Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, се сослушуваат обвинетите


 Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште беше сослушуван обвинетиот Боре Видевски кој изјави дека под физичка тортура бил принуден да потпише изјава со која ќе изгледа виновен и дека по тепање со дрвена палка го натерале да каже дека го познаваа таткото на девојчето. […]

Изложба на цртежи на Јана Иванова- ја подигаме свеста за аутизмот


По повод 2 Април, Светскиот ден на свесноста за аутизмот, во Младин- скиот центар „Матично”, ќе биде отворена изложба на цртежи на Јана Иванова, ученичка во IV oдделение при ООУ. „Димитар Миладинов” oд Скопје. Изложбата ќе биде отворена до 30 април, а може де биде посетена секој работен ден од 10 до 16 часот.Нејзиното отварање […]

Почнува „Саем на мебел 2025“


Под слоганот „Инспирација за секој дом“ од денеска до 30 март ќе се одржи „Саемот на мебел 2025“ во комплексот „Борис Трајковски“ во Скопје. Саемот на мебел оваа година ќе биде организиран во четири специјални зони: двор и градина, аксесоари за домот и осветлување, мебел и внатрешен дизајн и рачни изработки и пратечка индустрија, со […]

Без вода дел од општина Карпош


Без вода денеска од 9:00 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Његошева“, „Бриселска“, „Софиска“, „Стокхолмска“, „Петар Драганов“, „Гаврил Лесновски“ и „Копенхагенска“ во Општина Карпош. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок од ф-100 милиметри на улица „Петар Драганов“ бр. 1б. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување […]

Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода


Без струја денеска од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат дел од жителите лоцирани на улица „Врполе“ во населба Лисиче, општина Аеродром. Во периодот од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Драгиша Мишовиќ“ бр.12/34, а од 9:00 до 15:00 часот дел од корисниците од улиците „Дрезденска“, „Римска“ и „Анкарска“ во […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно каде врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од […]

Македонија одигра нерешено со Велс (фото)


Фудбалската репрезентација на Македонија и Велс синоќа одиграа нерешено 1:1 (0:0) во 2. коло од квалификациите за СП 2026.  Бојан Миовски го отвори резултатот во 91-та минута од натпреварот, додека Дејвид Брукс израмни во последните секунди од судиското продолжение кое траеше шест минути. Навивачите во 59-тата минута со громогласен аплауз им оддадоа почит на 59-те […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 26 март 2025 година, 84-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 281 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 27 минути, а ќе зајде во 17 часот и 53 минути. Денов трае 12 часа и 26 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Џеј Ди Венс во петок ќе го посети Гренланд


Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека во петок ќе го посети Гренланд придружуван од висока американска делегација. „Со нетрпение очекувам да го посетам Гренланд во петок“, напиша Венс на Икс. Во посета на Гренланд ќе биде и сопругата на Венс, Уша Венс, како и американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц. 

Судството мора да има средства и буџет за независна работа, вели Рокас


Евроамбасадорот Михалис Рокас ја истакна позицијата на Европската Унија во врска со интерпелацијата на членови на Судскиот совет, разрешувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски и борбата против корупцијата. Рокас нагласи дека препораките на групата експерти мора да се следат и спроведат, бидејќи тие се дел од стандардите на ЕУ за владеење на правото и најдобрите […]

ЕУ за една недела ќе го прогласи „Јадар“ за стратешки проект вон Унијата, тврди српскиот претседател


Проектот за ископ на литиум Јадар во Србија, Европската унија ќе го прогласи  како нејзин стратешки проект надвор од ЕУ за седум или осум дена. Такво тврдење денеска од Брисел упати претседателот на таа држава Александар Вучиќ, јави МИА од Белград. По работната вечера со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот […]

„Не е употребен звучен топ“: Вучиќ на работна вечера со Фон дер Лајен и Кошта


  Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Брисел изјави дека ги известил највисоките претставници на Европската унија дека на протестот во Белград на 15 март не бил употребен звучен топ и дека српските власти се подготвени Брисел да го провери тоа. По работната вечера со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот […]

До крајот на неделава ќе се вратат неколку пациенти кои се на лекување во Австрија и во Белгија, вели Муцунски


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изјави дека динамиката на враќање на пациентите повредени во пожарот во дискотеката во Кочани кои се лекуваат во странство ќе зависи од нивната здравствена состојба и ќе се утврдува согласно дефинираните медицински протоколи. -Ние најавивме веќе викендот дека отпочнавме еден сложен процес на репатријација, односно како […]

Градоначалниците имаат уште една недела да обезбедат записници за безбедноста на објектите


До крајот на овој месец сите градоначалници треба да обезбедат записници за безбедноста за училиштата, градинките, спортските сали и за сите културни установи под нивна надлежност и тие да ги споделиме со Владата, на заеднички координативен состанок и со јавноста, информира вечерва градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на Заедницата на единиците на локалната […]

Во Албанија минатата година странските инвестиции достигнале рекордни 1,58 милијарди евра


Странските директни инвестиции во Албанија минатата година забележаа рекорден износ од 1,58 милијарди евра, со раст од 92 милиони евра или 5,6 отсто во однос на претходната година. Според податоците на Централна банка на Албанија, во вкупните странски инвестиции и натаму води секторот недвижности, со 379 милиони евра, потоа ископ на руда со 214 милиони, […]

Србија има рок од седум дена да одговори дали имало звучен топ на протестите


Европскиот суд за човекови права и даде рок на Србија до 31 март да одговори за евентуалната употреба на звучно оружје на протестот во Белград на 15 март, јави МИА од Белград. Тоа се наведува во соопштението на граѓанските организации во Србија, откако Европскиот суд побара одговори од Република Србија. „Нашата држава доби рок до […]

Првиот од 115-те пациенти на лекување во странство се врати во земјава


Првиот од 115-те пациенти настрадани по трагедијата во дискотеката во Кочани кои се лекуваат во странство попладнево се врати во земјава. Се работи за пациент кои се лекувал во болница во Белград, Србија и ќе биде на опсервација во  ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје. Пациентот беше пречекан од министрите за здравство Арбен Таравари и […]

Во САД рекорден број отпуштени државни службеници бараат нова работа


Вашингтон – Рекорден број американски државни службеници бараат нова работа поради кратењата спроведени од Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ), јави денеска телевизијата Ен-Би-Си њуз, повикувајќи сe на статистика од порталот за барање работа „Индид“. – Никогаш досега не сме виделе нешто слично по претседателска инаугурација и именувања во нова администрација, изјави Кори Штале, економист на […]

Поранешната министерка за земјоделство Јулија Клокнер избрана за претседател на германскиот Парламент


Берлин – Новиот германски парламент денеска ја избра поранешната министерка за земјоделство Јулија Клокнер за претседател, номинирана од идниот канцелар Фридрих Мерц, чиј конзервативен блок освои најмногу гласови на парламентарните избори одржани на 23 февруари. Функцијата претседател на Парламентот е втора функција во земјата, по претседателот на државата и пред канцеларот, а традиционално „припаѓа“ на групата […]

Kомеморација за музичарот Филип Стевановски в петок во Штип


Од Центарот за култура Штип известуваат дека во претстојниот петок во Народен театар – Штип во заедничка организација со ДМУЦ „Сергеј Михајлов” – Штип и НУЦК „Ацо Шопов” – Штип ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатиот и непреболен м-р Филип Стевановски.Комеморацијата е во 12 часот. Стевановски беше директор на Центарот за култура […]