Студентите во Ниш утре ќе собираат парични средства за семејствата на повредените во пожарот во Кочани


Студентите во Ниш ќе собираат утре парични донации за помош за семејствата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани.  Студентите првично ќе им доделат медали на оние кои пешачеле или возеле велосипед до Белград на протестите, потоа ќе организираат изложба по повод 100-те дена од блокадата и во исто време – ќе собираат пари […]

САД му забранија влез на француски научник поради „лично мислење“ за Трамп


  Француската влада во четвртокот соопшти дека на француски научник му бил одбиен влез на територијата на САД поради коментарите што ги искажал против политиките донесени од американскиот претседател Доналд Трамп. Францускиот министер за високо образование Филип Батист рече дека „со загриженост дознал дека на француски академик кој одел на конференција во Хјустон му бил […]

Уште две старици измамени за 16.000 евра – наводно ќерките прегазиле деца мигранти


На 19.03.2025 година во 20.25 часот во СВР Скопје, 81-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака […]

32 европратеници бараат Фон дер Лајен да не се сретне со Вучиќ идната недела


  Триесет и двајца европратеници ја повикаа Урсула фон дер Лајен да ја преиспита нејзината претстојна средба со српскиот претседател Александар Вучиќ со оглед на влошената политичка криза во Србија. Во писмото испратено денеска, тие ја обвинуваат ЕУ дека го игнорира демократското назадување на Србија. Во писмото на европратениците се наведува дека тие пишуваат за […]

Црвен крст: Oбезбедени 34.836.205 денари за настраданите во пожарот во Кочани


Црвениот крст соопшти дека се обезбедни вкупно 34.836.205 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани. Од Црвениот крст повикуваат и понатаму сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства преку: –       Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен […]

И Ауди се откажува од плановите за целосна електрификација


Плановите автомобилската индустрија целосно да премине кон електрична енергија до почетокот на 2030-тите стануваат утописки. Така барем сугерираат најновите информации од таборот на најголемите производители. Последен во низата е Ауди, кој сериозно ја преиспитува својата претходна најава дека ќе нуди исклучиво електрични автомобили од 2032 година. Податоците за продажба за 2024 година покажуваат дека побарувачката […]

ЕУ за апсењето на Имамоглу: Очекуваме Турција да ги применува највисоките демократски стандарди и практики


Брисел – Почитувањето на основните права и владеењето на правото се од суштинско значење за процесот на пристапување во ЕУ и тие ќе останат составен дел од односите меѓу Унијата и Турција, порачаа високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и еврокомесарката за проширување Марта Кос по повод приведувањето на […]

Петмина вработени во Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци загинаа во Газа


Петмина вработени во Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестински бегалци (УНРВА) се убиени во изминатите неколку дена, изјави денеска шефот на агенцијата, Филипe Лазарини. „Уште петмина вработени во Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци се убиени во последните неколку дена, со што вкупниот број на загинати се искачи на 284. Тие […]

Опозицијата во Србија побара формирање преодна влада


Белград – Парламентарната опозиција во Србија денеска официјално побара формирање преодна влада – „Влада на доверба на народот“, јави дописникот на МИА од Белград. Според нив, формирањето привремена преодна влада е единственото решение за надминување на кризата по падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. „Покрај нас…за ова зборуваа и непарламентарните организации […]

Коцевски за „Политика“: Неприфатлива е политичката злоупотреба на трагедијата во Кочани


Оваа трагедија има димензии на национална катастрофа. На политиката не само што не и е тука место, туку таквата злоупотреба на трагедијата е апсолутно недопустлива. Мора да бидеме обединети, затоа што наш заеднички цел е да ги казниме сите одговорни и да обезбедиме дека ваква трагедија никогаш повеќе да се повтори, изјави државниот јавен обвинител […]

Погребани членовите на ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани


 Членовите на бендот ДНК кои починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се погребани денеска. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, е погребан на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи […]

Објавени имињата на жртвите во пожарот во дискотеката во Кочани


  Министерството за здравство попладнево ги објави имињата на жртвите во пожарот во дискотеката во Кочани, што се случи рано наутро во неделата. „Не постои збор со што можеме да ги искажеме болката и тагата што ги чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани. Ги објавуваме имињата на жртвите и […]

Цената на бакарот се доближува до рекордни нивоа


Клучниот индустриски метал надмина 5 долари за фунта (0,45 кг) за прв пат по неколку месеци, што сугерира дека загриженоста за снабдувањето ќе ги надмине глобалните економски нарушувања. Порастот на цените на бакарот е целосно поттикнат од стравувањата од можни универзални царини за целиот увоз на бакар во САД, велат аналитичарите, посочувајќи дека тие се […]

Средствата од концертот „Без зборови“ ќе бидат донирани за настраданите од пожарот во Кочани


Филхармонија денеска соопшти дека концертот „Без зборови“ што ќе се одржи на 27 март ќе биде хуманитарен, а средствата од билетите ќе бидат донирани во фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани. – Македонската филхармонија во овие тешки моменти за сите нас, сочувствува со семејствата на жртвите во страотната несреќа во Кочани. Ве информираме […]

На Украина и е исплатен заем од милијарда евра, кој ќе биде отплатен со приходите од замрзнатиот руски имот


Брисел – Европската комисија денеска соопшти дека исплатила дополнителна транша од една милијарда евра од заемот за макрофинансиска помош за Украина, која ќе биде отплатена со приходите од замрзнатиот руски имот во Европската унија. „Со денешната исплата од една милијарда евра, ја потврдуваме нашата цврста посветеност на Украина. Ние и помагаме на економијата на земјата […]

Каспаров: Путин и Трамп прават пакт за грабеж и поделба на Украина


„Oва изгледа само како пакт меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин за грабеж и поделба на Украина меѓу нив“, коментира рускиот дисидент и поранешен шампион во шах Гари Каспаров во врска со последните преговори меѓу Русија и САД за мир во Украина.  Претседателот Доналд Трамп предложи САД да ја преземат контролата врз украинските нуклеарни централи, […]

Знаевте ли дека веќе две децении пролетта пристигнува ден порано?


Во 10:01 часот денеска, 20 март, официјално пристигна пролетта и иако многумина од нас почетокот на оваа сезона го поврзуваат со 21 март, таа веќе две децении пристигнува еден ден порано. Денеска, 20 март, е рамноденица, односно време на еднаквост на ноќта и денот, што всушност го означува почетокот на пролетта. Во времето на рамноденицата, […]

Нафтената индустрија на Србија поднела барање за бришење од листата за санкции на САД


Нафтената индустрија на Србија (НИС) објави дека поднела барање до Министерството за финансии на САД за отстранување на НИС од списокот СДН (Specially designated Nationals). Бидејќи процесот на бришење е долг, НИС, додека чека одговор, поднесе ново барање до Министерството за финансии на САД за продолжување на првичната специјална дозвола, која беше издадена на 26 […]

Банон: Трамп ќе оди на трет мандат, имаме план за победа


Група луѓе блиски до американскиот претседател Доналд Трамп работи на тоа тој да се кандидира и да биде избран за трет мандат, и покрај уставното ограничување од два мандати, изјави поранешниот главен стратег на Белата куќа Стив Банон за NewsNation. – Работиме на тоа. Мислам дека ќе имаме неколку алтернативи. „Ќе видиме каква е дефиницијата […]

Студенти од сите факултети во Крагуевац даруваат крв за повредените во пожарот во Кочани


 Студенти од сите факултети на Универзитетот во Крагуевац денеска учествуваат во доброволна крводарителска акција за повредените во пожарот во Кочани, јави МИА. Одделението за трансфузија на Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац беше преполно од осум часот наутро, а студентите истакнаа дека на тој начин сакаат да им помогнат на повредените пациенти од Кочани, но и […]