За снимање со дрон во Скопје и Кочани приведени осум лица од Македонија, Србија и Бугарија


На 18.03.2025 во Полициската станица Центар во Скопје бил извршен службен разговор со С.М.(34) од Сопиште, скопско, Ј.С.(24) од Кочани, Е.Ш.(43) од Скопје, Ј.П.(28) од Скопје, М.Д.(45) од Скопје, М.Ј.(36) од с.Гершиан, битолско и М.Ѓ.(51) од Република Србија. За време на јавниот собир на Плоштад „Македонија“ во Скопје тие биле затекнати како управуваат дронови без […]

Повеќе „звучни топови“ биле распоредени на протестот во Белград, тврди припадник на жандармеријата


  Жандарм за српскиот весник „Данас“ изјави дека на големиот протест на 15 март во Белград биле распоредени неколку „звучни топови“. Име ѝ е познато на редакцијата, но го заштити поради опасност од реперкусии за него. Тој вели дека еден од нив стоел зад Народното собрание. „Уредот беше поставен на хаубата на нашето возило „дефендер’, […]

Стојановски: Состојбата на повредените пациенти во ГОБ „8 Септември“ е стабилна, интервенции за отстранување на изумреното ткиво од изгорениците


 Состојбата на повредените пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани сместени во ГОБ „8 Септември“ во Скопје е стабилна однос на виталните параметри. Заедно со тимовите од специјализираните центри од странство се изведуваат операции за отстранување на изумреното ткиво оштетено од изгорениците и давање простор тие рани полека да почнат да зацелуваат, информира директорот […]

Во Центарот за изгореници што постоеше до 2016 година се лекувале и пациенти од странство


  Од 2016 година во државава не функционира Центарот за изгореници. Иако тој сѐ уште фигурира на официјалната веб страница на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, во пракса, не постои. Првиот официјален центар за изгореници во земјава е формиран во рамки на Воената болница во Скопје под раководство на полковник […]

Општина Бутел додели 1.000.000 денари за помош на настраданите во Кочани


На предлог на градоначалникот Дарко Костовски, Советот на општина Бутел одржа вонредна седница. Советот ја започна денешната седница со едноминутно молчење, во знак на почит кон загинатите во трагичниот пожар во Кочани. Советниците едногласно донесоа одлука за доделување на 1.000.000 денари финансиска помош на семејствата на настраданите во тешката несреќа во Кочани. “Македонија е завиено […]

Демонстранти се судрија додека Гал Гадот ја добиваше ѕвездата на Булеварот на славните во Холивуд


Церемонијата на Гал Гадот во Холивуд на Булеварот на славните во вторникот беше нарушена од демонстранти кои носеа знаци и од пропалестинската и од произраелската страна. Неколку десетици демонстранти се појавија непосредно пред почетокот на церемонијата, а пропалестинските демонстранти држеа знаци на кои пишуваше „Хероите се борат како Палестинци“, „Да живее Палестина“ и „No Other […]

Конечно корист од Трамп: И Македонија ќе прави профит од новиот одбранбен фонд на ЕУ


Компаниите за оружје од САД, Обединетото Кралство и Турција ќе бидат исклучени од новото финансирање од 150 милијарди евра од ЕУ, освен ако нивните матични земји не потпишат договори за одбрана и безбедност со Брисел. Планираниот фонд за трошење на капиталот за оружје ќе биде отворен само за одбранбените компании на ЕУ и оние од […]

Од 12 објекти со важечка лиценца до сега три не исполнувале минимум технички услови


Од 12 објекти со активна важечка лиценца, три не ги исполнувале минимум технички услови и на нив ќе им биде оземена дозволата за работа, информираше денеска влчадината портпаролка Марија Митева на задничка прес конференција со директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски и директорот на ГОБ „8 септември“ д-р Синиша Стојановски. Таа рече дека контролите […]

Во сите македонски градови се излезе на плоштадите за жртвите од Кочани


  Почит за жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, синоќа беше оддадена во сите градови низ Македонија. Луѓето со тага и болка во очите палеа свеќа и положуваа свежи свеќиња во центарот на речиси секој град во земјава. Носеа транспаренти со пораки за покој на душата на загинатите, но и со сугестии за […]

Писториус: Путин си игра со Трамп


БЕРЛИН – Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го осуди високо рекламираниот делумен прекин на огнот на американскиот претседател Доналд Трамп во Украина. „По овој наводен револуционерен, одличен телефонски повик, руските напади не се намалија“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус за германската телевизија ZDF во средата, напаѓајќи го Трамп и отфрлајќи го договорот […]

Објавени информациите за влезната виза на принцот Хари


Документите во врска со барањето на војводата од Сасекс за американска виза беа обелоданети со судска наредба, но во голема мера се цензурирани и не содржат детали за тоа што принцот Хари напишал во врска со употребата на дрога во имиграциониот формулар, пренесе BBC. Американскиот суд наложил објавување на документите на основа на барањето на […]

На еден пациент во Солун направена му е трансплантација на кожа на рацете


На пациентите кои настрадаа во пожарот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, а се лекуваат од изгорениците во Македонија, ќе им биде направена трансплантација на кожа.  – Сега доаѓа фазата за функционална и естетска, условно да кажам, тоа се трансплантацијата на кожни графтови. На еден пациент во Солун веќе му е направена кожна трансплантација на рацете […]

Реакции по разговорот Трамп-Путин: Многу врева за (речиси) ништо


  Многу врева за (скоро) ништо. Вака накратко може да се сумираат коментарите во повеќето западни медиуми по вчерашниот телефонски разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, кои се согласија да работат на постигнување договор за 30-дневен прекин на нападите врз енергетските капацитети и инфраструктурата меѓу Украина и Русија. Во пресрет […]

„Хјуман рајтс воч“ го осуди приведувањето на градоначалникот на Истанбул


Анкара – Директорката на „Хјуман рајтс воч“ за Турција, Ема Синклер-Веб, го осуди приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, како и на повеќе високи претставници на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), оценувајќи го како „очигледна злоупотреба на судскиот систем“. Според Синклер-Веб, овие апсења се дел од „моделот на политички мотивирани истраги“ со кои властите […]

Британски тим лекари стигнува во Македонија да помогнат во долготрајното лекување на изгорените


Тим на лекари од Велика Британија се очекува да пристигне во Македонија, да им помогнат на македонските колеги во лекувањето на пациентите со изгореници, кое е долготрајно. Како што соопшти директорот на ФЗОМ Сашо Клековски, во моментот на македонските клиники се наоѓаат лекари од Чешка и од Израел кои имаат адекватна експертиза. – Во следната […]

Шест земји од ЕУ бараат забрзано пристапување на Украина во Унијата


Брисел – Шест балтички и скандинавски земји побараа Европската Унија да подготви јасна патна карта за брзо интегрирање на Украина во блокот, изразувајќи загриженост дека Унгарија се обидува да го попречи процесот, пренесе Укринформ. Како што објави списанието Политико, повикувајќи се на писмо потпишано од високи дипломати од Шведска, Финска, Данска, Летонија, Литванија и Естонија, […]

Минималните плати во ЕУ значително пораснале во последните десет години


Во последните десет години, што не е изненадувачки со оглед на економските прилики и кризи, значително се зголеми нивото на минималните плати во земјите-членки на Европската унија (ЕУ), а номинално, најмногу во земјите од Централна и Југоисточна Европа. Во јануари оваа година, бруто-месечните минимални плати во ЕУ варираат од 551 евра во Бугарија до 2.638 […]

ИОМ ги суспендира проектите ширум светот поради недостиг на американски средства


Агенцијата за миграција на Обединетите нации (ИОМ) соопшти дека ги намалува или прекинува проектите ширум светот и отпушта вработени по „огромното“ намалување на финансирањето од САД за 30 отсто. Повеќе од 40 отсто од буџетот од 3,4 милијарди долари во 2023 година ИОМ доби од американската Влада. – Намалувањето на финансирањето имаат сериозни влијанија врз […]

УСС УКИМ го откажа собирот за Кочани, студентите дојдоа


УСС УКИМ го откажа денешниот мирен собир во чест на жртвите од Кочани со објаснување дека на кампусот на Природно-математичкиот факултет нема доволно простор за да се соберат сите кои сакаат да дојдат и да оддадат почит. Сепак, студентите не ја испочитуваа одлуката на Универзитетското студентско собрание и се собраа пред ПМФ да оддадат почит […]