Откриен идентитетот на бугарските шпионки кои оперирале во Велика Британија


Две жени кои биле дел од руска шпионска мрежа оперирана од Велика Британија се именувани за прв пат во истрага на Би-Би-Си. Бугарските државјанки Цветелина Генчева и Цветанка Дончева учествувале во сложени операции за следење на лица кои биле цел на шпионажа. Кога ги контактираше Би-Би-Си, и двете одбија да коментираат. Генчева, која работи на […]

Викендов почнува летно сметање на времето


Летното сметање на времето во 2025 година почнува на 30 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час нанапред, до 03:00 часот. Според некои извори, целта на оваа постапка била да се искористи дневната светлина и да се заштеди потрошувачката на енергија.   Во последните години многу земји сакаа да го […]

Премиера на документарниот филм „Промени го крајот на нечија приказна”


Вечерва, во 19 часот, во кино „Фросина“ во МКЦ,  ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Промениго крајот на нечија приказна”, изработен во рамките на проектот „Поддршка на системот за трансплантација” финансиран од Европската Унија. Документарниот филм ги следи животните приказни на пациенти, донори и медицински професионалци кои се дел од системот за трансплантација во […]

Доделување на новинарските награди „Никола Младенов“ за 2024 година


Македонскиот институт за медиуми денеска ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов“ за 2024 година. Наградите ќе бидат доделени во три категории: за најдобра истражувачка сторија (прва, втора и трета награда), најиновативен новинарски производ и за најдобра репортерска фотографија. На добитниците на наградите ќе им биде врачен сертификат и парична награда од 60.000 денари поединечно […]

ОН повлекува третина од меѓународниот персонал во Газа по израелските напади


Њујорк– Обединетите нации повлекуваат околу една третина од својот меѓународен персонал од Појасот Газа по нападот врз персоналот на ОН во областа, изјави портпаролот. -Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш „донесе тешка одлука“ да го намали бројот на персоналот на ОН во Газа, изјави портпаролот Стефан Дужариќ во Њујорк. Тој нагласи дека ОН не ја […]

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд


Велингтон– Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот остров на Нов Зеланд, соопштија локалните власти. Според соопштението, земјотресот бил на длабочина од 33 километри, на околу 160 километри северозападно од островот Снарес. Жителите на регионите Саутленд и Фиордленд се предупредени да бидат подалеку од плажите и морските области […]

Слаткар и Тони Зен го одложија концертот за октомври


Слаткаристика се огласи на својот фејсбук профил каде напиша: Не ни е до песна, не ни е до сцена, не ни е до светло, не ни е до микрофон. Ова што се случи… ја скина душата на цела нација. Нè боли. Нè дави. И не можеме да се правиме дека не е така. Затоа, заедно […]

Хуманитарен концерт на Националниот џез-оркестар со Марија Мендеш


Kонцертот на Националниот џез-оркестар што вечер во 20 часот ќе се одржи во Националната опера и балет ќе биде од хуманитарен карактер. На концертот ќе гостува Марија Мендеш, португалска пејачка и композиторка што живее во Холандија, а настанот ќе има хуманитарен карактер.  -Средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во […]

Делови од Зелениково и Чучер Сандево без струја


Без електрична енергија денеска од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат дел од корисниците од местото викано Бразда во село Зелениково. Во периодот од 9:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Побожје, Бродец, Брест, Танушевци и Малино во Општина Чучер Сандево. Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани […]

Се огласија од ФФМ по веста дека Дени Масев е приведен


 Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи во врска со медиумските написи дека директорот на сениорската репрезентација Данчо Масев е приведен, истакнувајќи дека од пред извесен период е разрешен од должноста, а Федерацијата нема информации околу „личните постапки“ кои довеле до негово апсење. „Во врска со приведувањето на Данчо Масев, истакнуваме дека ФФМ нема информации […]

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 22 март 2025 година, 83-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 282 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 28 минути, а ќе зајде во 17 часот и 52 минути. Денов трае 12 часа и 23 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Зеленски спие под слика од запалениот Кремљ (Фото)


Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека чува слики над својот кревет на кои, меѓу другото, се гледа како Кремљ гори. Магазинот Тајм, кој го посети украинскиот претседател во неговата канцеларија, опишува три слики во масло кои висат над креветот. Едната покажува руски воен брод како тоне во Црното Море, другата прикажува украински војници кои се […]

Унгарија: Украина не може да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан


Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска го отфрли „огромниот притисок“ од Брисел да ѝ се даде на Украина приоритетен пристап во Европската унија (ЕУ), инсистирајќи дека Украина не може да стане членка пред земјите од Западен Балкан. Зборувајќи на конференцијата со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Сијарто предупреди дека членството на […]

Годишнина од бомбардирањето на Србија од силите на НАТО


Одбележувањето на Денот на сеќавањето на загинатите во агресијата на НАТО во 1999 година на воениот аеродром во Батајница кај Белград започна со комеморација и едноминутно молчење за жртвите. На почетокот на комеморативниот собир, патријархот на Српската православна црква Порфирије и свештенството отслужија панихида, а потоа собирот со едноминутно молчење им оддаде почит на жртвите. […]

Кој е следен? Системот!: Протестен марш на илјадници луѓе во центарот на Скопје


  Повеќе илјади граѓани, главно млади луѓе, вечерва и покрај дождот, се собраа во центарот на Скопје во рамките на протестот на движењето „Кој е следен?“ Протестот започна со триминутен молк за загинатите во Кочани и со положување цвеќе на плоштадот „Македонија“. Потоа присутните се упатија кон Собранието. Оттаму маршот се упати кон „Холидеј ин“ […]

Трамп воведува 25 отсто царини за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела


Американскиот претседател Доналд Трампденеска соопшти дека воведува 25 отсто царини за сите увози од земји што купуваат нафта или гас од Венецуела. Новите, таканаречени секундарни царини против Венецуела, треба да стапат во сила од 2 април, објави Трамп на неговата платформа „Truth Social“, пренесува ДПА. Како една од причините за оваа мерка, Трамп го наведе […]

Одново пуштен во употреба мостот пред Солун на автопатот од Атина


– По речиси 14 месеци реконструкција, мостот на реката Вардар (Аксиос) во Грција на автопатот Атина-Солун денеска беше пуштен во употреба, со што ќе се нормализира сообраќајот кај патарината Малгара кусо пред влезот во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за мост што е дел од автопатот во правец кон Солун од […]

Од психијатриска установа избегал напаѓачот што ја застрела социјалната работничка во Прилеп


Социјалната работничка која беше застрелана во Прилеп е повредена и е вон животна опасност, информираше Јавното обвинителство. Дежурен јавен обвинител извршил увид на самото место. Напаѓачот подолго време ја демнел жртвата, а имал избегано од психијатриска институција, соопшто Јавното обвинителство. „Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во простории […]

Дисциплинска за полицаецот и кривична за синот што му ја употреби службената легитимација


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презеде мерки и активности, постапувајќи по претходна пријава дека Ф.Х. ја злоупотребил службената легитимација на неговиот татко И.А.Х., полициски службеник во Полициското одделение Сарај. Имено, по преземени мерки било констатирано дека Ф.Х. на 21.03.2025, управувајќи приватно моторно возило, следел друго лице […]