Идниот премиер на Гренланд ги отфрла идеите на Трамп за американско преземање на островот


Нук – Веројатниот нов премиер на данската автономна област Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, ја отфрли идејата на американскиот претседател Доналд Трамп за американско преземање на огромниот остров во Арктичкиот круг, велејќи дека Гренланѓаните треба да одлучат за нивната иднина. Гренланд сака да се отцепи од Данска, но победниците на изборите, Демократската партија, сакаат тоа да се […]

„Моменти“ – изложба на Марта Патлиџанковска во МКИЦ во Софија


Во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија  вечер во 18:30 часот ќе биде отворена изложбата „Моменти“ на младата ликовна уметница Марта Патлиџанковска. Изложбата е составена од сликарски платна во голем формат, создадени во последните две години. -Платна со големи димензии, работени во комбинирани техники, во кои доминира експресијата на бојата. Бојата ја има главната […]

Сообраќајот тековно, по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 г., поради изведба на реконструкција […]

Одбележување на Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР


Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица – ТИГАР. На настанот ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на САЕ ТИГАР Драган Прокоповски. Делегации на Владата и МВР ќе положат цвеќе и ќе оддадат почит на спомен плочата на […]

Мицкоски на ифтарска вечера кај МАТТО


Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министри од Владата синоќа присуствуваше на традиционалната ифтарска вечера, организирана во светиот месец Рамазан од страна на Македонско-турската комора МАТТО, чиј претседател е Aјдован Адемоски, почесен конзул на Туркије во Македонија, во хотелот „Хилтон“.  Мицкоски кој деновиве е гостин на слични вакви вечери, порача дека овие собири се потсетник за […]

Во Пиреа запленети 54 килограми кокаин во вредност од 2,35 милиони евра


Атина – Во контејнер со банани, со потекло од Еквадор и крајна дестинација атинското пристаниште Пиреа, со помош на куче душкач, биле откриени и запленети 54 килограми кокаин во рамки на заедничката акција на инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција и од Секторот за борба против финансиски криминал, јави дописничката на МИА […]

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни претпладне во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 13 март 2025 година, 72-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 293 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 49 минути, а ќе зајде во 17 часот и 38 минути. Денов трае 11 часа и 49 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее […]

Бугарско МНР за изјавите на Мицкоски: Обид да се заобиколат преземените обврски


  „Уште еднаш потсетуваме дека европскиот консензус од јули 2022 година, одобрен од сите земји-членки на ЕУ и Скопје, останува валиден патоказ за напредокот на соседната земја во нејзиниот пристапен процес. Зачудувачки е што обврските преземени од Република Северна Македонија од страна на нејзиниот премиер се доживуваат како ‘мешање во нејзините внатрешни работи’“. Ова се […]

„Студентка“ на Вучиќ: Нè донесоа во паркот, ни рекоа дека ќе останеме само еден ден


„Студентите кои сакаат да учат“ од четвртокот навечер кампуваат во Пионерскиот парк, пред зградата на Српското претседателство. Во меѓувреме, во овој импровизиран „студентски“ камп беа идентификувани и функционери и членови на СНС, партијата на претседателот Александар Вучиќ. Лажни студенти Лажните студенти најчесто се вработени во јавни институции, меѓу кои и платени статисти, како и професори […]

Бизнисот на Кристијано Роналдо и Рафаел Надал ненадејно пропадна – траеше само три години


„Тото“, италијански ресторан во срцето на Мадрид, основан и во сопственост на Кристијано Роналдо и Рафаел Надал, ненадејно се затвори по само три години работа. Ресторанот „Тото“ во Мадрид ненадејно се затвори и тоа е „трајна одлука“, пренесува Ел Национал. Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо и еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал, […]

Националното собрание на РС усвои предлог усвојување нов устав 


Народното собрание на Република Српска усвои предлог за одлука да се пристапи кон усвојување на нов устав на ентитетите, по што ќе следи усвојување на нацртот на тој акт. За усвојување на предложената одлука за усвојување на новиот устав на РС беше потребно општо мнозинство, кое го имаат партиите собрани околу Милорад Додик. Од присутните […]

Трамп: Ќе и одговориме на Европа. Нема да биде тешка битка.


Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше царините на почетокот на средбата со ирскиот премиер Мајкл Мартин во Овалната соба, велејќи дека САД ќе одговорат на контрамерките на Европската унија кои беа воведени денеска. Тој рече дека во моментов има одредена флексибилност околу тарифите, но дека тоа ќе престане кога ќе стапат на сила мерките. „Дефицитот […]

ЕК не ја исклучува можноста за конфискација на руските замрзнати средства во ЕУ, доколку тоа е законски можно


 Барањата за одземање на замрзнатите руски средства во Европска Унија се разгледуваат со меѓународните партнери, Европска комисија останува отворена за тоа, сè додека постојат правни можности, изјави еврокомесарот за земјоделство Кристоф Хансен. Тој, во дебатата во Европски парламент во Стразбур, наведе дека во ЕУ има 210 милијарди евра замрзнати руски средства, при што дел и […]

Мексико ќе почека пред да одговори на царините на САД


 Претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум, изјави дека нејзината влада нема веднаш да одговори на новите американски царини за металите, туку ќе почека можен договор во наредните недели. – Ќе чекаме до 2 април, а потоа ќе одлучиме дали ќе воведеме реципрочни царини, изјави Шејнбаум.

Арктикот руши рекорди, температурите скокнаа за 20°C над нормалата во февруари


Минатиот месец беше екстремен за Арктикот, при што температурите се искачија за 20 степени Целзиусови над нормалата, а морскиот мраз го достигна најниското ниво досега забележано за февруари – трет последователен месец на рекордно ниско ниво, јавува Си-Ен-Ен. „Се надевам дека овие три месеци не се увертира за потенцијалниот нов апсолутен минимум ова лето, бидејќи […]

Албанија потпиша договор со ЕБОР за 45,7 милиони евра за проект за одржливост на електродистрибуција


 Министерот за финансии Петрит Малај попладнево преку објава на социјалните мрежи соопшти дека со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е потпишан договор за долгорочен заем во вредност од 45,7 милиони евра, со многу поволни услови. Договорот  го потпишаа потпретседателот на ЕБОР Матео Патроне, кој престојуваше во Тирана и директорката на електродистрибуција, Енеа Каракачи, […]

Роналдо се повлече од трката за претседател на Бразилската фудбалска федерација


 Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо денеска изјави дека се повлекува од трката за претседател на фудбалската федерација на неговата земја, откако не успеа да собере доволно поддршка од регионалните федерации за да ја претстави својата кандидатура. Поранешниот фудбалер, освојувач на „Златната топка“ и двократен светски шампион, ја објави својата намера да се кандидира за претседател во […]

Се гради спортска сала во кавадаречко Марена


 Се гради спортска сала во кавадаречкото село Марена, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.  Од Кабинетот информираа дека спортската сала е со корисна површина од 400 метри квадратни, во рамки на подрачното општинско училиште „Страшо Пинџур“. – Продолжува изградбата на спортската сала во село Марена, со корисна површина од 400 квадратни метри, […]

Во Романија и Велика Британија разоткриени шпионски мрежи кои работеле за Русија


Руската разузнавачка мрежа работи со полна пареа. Минатата недела Романските власти приведоа шест лица под обвинение за државно предавство, бидејќи организирале паравоена група со поддршка од Москва. Осомничените се обвинети за спроведување активности против уставниот поредок на Романија и обид за собирање и пренесување на доверливи информации на странски служби. Истрагата е поврзана со протерувањето на рускиот воен аташе […]