Без струја дел од корисниците во Бутел, Зелениково, Карпош и Ѓорче Петров


Без електрична енергија денеска од 8 до 15 часот ќе бидат корисниците од ул. „62“ во Радишани во општина Бутел, а од 9 до 13 часот, корисниците од бул. „Партизански Одреди“ бр.102  во општина Карпош, го пренесува РЦУК -Скопје известувањето од ЕВН Македонија. Струја ќе немаат и корисниците од Градовци, Тисовица, Гумалево, Пакошево, Спектар Комерц, […]

Променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 62 до 22 степена. Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната […]

Огромни 74 отсто од граѓаните на Хрватска не го поддржуваат Трамп: нова анкета


  Доналд Трамп во последните два месеци тектонски ја потресе светската политичка сцена. Огромно мнозинство на Хрватите не ги поддржува неговите политики, произлегува од новата анкета ХРејтинг на ХТВ. Тие не мислат дека ова е „новото нормално“ во светската политика. Според податоците, најголемиот број од испитаниците, 58,8 отсто, воопшто не го поддржуваат она што го […]

Србија ќе увезува премиер од дијаспората, Вучиќ има три предлози


  Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека има три или четири имиња на кандидати за мандатар за состав на новата влада и дека за тоа ќе разговара само со оние партии кои се заинтересирани, за да не се создаде циркус. Извори на „Данас“ наведуваат дека сите тројца кандидати кои моментално се во оптек како […]

Канада оди на итни избори на 28 април, премиерот Карни бара јасен мандат да се справи со Трамп


  Канадскиот премиер, Марк Карни, распиша предвремени избори на 28 април, со што започна натпреварот кој се очекува да се фокусира на заладените односи со САД во услови на закани за економската и политичката иднина на Канада. „Се соочуваме со најзначајната криза во нашиот живот поради неоправданите трговски акции на претседателот [Доналд] Трамп и неговите […]

Жителите на Кочани бараат револуција на свеста, а не партиски поделби


  Граѓаните на Кочани денеска организираа 60-минутен марш со молк, како симболична почит за сите 60 лица кои починаа како последица од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи минатата недела. Без транспаренти и тивко, колоната граѓани помина по улиците во централното градско подрачје и стигна пред зградата на Општина Кочани. Со мотото „Молкот зборува […]

Главниот ривал на Ердоган во затвор. Тој денеска доби 15 милиони гласови на примарните избори


  Судот во Истанбул формално го уапси градоначалникот на градот, Екрем Имамоглу, под обвинение за корупција, испраќајќи го во истражен затвор на денот кога се очекува да ја добие номинацијата на неговата партија за претседател. Градоначалникот на најголемиот турски град и ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, беше затворен под обвинение за водење на криминална […]

Во тек е операција вината да му се префрли на Крешник Бектеши, вели Ивон Величковски


  Поранешниот пратеник и поранешен претседател на Либералната партија, Иван Величковски, вели дека во тек била операција „да му ја префрлиме вината на Шиптарот (Крешник Бектеши)“, поддржан со операцијата „огномети во Скопје“. Во подолга објава на Фејсбук Величковски прави своевидан анатомија и за она што се случувало пред трагедијата во Кочани. Па, пишува: „Од моментот […]

Првите пет пациенти од странство ќе се вратат идната недела


  Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои што се лекуваат надвор од државата, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари по состанокот на Кризниот штаб за повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Како што соопшти Таравари, петте пациенти се очекува да пристигнат во среда или […]

Нијагарините водопади вечерва во боите на македонското знаме во чест на жртвите од пожарот во Кочани


Вечерва во 21:00 часот по средноевропско време, Нијагарините водопади 15 минути ќе бидат осветлени во боите на македонското знаме во чест на жртвите од трагичниот пожар во Кочани. „Се надеваме дека ќе ни се придружите, застанувајќи во солидарност со македонската заедница, додека се сеќаваме и им оддаваме почит на оние што ги загубија животите, како […]

На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа


На Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје во моментов се лекуваат десет пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од кои на шест веќе им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници, информираше денеска директорот на Клиниката, Небојша Настов на заедничката прес-конференција со портпаролите на Владата, Марија Митева и Венера Љатифи […]

Студентскиот протест на платото на УКИМ не е откажан, ќе се одржи. Некој манипулира


  Големи политички замешателства се случуваат околу најавениот судентски протест на платото на УКИМ закажан за утре во 13 часот. Прво Независниот студентски сојуз (НСС) со порака до медиумите објави дека протестот е откажан заради политичко мешање со едно видео, за потдоцна да стигне демант на тоа. Како што велат од НСС, пленумот ќе се […]

Тежок удар за „Ферари“: Леклер и Хамилтон дисквалификувани по трката во Шангај


  Возачите на „Ферари“, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, кои завршија на петтото и шестото место на неделната трка за Големата награда на Кина во Шангај, останаа без бодови откако судиите ги дисквалификуваа поради неправилности забележани на нивните болиди. Тежината на „ферарито“ управувано од Леклер беше под пропишаната вредност на мерењето по трката, што резултира […]

Нови критики за Вучиќ во Србија поради посетата на повредените од Кочани


  На денешната протестна прошетка на студентите и граѓаните во Ниш професорката по микробиологија на Медиционскиот факултет во Ниш, Сузана Оташевиќ, зборуваше и за тоа како политичките функционери во Србија, посебно претседателот Александар Вучиќ, ги искористил пациентите од Кочани кои се донесени на лешње во Србија  за политичко рекламирање и промоција. Таа рече дека тоа […]

Независниот студентски сојуз го откажа собирот на платото на УКИМ поради политичка вмешаност


  Независниот студентски сојуз во соопштение вели дека „е огорчен и разочаран од политички влијанија и мешање во нашите искрени и чесни намери“. Во соопштението се вели: „Денес сведочиме за видео материјал со кој се потврдува политичката вмешаност. Огромна група на студенти е жртва на обид за манипулација и тоа не сакаме да го дозволиме. […]

Забрчанец бара да запрат клеветењета и хушкањето против него кои шират омраза


  Марјан Забрчанец, кој беше национален координатор за Отворен Балкан, денеска преку објава на Фејсбук побара да биде повлечено неговото име од медиумите и тнр. „медиуми“ од клеветењата, навредите, хушкањата, етикетирањата и дезинформациите и да се извинат за намерното предизвикување и ширење омраза и гнев и тоа во време на национална трагедија. „Бидејќи сакаат да […]

Папата Франциско се појави на болничкиот балкон и се врати дома во Ватикан


  Папата Франциско ја поздрави големата толпа верници собрани пред болницата „Џемели“ во Рим на неговото прво појавување во јавноста по повеќе од пет недели, пред да биде отпуштен од болницата во недела. Понтифот, кој се опоравува од пневмонија на двете бели дробови, краткиот поздрав и благослов ги упати од балконот на неговата болничка соба […]

Левица е зачудена зошто не се води истрага за сегашниот директор на Пазарниот инспекторат


  Партијата Левица денеска преку соопштение прашува зошто полицијата и обвинителството го „поштедиле“ од истрага сегашниот директор на Државниот пазарен инспекторат, а е во притвор претходниот. „Согласно чл. 8 од посебниот Закон за Државен пазарен инспекторат токму ДПИ е изрично надлежен за ‘изрекување инспекциски мерки со цел отстранување на утврдени неправилности’.   Дополнително, во Законот […]

Владата бара да не се шпекулирало со „манипулативни наративи“ за Кочани


  Седумдневната национална жалост прогласена од Владата за трагедијата во Кочани завршува денеска, но со несмален и невиден интензитет ќе продолжи истрагата која ќе биде правична и темелна, порачаа денеска на прес-конференција владините портпаролки Марија Митева и Венера Љатифи-Азизи. Митева апелираше да не се шпекулира и со невистини и манипулативни наративи да се злоупотребува трагедијата […]

Зајкова од ЛДП бара целосен ветинг на функционерите од 1991 до денес


  Целосен ветинг и детална проверка на избраните и именуваните функционери, но и на овластените инспектори, цариници, полицајци и сите критични професии, подложни на влијание и корупција, бара претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова. „Трагедијата во Кочани и неизмерната тага која нѐ обви сите нас е врвот на проблемот, […]