна и Херцеговина, по копнен пат, преку граничните премини Свилај и Бијача на границата со Хрватска и по воздушен пат, преку аеродромот во Сараево, соопшти ЕУФОР. Во соопштението се наведува дека во следните денови силите на ЕУФОР ќе бидат засилени со војници, возила и хеликоптери од Чешка, Италија […]

Царините на Трамп продолжуваат да ги уриваат американските берзи


Американските берзи забележаа значителен пад по најавата на претседателот Доналд Трамп дека од утре ќе ги зголеми царините за канадскиот челик и алуминиум. Насдак Композит индексот се намали за 0,7% откако претседателот на САД ја објави веста на Truth Social. Индексот S&P 500 забележа пад од 0,4%, додека Дау Џонс опадна за 0,3%, јави Скај […]

Димитриеска-Кочоска: Фискална консолидација и постигнување на фискалните правила приоритет на МФ, Буџетот во 2025 е во функција на развојот


Министерството за финансии силно опстојува на напорите за фискална консолидација која е дефинирана со Фискалната стратегија 2025-2029. Во 2024 година реализиравме буџетски дефицит понизок од проектираниот со ребалансот на Буџетот за  2,5 милијарди денари, односно ниво од 4,4% од БДП наместо проектираниот од 4,9%. Јавниот долг на крајот на 2024 беше понизок од проектираниот и […]

Предлог- измените на Законот за медиуми го поминаа владиниот филтер


 Владата на денешната 57. седница ги усвои Предлог-измените на Законот за медиуми со кои се очекува да се зајакне конкурентноста на медиумскиот простор и да се стават онлајн медиумите во законска рамка.   – Со оглед на фактот дека резултатите од последните истражувања покажуваат дека над 70 проценти од јавноста се информира на интернет, со што […]

Формирана Комисијата која треба да ја утврди репрезентативноста на синдикатот


Владата на денешната седница ги утврдила членовите во Комисијата за утврдување на репрезентативност која треба да ја утврди репрезентативноста кај Сојузот на синдикати. Екипирањето на оваа Комисија е важно за да може да се продолжат преговорите меѓу социјалните партнери меѓу кои и барањето на синдикатите за зголемувањето на минималната плата.  Од владината прес-служба попладнево информираа […]

Изгореа три автомобили и три мотори во двор во Стајковци


На 10.03.2025 во 07.40 часот во СВР Скопје, Д.С.(71) од с.Стајковци, општина Гази Баба, пријавил дека околу 06.30 часот во импровизирнаа гаража во дворот од неговата семејна куќа биле опожарени паркирани патнички возила „шевролет спарк“ и „тојота“ и мотоцикли „хонда“, „сузуки“ и „баотиан“, сите со скопски регистарски ознаки, во негова и сопственост на неговиот син […]

Македонските ракометарки од третиот шешир ја чекаат жрепката за евроквалификациите


Македонската женска ракометна репрезентација од третиот шешир ќе ја чека жрепката закажана за 20 март во Клуж за пласман на Европското првенство 2026. Континенталниот турнир ќе се одржи во декември идната година во Полска, Чешка, Словачка, Романија и Турција. Заедно со Македонија, во третиот шешир се Украина, Португалија, Италија, Грција и Косово. Можни противници на […]

Пожар кај месноста Каша во беровско Ратево


 Пожар денескa попладне избувна кај месноста викана Каша, во беровското село Ратево. Информацијата за пожарот ја соопшти градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој апелираше до граѓаните да се вклучат во гаснењето. -Почитувани жители на Општина Берово. Пред малку избувна пожар, над месност викана Каша, на потегот од с. Ратево кон  туристичката населба Беровско Езеро. Гори […]

Прв пат во историјата НБА ќе гостува во Австралија


Националната кошаркарска лига на Австралија (НБЛ) и НБА лигата објавија денеска дека НБА лигашот Њу Орлеанс ќе одигра два претсезонски натпревари против НБЛ тимови во Мелбурн во октомври оваа година. Ова ќе биде прво гостување во Австралија на една од екипите од најсилната светска кошаркарска лига. Њу Орлеанс, во моментов претпоследен во Западната конференција со […]

Тринаесет лица осомничени за сомнителни набавки и дистрибуција на мазут


Уапсени 11 лица, еден во притвор, а еден во бегство- е епилогот од полициската акција вчера  во врска со испораките на токсичен мазут на термоелектраната Неготино, со кој се загадуваше  животната средина. Полициски службеници извршија рации на повеќе локации во Скопје, Битола и Кичево за да обезбедат докази поврзани со кривичните дела кои се товарат […]

Војната на Трамп со Канада се разжестува: царините за челикот и алуминиумот ќе бидат 50 отсто


  Американскиот претседател Доналд Трамп ги удвои планираните тарифи за канадскиот челик и алуминиум на 50 проценти додека трговската војна се интензивира Трамп вели дека зголемувањето на тарифите што треба да стапи на сила во среда е одговор на зголемувањето на цените на струјата што провинциската влада на Онтарио им ја продава на Соединетите држави. […]

Здружение на судиите на Македонија го честита изборот на новите судии


Здружение на судиите на Република Северна Македонија го честита изборот на новите судии, на вчерашната седница на Судскиот совет на РСМ, а кои ќе постапуваат во повеќе Основни судови во земјата. Во секое демократско општество судиите се „чувари“ на Уставно загарантираните права и слободи на граѓаните и гарант на правната сигурност во една земја. Заради […]

Преговорите Украина-САД во Џеда „се движат кон својата цел“


Денешните преговори меѓу делегациите на САД и Украина во саудискиот град Џеда на Црвеното Море „се движат кон својата цел“, изјави за време на првата пауза советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, пренесе украинската новинска агенција УНИАН, цитирајќи ја американската телевизија Си-Ен-Ен. „Одиме кон целта“, рече Волц одговарајќи на новинарско прашање за […]

Бишев: Имаме закони за фискални правила, треба да ги примениме


 Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска смета дека земјава пристапува кон фискална консолидација побрзо од она што било планирано во 2024 година. Како што изјави денеска, се очекува до крајот на април да биде завршена фискалната стратегија за следните пет години врз чија основа потоа, како што е предвидено или со забрзано темпо ќе може […]