Бела куќа: Хамас ја избра војната со одбивањето да ги ослободи заложниците


Белата куќа соопшти дека групата Хамас избрала војна со тоа што одбила да ги ослободи заложниците во Појасот Газа, пренесоа француските медиуми. Израел во текот на ноќта ги изврши најинтензивните напади врз енклавата од 19 јануари, кога стапи на сила договорот за прекин на огнот во Газа. -Хамас можеше да ги ослободи заложниците за да […]

Млад кумановец починал во болница, кусо откако му била дадена терапија


Во понеделникот, во 11.35 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека во болницата со влошена здравствена состојба бил донесен В.А.(32) од Куманово, по што му била дадена терапија, но по кратко време починал. По наредба на јавен обвинител телото било предадено за обдукција, а полициски службеници од СВР Куманово извршиле увид […]

Со воздушна пушка ја повредил сопругата на братот


Во понеделникот, во 14.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Р.(46) од с.Порој, тетовско. Тој бил пријавен од Ќ.Р.(50) од с.Порој, сопруга на неговиот брат, дека истиот ден околу 13 часот во дворот на нејзината семејна куќа од невнимание ја повредил на рамото со воздушна пушка, по што ја пренел во […]

Нотарската комора ќе донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани


Нотарската комора изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани. Од Комората соопштија дека ќе донираат еден милион денари за помош на семејствата на настраданите. – Во овие најтешки мигови за нашиот народ, да бидеме хумани, да бидеме општествено одговорни и секој како индивидуа, но и како колективитет во рамките на своите можности […]

„Алфабет“ го купува стартапот за сајбер безбедност „Виз“ за 32 милијарди долари


Сопственикот на Гугл, „Алфабет“ (Alphabet), ќе ја купи фирмата за сајбер-безбедност „Виз“ (Wiz) за 32 милијарди долари – во договор за зајакнување на внатрешната обработка на облак на технолошкиот гигант во услови на растечки раст на вештачката интелигенција. Доколку се затвори, трансакцијата со готовина, објавена во вторник, ќе стане најскапата аквизиција на Гугл во 25-годишната […]

Град Загреб нуди сместување за семејствата на двајцата пациенти – едниот е на респиратор


Две лица повредени во пожарот во дискотеката во Кочани утринава се пренесени на лекување на Клиниката за трауматологија во Клиничкиот болнички центар „Сестре милосрднице“ во Загреб, додека транспортот на уште двајца пациенти се очекува денеска.  Тихана Магдиќ Турковиќ, началник на Одделот за анестезиологија и интензивно лекување на Клиниката за трауматологија, КБЦ, во изјава за ХРТ […]

„Срамна политичка пропаганда“: Српски лекари за посетата на Вучиќ на повредените во Кочани


Професорот на Медицинскиот факултет и хирург на Првата хируршка клиника на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Владимир Дугалиќ, денеска за ФоНет изјави дека посетата на претседателот Александар Вучиќ на пациенти од Македонија на одделот за интензивна нега е „срамна политичка пропаганда“. Дугалиќ истакна дека понекогаш се кае што е дел од лекарската професија кога ќе […]

Супермоделот Карли Клос бремена со трето дете


Семејството на Карли Клос се зголемува за уште еден член! Манекенката (32) е бремена и го очекува своето трето бебе со сопругот Џошуа Кушнер (39), споделувајќи ја веста на Инстаграм во понеделник, 17 март. Таа го сподели и својот стомак одблиску, облечена во бела маица нагоре и ставајќи ги рацете околу стомакот. Клос се венча […]

Истрагата за Сашо Дранго уште трае, „Анима мунди“ ги доставило сите докази до обвинителството


  БИТОЛА – Здружение за заштита на животни „Анима Мунди“, пред шест дена ги доставило сите докази во случајот со фотографијата со Сашо Дранго и отепаната мечка, вели Гизела Бошковска, истакнат активист во здружението. Случајот со спорната фотографијата на која е Сашо Дранго (сега бивш државен функционер на „Македонијапат“)  фотографиран со убиена мечка и со […]

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел


 Националниот џез оркестар, откако претходно го одложи концертот на португалската пејачка Мариа Мендеш, пред малку  соопшти дека истиот сепак ќе се одржи, но со хуманитарна цел. Средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за семејствата на настраданите и повредените во Кочани.  Како што е најавено, концертот ќе се одржи на 25 март. – Ве […]

Бугарско МЗ: Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна


 Состојбата на 14-те повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна, соопшти бугарското Министерство за здравство на својата Фејсбук страница. Осумте пациенти хоспитализирани во Универзитетската болница и медицинскиот центар Н.И.Пирогов се на механичка вентилација и остануваат на интензивна нега. Според информациите од болницата во Варна, тројцата пациенти кои се кај […]

Краткотраен притвор за 16 лица за пожарот во Кочани


Досега за вкупно 16 лица е определен краткотраен притвор од 48 часа во врска со пожарот во дискотеката во Кочани каде загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.  – До овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица. Предлозите се прифатени и мерката е определена за сите 16, […]

Лекарската комора повикува сите да ги почитуваат медицинските протоколи – здравјето на пацентите е приоритет


  Здравјето на повредените во пожарот во Кочани да е врвен приоритет, апелираат попладнево од Лекарската комора, преку соопштение до јавноста. „Лекарската комора ја поздравува навремената реакција на надлежните институции во нашата земја, како и срдечната помош и поддршка што ја даваат другите држави со згрижување на најтешко болните пациенти повредени во пожарот во Кочани. […]

Орбан ќе го забрани Маршот на гордоста додека опозицијата расте во анкетите


  Во 1997 година, Унгарците го одржаа првиот Марш на гордоста зад паднатата железна завеса. Речиси три децении подоцна, премиерот Виктор Орбан сака Унгарија да биде првата земја во Европската унија што ќе ги забрани протестите ширум земјата. Неговата нелиберална влада кон крајот на февруари објави дека сака да го забрани Маршот на гордоста „во […]

Мирен собир во Прилеп „Бараме одговори и одговорност“


Под парола „Бараме одговори и одговорност“, напладне пред параклисот „Свети Никола“ во центарот на Прилеп се одржа мирен собир. Граѓани, средношколци, студенти со тага и молкум палеа свеќи пред параклисот во спомен на загинатите во огромната трагедија во Кочани. Беше отворена и книга на жалост. Меѓу младите се појавија и транспаренти со кои ги изразуваа […]

Во близина на дискотеката во Кочани имало склад за нафта наменет за друг објект


Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“ каде во неделата рано сабајле во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Резервоарот за нафта бил на друг објект, а бил откриен од страна на крим техника.  Од Противпожарната бригада на Кочани за МИА потврдија дека во близина на дискотеката има резервоар за […]

Студентите од техничките факултети со 7-минутен молк оддадоа почит на жртвите од Кочани


Стотици студенти, заедно со нивните професори, декани и службеници вработени во ФИНКИ, Електротехнички, Машински, Технолошко-металуршки и други факултети, им оддадоа почит на загинатите 59 врсници, но и помлади од нив во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Студентите по 7-минутниот молк положија цвеќе на платото на техничките факултети во Скопје, а  […]

Вајц: ЕУ да даде гаранции дека нема да има нови барања по уставните измени


  Имаме можност конечно да го „отклучиме“ процесот за вистински почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, порача денеска известувачот на Комитетот на надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) за земјава, Томас Вајц презентирајќи го Нацрт-извештајот на ЕП за земјава. „Извештајот е фокусиран на потребите активности и одлуки што треба да ги донесат […]

Израелските ракетни удари убија стотици во Газа


  Израелската војска нареди евакуација на делови од источна Газа, неколку часа по започнувањето на бранот воздушни напади во кои загинаа повеќе од 400 луѓе, уништувајќи ја паузата во непријателствата од средината на јануари на опустошената палестинска територија. Наредбите за евакуација, кои го покриваат северниот град Беит Ханун и другите заедници на југ, сугерираат дека […]

Разрешени седум началници од СВР Штип и ОВР Кочани


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски разреши седум началници од СВР Штип и ОВР Кочани. . Според одлуката се разрешуваат началник на Сектор за внатрешни работи во Штип, помошник началник на СВР Штип, началник на Одделение за полиција во Штип, началник на Одделение за криминалистичка полиција во Штип, началник на Одделение за внатрешни работи во […]