ЕК: Целта на одлагањето на контрамерките на американските царини е да се најде одговор во интерес на бизнисот и потрошувачите


Одлагањето на стапувањето во сила на контрамерките на ЕУ на американските царини за две недели, е со цел да се одговори на соодветен начин што ќе го одразува интересот на бизнисот и потрошувачите во Унијата, изјави денеска главната портпаролка на Комисијата, Паула Пињо.  Во одговор на прашање што точно чека Европската комисија да се случи, […]

И новинарството замолче во Кочани


  За најтажниот настан вчера во Македонија граѓаните масовно се информираа од странски медиуми. Имено, цел свет објави фотографии од погребот на педесет загинати, а кај нас повеќето медиуми имаа во најдобар случај некролози како фотографија или имаа – само црна позадина. Практично, се случи срамота, бидејќи загинатите не добија заслужено медиумско покривање во сопствената […]

Македонските фудбалери против Лихтенштајн со темни дресови за жртвите во Кочани


Со темни дресови во знак на почит кон жртвите од катастрофалниот пожар во Кочани ќе настапат македонските фудбалери на утрешниот натпревар против Лихтенштајн во Вадуц во рамки на мундијалските квалификации. Со темни дресови во знак на почит кон жртвите од катастрофалниот пожар во Кочани ќе настапат македонските фудбалери на утрешниот натпревар против Лихтенштајн во Вадуц […]

Тошковски тврди дека нема селективни апсења


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес конференција соопшти  дека се  поднесени две кривични пријави за вкупно 34 индивидуални  и три правни лица.Како што вели, МВР во соработка со ОЈО ја завршила првата фаза од постапувањето околу пожарот во дискотеката во Кочани. -Поднесени се две кривични пријави против вкупно 34 физички лица и три […]

Литванија е подготвена да испрати војници во Украина


Брисел – Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа изјави денеска дека неговата земја е подготвена да испрати свои војници во Украина, како дел од мисијата која би дејствувала по примирјето. „Мојата земја е подготвена да ја даде потребната поддршка. Зборувам за многу конкретни бројки на војници. Сепак, треба да има посветеност од сите земји во оваа коалиција […]

Конфискувањето на речиси 200 милијарди евра замрзнати руски средства во Европа ќе биде „акт на војна“


Брисел – Конфискувањето на речиси 200 милијарди евра замрзнати руски средства во Европа ќе биде „акт на војна“, изјави белгискиот премиер Барт де Вевер. Говорејќи по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел, тој предупреди дека тој потег ќе носи „системски ризици за целиот глобален финансиски систем“ и ќе предизвика одмазда од Москва, пренесува порталот Политико. […]

Повредени тројца припадници на АРМ: Армиското возило било удрено од цивилно возило


Денеска на патниот правец Штип-Кочани во 13:00 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна незгода, односно армиското возило било удрено од цивилно возило во задниот дел, информираат од АРМ. Притоа тројцата припадници се полесно повредени и се пренесени […]

Општина Чаир донира милион денари за семејствата на жртвите од Кочани


На денешната вонредна седница на Советот на Општина Чаир, беше усвоен предлог за распределба на еден милион денари за помош на семејствата на жртвите од трагедијата која се случи во Кочани. Овој чекор на Советот на Општина Чаир претставува израз на солидарност и ангажман  во тешки времиња, како и силна порака дека заедницата стои обединета […]

Митева: Црвениот крст им префрли по 150.000 денари на сите семејства со пациенти во странство


Нема потреба од формирање посебни фондови, од повикување на граѓаните да донираат директно на семејствата кои имаат пациенти во странски држави, затоа што државата им плаќа сѐ, вели портпаролката на Владата, Марија Митева.  Дополнително, веќе се знае дека лекувањето на пациентите во сите држави кои ги презедоа е на сметка на Европската унија преку механизмот […]

Дисидент од советската ера осуден на 16 години затвор поради антивоени ставови


  Дисидент од советската ера е осуден на 16 години затвор во Русија поради неговите антивоени ставови, во случај за кој набљудувачите велат дека нагласува како репресијата во земјата сега надминува дури и делови од советскиот период. Александар Скобов, 67-годишен целоживотен дисидент, беше осуден во петокот од страна на воениот суд во Санкт Петербург поради […]

Тргнат штандот за свеќи и книгата на жалост во Кочани, граѓаните реагираат


Жителите на Кочани утрово реагираат на отстранувањето на штандот за свеќи и книгата на жалост во спомен на настраданите во големиот пожар. „Зошто е отстранет штандот за свеќи и книгата на жалост иако сѐ уште трае седумдневната жалост“, прашуваат граѓаните. Граѓаните на Кочани со огорченост реагираат на отстранувањето на штандот за палење свеќи и книгата […]

Сите 59 жртви од пожарот во Кочани починале од задушување


Кај сите 59 настрадани, причината на смртта е насилна и настанала заради насилно задушување и е во директна поврзаност со пожарот. Кај дел од нив се пронајдени изгореници од прв или втор степен, кај тројца имаше изгореници од 4 степен, меѓутоа причината за смрт е задушување, информира денеска првиот човек на Судска медицина, Александар Станков […]

Почина момче, 16. жртва од настрешницата во Нови Сад


  В.Ц. (18), младич повреден при уривањето на настрешница во Нови Сад на 1 ноември минатата година, починал на Воено медицинската академија (ВМА), соопштија од здравствената установа. Со тоа бројот на жртвите во трагедијата се искачи на 16. „Пациентот В.Ц. (роден 2006 година), кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад и […]

Пазарните инспектори вчера констатираа дека 13 угостителски објекти не исполнуваат минимум технички услови


Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот пазарен инспекторат од извршени 82 контроли констатирано било дека 13 угостителски објекти не исполнуваат минимум технички услови. Како што информира портпаролот на Влада Марија Митева на денешната прес-конференција на овие правни лица ќе им биде одземена лиценцата и ќе имаат забрана за вршење на дејноста.  – […]

Дискотеката „Пулс“ не е дивоградба, но не е наменета за дискотека


Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска на прес-конференција, оградувајќи се дека нема доволно информации, рече дека објектот на дискотеката „Пулс“ и неговата градба не била спорна до 2012 година, кога според него, почнала реадаптацијата за да почнат да се одржуваат забави. – Објектот е изграден во 1999 година според важечки план во рамки […]

Кумбароска Ванбeсин: Вештачката интелигенција треба да се разбере како добра алатка за поефикасно и побрзо работење


Во најновата епизода на поткастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, гостин е Марија Кумбароска-Ванбесин, доверлив советник за стратешки вработувања на високи позиции во одбори и во извршното раководство на консултантското претпријатие „Корн Фери“ во Брисел, која изнесува ставови за значењето на човечките ресурси во остварувањето раст и развој во […]

Холандија планира да го зголеми бројот на војници во своите вооружени сили


Холандското Министерство за одбрана планира да регрутира повеќе луѓе за да ги зголеми своите вооружени сили поради зголемените тензии во светот, објавија денеска холандските медиуми. Иако првичниот план на холандското Министерство за одбрана беше да го зголеми бројот на воени лица на 100.000, извори на кои се повикува порталот Nos.nl наведуваат дека желбата во Хаг […]

Седум пациенти на токсикологија поради вдишани отровни гасови од пожарот во „Пулс“


Седум пациенти во моментов се на Клиниката за токсикологија кои што вдишале голема количина на отровни гасови, вели д-р Андон Чибишев од ЈЗУ УК Tоксикологија Скопје за лицата кои што биле во кочанската дискотека „Пулс“. Чибишев информира дека пациентите немаат механички повреди туку се со инхалоторни повреди од отровните гасови. -Добрата вест е што сите […]

Контрола во угостителските објекти во Битола


Општина Битола во соработка со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и СВР Битола, спроведе низа активности за контрола на угостителските објекти во градот. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола денеска информираат дека Општинскиот инспекторат на терен врши проверка на сите категоризирани објекти на физички лица што се под општинска надлежност, односно се контролира […]

Русите сакаат да заврши војната, ја губат вербата во Трамп и сакаат мир според нивни услови


  Руското општество е подготвено да стави крај на конфликтот, пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на анализа на социјалните мрежи спроведена од аналитичката компанија „ФилтерЛабс“ со седиште во Масачусетс. Во исто време, општеството е скептично за какви било отстапки за Украина. „Сликата е сложена за сè што е поврзано со Украина и Русија. Иако во […]