Поранешниот министер за економија Бектеши ќе биде сослушуван во ОЈО Кочани


 Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши ќе биде сослушан во Основниот суд во Кочани пред судија на претходна постапка, потврдија од ЈОРМС.  Бектеши вчераи денеска беше на информативен разговор во полициска станица во врска со пожарот во ноќниот клуб во Кочани. Од полициската станица Бектеши е спроведен со лисици и ќе биде сослушан во ОЈО […]

Студентите бараат откажување на наставата и испитите за време на деновите на жалост


Студентските организации од повеќе државни и приватни универзитети во земјата информираа дека поднеле барања за прекин на наставата и организирање собири додека траат деновите на жалост по повод трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 59 главно млади лица, а над 150 се повредени. Универзитетското студентско собрание при најголемиот универзитет во земјата, УКИМ информираше […]

Студентското собрание при УКИМ се извини за говорите на денешниот собир за трагедијата во Кочани


Во објавата на официјалниот фејсбук-профил на УСС УКИМ, оттаму велат дека ги прифаќаат критиките во врска со настанот и додаваат дека на наредните собири кои се предвидени до 21 март нема да има никакви обраќања. Универзитетското студентско собрание (УСС) при УКИМ упати јавно извинување до сите членови на академската заедница во врска со говорите на […]

МОН со препорака за учениците и родителите да не читаат многу вести за несреќата


Министерството за образование и наука вчера испрати три документи со насоки до средните и основните училишта, кои содржат насоки за училиштата и наставниците, за родителите, и насоки за водење час по трагедијата во Кочани. Во насоките за училиштата, наставниците и стручните соработници, меѓу другото, се препорачува да се избегнуваат генерализации и претпазливо да се интерпретира […]

„Кој е следен?“ повика на јавен собир утре на плоштад Македонија во Скопје


Движењето и иницијативата „Кој е следен?“ ги повикува сите граѓани на јавен собир кој ќе се одржи утре на 18ти март на плоштадот Македонија во Скопје од 18 часот. „Македонија повторно е завиена во црно. Уништени и во грч седиме пред екраните во исчекување на нова поголема бројка, во исчекување на нова поголема тага. 59 […]

Митева не ја коментира објавата на сопругата на пејачот на „ДНК“


Портпаролката на Владата Марија Митева денеска на прес-конференција во Владата рече дека нема да коментира изјави на лица кои изгубиле некој близок во трагедијата во Кочани откако сопругата на пејачот на групата „ДНК“ кој загина во несреќата во објава на социјалните медиуми замоли надлежните органи да извршат детален увид за целиот настан додавајќи дека приотехниката […]

Агелер: Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош


Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, по потпишувањето во Книгата на жалост поради загинувањето на 59 лица во Кочани, отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. -Благодарна што денеска дојдов овде со мојот пријател амбасадорот на ЕУ Михалис […]

Томас Бах го напушта МОК по 12 години на чело


Коста Наварино – Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах, чиј наследник ќе биде избран за три дена во Грција, во понеделникот призна дека ја напушта функцијата „многу спокојно“, тврдејќи дека е „во мир“ со себе, за се што му дал на олимпиското движење, пренесоа грчките медиуми. Запрашан за неговото расположение во последните денови […]

Владата ќе обезбеди превоз и сместување на семејствата на повредените во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во други земји


Владата утре на седница ќе донесе одлука за организирање и обезбедување на превоз и сместување на семејствата на повредените од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, кои во моментов се хоспитализирани во други земји, најави денеска портпаролката на Владата, Марија Митева. -Во овие моменти семејствата не треба да се грижат за логистика или финансиски оптоварувања […]

Миксот на „ненадлежни“ со вкус корупција уби 59 млади лица


  Александар Тодески Лиценци, дозволи, проверки, казни – низа надлежности имаат „ненадлежните“ кои од себе ја тргаат одговорноста за пожарот во ноќниот клуб во Кочани, во кој животот го изгубија 59 млади лица. И тоа сите функционери низ годините, во случајов, во последните 12 години. Законот кој според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски е […]

Миланов: Засега нема правна квалификација за Бектеши, задржан е во полициска станица


Адвокатот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, кој од вчера е во полициската станица во Карпош, денеска во изјава за медиумите рече дека Бектеши бил повикан на информативен разговор и дека сам се јавил по што е побарано тој да биде задржан заради понатамошно проверки.  – Вечерва му истекува времето од 24 часа на […]

Владата на Федерацијата БиХ прогласи 18 март да биде Ден на жалост поради трагедијата во Северна Македонија


Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина донесе одлука утрешниот ден, 18 март 2025 година, да се прогласи за Ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина поради трагедијата во Северна Македонија. Најмалку 59 млади лица загинаа, а 155 македонски и странски државјани беа повредени во голем пожар во преполниот ноќен клуб во Кочани, во […]

ОЕЦД: Царинските бариери го забавуваат глобалниот економски раст


Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) денеска малку ја намали прогнозата за глобален економски раст за 2025 година поради послабите проекции за раст во САД и во еврозоната. ОЕЦД очекува економски раст од 3,1 отсто во 2025 година, што е намалување од 3,3 отсто што ги прогнозираше во декември, поради „зголемените тарифни бариери во […]

Нема гаранции дека САД ќе избегнат рецесија, вели американскиот министер за финансии


Американскиот министер за финансии Скот Бесент денеска изјави дека „нема гаранции дека САД нема да влезат во рецесија“, но, според него, американската економија може да се стабилизира. Во интервју за NBC, Бесент рече дека американската берза се затвори минатата недела со значителен пад на вредноста на акциите поради зголемената неизвесност предизвикана од честите промени во […]

(Видео) Градоначалникот на Кочани повикан во Обвинителството, за Бектеши се бара притвор


Јавниот обвинител Љупчо Коцевски соопшти денес на прес конференција дека меѓу повиканите да даде исказ околу трагедијата во Кочани е и градоначалникот Љупчо Папазов. Тој, сепак, не потврди дали градоначалникот е еден од 14-те осомничени за кои се бара притвор  од страна на Обвинителството.  Иако не потврди, од она што го кажа Коцевски испадна дека […]

Канада и Франција претставија обединет фронт за трговската војна на Трамп


  Канада е „најевропската од неевропските земји“, рече Марк Карни за време на неговото прво прекуокеанско патување како премиер во Франција и Велика Британија, каде што бара посилни сојузи за да се справи со нападите на Доналд Трамп врз суверенитетот и економијата на неговата земја. Без да го спомнат Трамп по име, Карни и францускиот […]

Штипските средношколци со протест и марш низ улиците порачаа „Секој еден може да е следен“


Дамјан Даневски, Филип Ивановски, Драгана Минова и Стефанија Соколовска се учениците од средното медицинско училиште (СОУ) „Јане Сандандски“ во Штип кои настрадаа во несреќата во дискотеката во Кочани. Со нивните слики во рака, извикувајќи „Секој еден може да е следен“, Бараме правда за сите виновни“, „Државата тоне“ „Убиство“, „Смрт за корупцијата“, во Штип се одржа […]

САД ја ставаат на аукција суперјахтата на рускиот олигарх Керимов, вредна 300 милиони долари


Вашингтон – Американските обвинители добија зелено светло да ја стават на аукција суперјахтата „Amadea“ во сопственост на рускиот олигарх Сулејман Керимов, а запленета во рамките на западните санкции против блиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска Фајненшл тајмс. Бродот долг 106 метри е со хеликоптерска писта и беше запленет во мај 2022 година […]

Ректорката и министерката со празни говори го узурпираа собирот на студентите, вели Румена Бужаровска


  Писателката Румена Бужаровска дава детали од денешниот собир на студентите на платото на УКИМ посветена на големата трагедија во Кочани. Студентите требаше да организираат заеднички час за почит на жртвите, но Бужаровска вели дека ректорката Билјана Ангелова и министерката за образование Весна Јаневска го узурпирале собирот. На собирот гласот на студентите не се слушна, […]