Објавената листа на земји што и понудија помош за Северна Македонија не е конечна


Листа на земји кои понудија помош за Северна Македонија не е конечна и таа е направена во одреден временски период, а станува збор за процес што е во тек, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за социјални права и вештини, подготвеност, еднаквост, култура и здравство Ева Хрнчирова.   – Примивме понуди и од други земји […]

Ова беа наши деца, а ги убивме


„Ова беа наши деца“. Со овие зборови градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе оставка, за да може без срам да излезе на улица и да ги погледа во очи сограѓаните, откако не го видел она што го виде цела Македонија од една фотографија – дека со години пред нос му функционирала „дискотека“ што сите без […]

ДУИ: Следните денови ќе објавиме докази за трагедијата во Кочани


  Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбр Адеми денеска соопшти дека во текот на следните денови ќе излезат со целосна документација и докази за тоа кој, како и на кој начин дозволил да се случи грозоморната трагедија во Кочани. Потенцира дека ќе поднесат и пријава до Јавното обвинителство за покренување постапка за кривична […]

Сите пациенти од Кочани и Штип пренесени во Скопје, уште 26 треба да бидат испратени во други држави


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информираше дека од тројцата нови пациенти од пожарот кои се пренесени од Кочани во Скопје, двајца се сместени во Клиничкиот центар, а едниот е сместен во „Осми септември“. Со тоа, во болниците во Кочани и во Штип нема пациенти од трагедијата во дискотеката.  -Тоа беше нашата стратегија, […]

Разговарајте со децата, скусете го времето посветено на трагедијата, одржувајте рутина


Совети за родителите како да разговараат со децата и да им го објаснат трагичниот настан од дискотеката во Кочани, каде загинаа 59 лица, испрати МОН до сите училишта, а тие преку Советите на родители, ги споделија до сите што имаат школски деца. Во трагедијата беа жртви и деца на основношколска возраст, од 14 години па […]

И твојот Дебар тагува по тебе Андреј, дебрани се збогуваат со нивниот Андреј ДНК


 Дебрани преку социјалните мрежи се збогуваат од нивниот Андреј од ДНК, дебранин и поранешен сограѓанин. – И твојот Дебар тагува по тебе Андреј. Почивај во мир голем човеку, пишуваат тие. Независно од националната припадност на социјалните мрежи се простуваат со Андреј негови врсници, со кои другарувал, соседи, граѓани кои ги познавале неговите родители, и сите […]

Во Ургентниот центар во Белград префрлени 9 пациенти од пожарот во Кочани, еден е во исклучително тешка состојба


Белград – Во Ургентниот центар во Белград ноќеска се примени 9 повредени лица од пожарот во дискотека во Кочани, од кои едно е со исклучително тешки повреди опасни по живот, јави МИА од Белград.  – Седуммина беа под третман во операциските сали. Повредените кои се префлени во УЦ имаат изгореници од два до 28 отсто […]

Посебно место на гробиштата во Кочани за починатите од пожарот во дискотеката „Пулс“


Проширување на гробиштата Кочани,  бесплатни парцели за починатите, бесплатни погребни услуги и црковни обреди, а они кои загинаа во пожарот во диоскотеката „Пулс“ ќе бидат погребани на посебно место одлучи Општина Кочани, на колегум што бил одржан утринава. Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов пред да си поднесе оставка, одржал колегиуми и дал препораки до […]

МЗ: Отворена телефонска линија за психолошка поддршка на пациентите – 078 378 754


Министерството за здравство информира дека во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија се формираат мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите.   За сите кои имаат потреба од советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, преку која стручни лица ќе […]

По цел ден молчење градоначалникот на Кочани поднесе оставка


  Откако вчера беше исчезнат цел ден во време голема трагедија го снајде неговиот град Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов денеска поднесе неотповиклива оставка. Македонската јавност, а особено неговите сограѓани, беа целосно зачудени зошто го нема градоначалникот Папазов во најтрагичните моменти за неговиот град и дури попладнето по големите реакции се јави со објава на Фејсбук. […]

Аргентина „врие“: Заедничко востание на пензионерите и навивачите


  Аргентинските пензионери и навивачите на неколку фудбалски тимови се судрија со полицијата во последните денови за време на протестите пред Конгресот во главниот град Буенос Аирес против економската политика на владата на претседателот Хавиер Милеи. Пред една година, претходниот народен бес поради лошата економска ситуација во земјата го донесе на власт самопрогласениот „анархокапиталист“ и […]

Пленковиќ: Четворица повредени од Северна Македонија за два дена ќе бидат префрлени во Хрватска


Загреб – Четворица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Северна Македонија за два дена ќе пристигнат во Хрватска со хеликоптери на хрватската армија, изјави денеска премиерот Андреј Пленковиќ и уште еднаш изрази сочувство до семејствата на загинатите и на преживеаните им посака брзо закрепнување. „Ќе дојдат, ми се чини, за два дена. Утре хеликоптерите на […]

Сопругата на Андреј од ДНК гневна на полицијата и на медиумите што неточно известуваа


Криминалистичка полиција вчера го посетила домот на Андреј од ДНК да го бара него за да даде изјава за немилиот настан во кој загинаа 59 лица, меѓу кои и тој, затоа што медиумите јавиле дека е жив и е на домашно лекување.  Гневна на институциите и на медиумите сопругата на Андреј, Наталија Ѓоргиевска, се обрати […]

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Штип, после село Лакавица


Сообраќајот на експресниот пат Штип, после село Лакавица е нормализиран, соопшти АМСМ. Сообраќајот беше во прекин утрово од 8:10 часот поради сообраќајна незгода и беше пренасочуван по магистрален пат А4, Штип – Радовиш. АМСМ соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со променлив […]

Нов случај на трговија со луѓе во БиХ, шест деца без родителска грижа пронајдени во Сански Мост


Сараево – Две лица се уапсени во Сански Мост, град во северозападна Босна, под сомнение за трговија со луѓе, а нивното апсење уследи по откривањето на четири деца без родителска грижа во куќа, потврди денеска Обвинителството на Унско-Санската жупанија. Децата, на возраст од една до шест години, биле пронајдени вчера, а медиумите објавија дека две […]

Изјава на премиерот Мицкоски и министерот Таравари (во живо)


Изјава на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари, кои беа во посета на повредените од трагичниот пожар во Општина Кочани, по што ќе присуствува на состанокот на кризниот штаб на Министерството за здравство.

Тивко и тажно е во Кочани еден ден по трагичниот пожар (фото)


Тажно и непрепознатливо е Кочани еден ден по трагедијата со пожарот што го разбуди градот. Полупразни се улиците, без многу посетители во кафулињата и рестораните, го нема вообичаениот џагор во училишните дворови и во детските паркови. Граѓаните мирно и достоинствено, во Паркот на Револуцијата палат свеќи и носат цвеќе, оддавајќи им почит на жртвите во […]

Почина актерката Емили Деквен, лауретка во Кан за „Розета“


Емили Деквен, белгиската актерка која ја освои наградата на Канскиот филмски фестивал за нејзината извонредна улога во филмот „Розета“ на браќата Дарден од 1999 година, почина во неделата. Таа имаше 43 години. Семејството на Деквен потврди за француската новинска агенција АФП (преку Гардијан) во неделата вечерта дека таа починала од редок рак во болница во […]

Пикси: Ќе предложам да одиграме хуманитарен натпревар со Македонија


Селекторот на српската репрезентација Драган Стојковиќ Пикси им се обрати на медиумите на прес-конференција во пресрет на натпреварот од плејофот од Лигата на нации против Австрија и пред своите први зборови изрази сочувство до семејствата и пријателите на загинатите во големата трагедија во Кочани. – Пред да ја започнеме конференцијата во врска со претстојниот натпревар, […]

Општина Карпош субвенционира купување нови велосипеди и електрични тротинети


Започнувајќи од денеска, понеделник (17.03.2025 година), локалната самоуправа стартува со акцијата за субвенционирање за купување на нови велосипеди и електрични тротинети, наменета за жителите на општина Карпош. Во таа насока, Општината од својот буџет одвои финансиски средства во висина од 850.000 денари, а акцијата ќе трае до исцрпување на средствата функционирајќи според принципот „прв дојден, […]