Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА


 Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој е на лекување во Воено-медицинската академија во Белград има подобрување на здравствената состојба и тој од Интензивна нега е префрлен на Клиниката за пластична хирургија, јави дописникот на МИА од Белград.  Десет лица повредени во пожарот во дискотека во Кочани се хоспитализирани на ВМА од кои […]

Русија нападна украински град со дронови, најголем напад во последните години


 Русија ноќеска го изврши својот „најголем напад во последниве години“ врз Кропивницки, град во областа Кировохрад, објави регионалниот гувернер Андриј Рајкових. Според полициските информации, најмалку 10 лица се повредени, меѓу кои и четири деца. Неколку жртви се хоспитализирани. Еден од повредените, кој е во критична состојба, се здобил со изгореници на 90 отсто од телото. […]

У19: Македонските фудбалери ќе одиграат два дуели со Албанија во Корча


Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Албанија. Контролните средби ќе бидат одиграни на градскиот стадион во Корча Првиот дуел е закажан за 21. март со почеток во 15. Часот, а два дена подоцна на програмата е втората контролна пресметка, која ќе започне во 12. часот. Селекторот […]

ДР Конго е подготвен да склучи договор со САД „минерали за безбедност“


Претседателот на Демократска Република Конго, Феликс Чисекеди во интервју за „Фокс њуз“ истакна дека неговата земја е подготвена да биде партнер со САД во договор „минерали за безбедност“. Тој наведе дека таквото партнерство ќе му овозможи на ДР Конго да ископува и преработува важни минерали во корист на американските компании, како и да ја зајакне […]

Студентите од Белград му објавија „војна“ на провладиниот „Информер“


  Студентите на Факултетот за политички науки во блокадата објавија видео со наслов „Знаеш што велат? На лагите им се кратки нозете“, во кое собраа дел од медиумските манипулации и невистини изнесени во програмата на ТВ Информер и на страниците на истоимениот таблоид. Ова е првото видео објавено откако студентите на ФПН и објавија медиумска […]

ФЕД ги задржа каматните стапки стабилни, но најави две намалувања оваа година


Банката на федерални резерви, во внимателно следената одлука во средата, ја задржа својата линија за референтните каматни стапки, иако покажа дека најверојатно ќе има намалувања подоцна во годината. Соочен со итна загриженост за влијанието на тарифите врз забавената економија, Федералниот комитет за отворен пазар ја задржа целната клучна стапка на задолжување во опсег помеѓу 4,25%-4,5%, […]

Трамп денеска потпишува уредба за укинување на Министерството за образование


 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска планира да потпише извршна наредба со која наредува затворање на Министерството за образование на САД, изјави претставник на Белата куќа. Овој чекор претставува исполнување на неговото предизборно ветување за елиминирање на оваа институција, која долго време беше мета на конзервативците. Трамп често го нарекуваше Министерството за образование расипничко и под […]

Чудесна четвртина на Лука Дончиќ: ЛА Лејкерс го победија Денвер


Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен го совлада Денвер Нагетс со 120:108 во натпревар кој го пропуштија три силни имиња во НБА. Леброн Џејмс поради повреда не играше за Лејкерс, а за Нагетс не играа Никола Јокиќ и Џамал ​​Мареј. Играше Лука Дончиќ и тоа ја направи разликата во корист на домаќините од Лос Анџелес. […]

Во Турција протести поради притворањето на градоначалникот на Истанбул


 Илјадници студенти синоќа се собраа во кампусот на Универзитетот во Истанбул поради притворањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и покрај четиридневна забрана за јавни собири и протести до 23 март, со цел да се „одржи јавниот ред и да се спречат потенцијални провокации“. Протестите уследија по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и […]

Израелската војска рано утринава пресретнала ракета истрелана од Јемен


Израелската војска соопшти дека рано утринава пресретнала ракета истрелана од Јемен. Сирени за воздушен напад се огласија во Тел Авив, Ерусалим и неколку други области на Израел. „Ракета, истрелана од Јемен, беше пресретната од воздухопловните сили пред да навлезе во израелскиот воздушен простор. Во согласност со протоколот, активирани се сирените“, се вели во соопштението на […]

Мартовски Самит на ЕУ: Главни теми конкурентноста, Украина и европската одбрана


Конкурентноста на ЕУ, последните настани поврзани со Украина и следните чекори во напорите за зајакнување на европската одбрана, ќе бидат главни теми на мартовскиот редовен Самит на Унијата, што започнува денеска во Брисел.  Покрај ова, шефовите на држави или влади на членките на ЕУ ќе разговараат и за следната Повеќегодишна финансиска рамка (МФФ) на блокот […]

Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани


  Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани. Во трагедијата што се случи во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во село Облешево, додека погребите на други […]

Професорот Калајџиев вели дека премиерот премногу се меша во истрагата за Кочани


  Професорот по кривично право на УКИМ, Гордан Калајџиев, вели дека не е многу оптимист од досегашните истраги околу трагедијата во Кочани. Тој наведува пет причини зошто мисли така, а како прва го наведува мешањето на премиерот Христијан Мицкоски во истрагата. Во објава на Фејсбук Калајџиев пишува: „Јас не сум толку оптимист за досегашните истраги […]

Сенаторката Лиза Мурковски: Моите републикански колеги се „плашат“ од Трамп и Маск


  Сенаторката на Алјаска, Лиза Мурковски, рече дека нејзините републикански колеги се плашат да ги предизвикаат претседателот Доналд Трамп или Илон Маск, предупредувајќи дека би можела да се соочи со скап примарен предизвик поради нејзината критика кон администрацијата. „Тие гледаат колку работи ми се фрлаат, и тоа е како: ‘Можеби е подобро да се наведнам […]

Приведен раководител во општина Маврово Ростуше за примање поткуп


Полицијата денеска го привела раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше, фатен како зема мито. – Денеска (19.03.2025), полициски службеници го лишиле од слобода С.Е., раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово Ростуше. Тој бил фатен во угостителски објект во Скопје при примање поткуп. Имено, тој […]

Еврокомесарката Екатерина Захариева и група европски земји во лов по научници од САД


  Група европски земји смислуваат стратегија за „крадење“ на истражувачи во Соединетите Држави како одговор на намалувањата на американската влада во образованието и истражувањето. Дванаесет влади рекоа дека на Европската унија ѝ треба „бум на атрактивност“ за да донесе таленти од странство „кои би можеле да страдаат од мешање во истражувањето и лошо мотивирани и […]

Основниот суд Кочани изрече краткотраен притвор во траење од уште 48 часа за сите 16 лица досега опфатени во случајот за пожарот


Основниот суд во Кочани донесе решение со кои се продолжува притворот за сите 16 лица досега опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ и им изрече мерка краткотраен притвор во траење од уште 48 часа, потврдуваат од судот за МИА. ЈОРСМ, претходно информира дека Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд доставил предлози за […]

Регистрирани два земјотреси во Струмичко


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.8. и интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во Струмичко. – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 18 часот и 33 минути регистрираше земјотрес […]

Утре неработен ден во Кочани


Владата вечерва одржа вонредна онлајн седница и донесе четири заклучоци што се однесуваат на деновите на жалост и на погребот на настраданите во пожарот во Кочани, кој ќе се одржи утре. Се задолжуваат државните институции, а се препорачува на локалната самоуправа и на работадавачите од приватниот сектор да ги ослободат од работа и работни обврски […]

В петок повторно Совет за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ


Советот за безбедност на Обединети нации на 21 март повторно ќе одржи консултации зад затворени врати за ситуацијата во Босна и Херцеговина. Како што објави сараевскиот портал Кликс (Klix.ba), состанокот го побарала Словенија во договор со други европски земји-членки на СБ на ОН. Ситуацијата во БиХ пред СБ на ОН ќе биде претставена од американската […]