МВР: Граѓаните да не наседнуваат на повиците за лажни сообраќајки


Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица, информираат оттаму. „Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски […]

Невработеноста во Грција на најниско ниво од декември 2008 година


Според официјалните податоци на Службата за статистика, невработеноста во јануари 2025 година е намалена на 8,7 отсто, односно за три процентни поени пониска од минатата година, достигнувајќи најниско ниво од декември 2008 година, напиша на Фејсбук грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис посочи дека бројот на невработени се намалил на […]

Мексико најави царини за американската стока


 Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум денеска изјави дека Мексико на тарифите од 25 отсто воведени од САД ќе одговори со контрамерки – царини за американски стоки. Шејнбаум рече дека производите на кои Мексико ќе воведе царини ќе бидат објавени во недела на јавен настан на централниот плоштад во Мексико Сити. „Не постои мотив или причина, ниту […]

Шпанска компанија прави даска за сурфање од стари сечила на ветерниците


Ветерните турбини придонесуваат за цели за чиста енергија, но управувањето со нив на крајот од нивниот животен век бара одржливи решенија. Шпанска компанија се справува со проблемот со старите лопатки на турбините на ветер преку иновативни стратегии за рециклирање и повторна употреба. Сечилата на турбините на ветер се направени од издржливи композитни материјали и претставуваат […]

Димитриеска-Кочоска: Првата транша за компаниите од унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре


Првата транша во износ од околу 11 милиони евра, од средствата наменети за поддршка на компаниите обезбедени со унгарскиот заем, ќе биде исплатена задутре, односно ќе бидат префрлени средствата од централниот Буџет кон Развојната банка, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во изјава за Канал 5 од Будимпешта, таа наведе дека побарувачката кај компаниите за […]

Две повозрасни жени измамени за повеќе од 5.000 евра – да платат за ќерките да избегнат затвор


Две жени, на возраст од 74 и 83 години од Скопје дале по повеќе од 5.000 евра за нивните ќерки да не одат затвор, откако наводно прегазиле деца мигранти. Во понеделникот, во 13 часот во СВР Скопје, 74-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 307.500 денари. Според пријавеното, […]

Коринтскиот канал од сабота повторно отворен за пловидба


Коринтскиот канал што го одвојува Пелопонез од континентална Грција, од сабота 8 март одново ќе биде отворен за пловидба во пресрет на туристичка сезона, а повторно ќе биде затворен на 2 ноември годинава, соопштија од надлежната компанија, јави дописничката на МИА од Атина. Од 2021 година се изведуваат работи за зајакнување на безбедноста и стабилноста […]

Египет има свој план за Газа, без Хамас во власта


  Според информациите на новинската агенција Ројтерс, Египет подготвил план за иднината на Појасот Газа, кој има за цел во голема мера да го обезвласти радикалниот исламски Хамас. Наместо тоа, треба да се формира администрација контролирана од арапски, муслимански и западни држави. Ова е резултат на планот за кој Ројтерс рече дека му е достапен […]

Нови можности за економска соработка со Франција: Деловниот клуб при СКСМ со ново раководство и план за 2025


Деловниот клуб за соработка со Франција и франкофонските земји при Стопанската комора на Северна Македонија денеска избра ново раководство и ја усвои програмата за работа за 2025 година. За претседател на Клубот едногласно беше изгласан Гоце Марков од „Тиквеш“, а членовите се согласија на активности насочени кон јакнење на деловните врски со француските партнери. На […]

Подгответе се за три дена метеж во сообраќајот во Скопје


СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 05.03.2025 до 07.03.2025 (среда, четврток и петок) поради официјална посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР […]

Дрво паднало врз малолетник во близина на „Паркови и зеленило“ – Карпош повикува да не се игра со безбедноста на децата


За жал, неодговорноста зема данок. И тоа данок кој директно го загрозува човечкото здравје. Во конкретниот случај е повреден еден малолетник кој случајно поминувал во паркот измеѓу улицата Никола Русински и Карпошево Востание и врз него паднало дрво. За жал малолетникот има повреди на телото. Пренесен е во Ургентен центар. Иронијата да биде поголема, инцидентот […]

Прекинувањето на воената помош од САД е „болно, но не и фатално“, вели Киев


КИИВ – Неверојатната одлука на САД да ја прекинат сета воена помош за Украина ќе им наштети на напорите на Украина  да ја задржи Русија, но ќе продолжи да се бори, изјавија официјални лица во Киев. „Прво, тоа е суспензија што остава надеж за нејзино продолжување. Значи, ова е мерка на принудна дипломатија, а не […]

За Орбан, Србија е жртва на либералната Европа


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан на прес-конференцијата со Христијан Мицкоски, зборувајќи за ситуацијата во Србија, рече дека е „шокиран од фактот дека откако патриотите победија во Соединетите Американски Држави, напорите за дестабилизација се интензивираат овде во Централна Европа“. „Мислам дека и Србија е жртва на ова. На шалтерот се три земји: Србија, Словачка и Унгарија. […]

Меланија Трамп не излегува од костуми. Кројот ја истакнува нејзината совршена фигура


Поранешната манекенка првпат се појави сама  во јавноста откако по втор пат стана прва дама на САД. Меланија Трамп се појави во Капитол за да го поддржи  предлог-закон со кој објавувањето одмаздничко порно ќе стане федерално кривично дело. Додека влегуваше на дискусијата преку ходникот на Сенатот, Меланија беше фотографирана облечена во триделно кафено тенко одело […]

Од земјите кандидатки за ЕУ само Србија не се усогласи со една ЕУ одлука


Србија повторно е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан која не ја почитувала новата надворешнополитичка одлука за рестриктивни мерки поради кршење на човековите права, но ја почитувала одлуката за рестриктивни мерки против Исламската држава и Ал Каеда. Како што соопшти денеска ЕУ, Србија не ја почитува одлуката усвоена од Советот на ЕУ […]

Трамп: Ќе го прекинеме финансирањето на училиштата и колеџите кои дозволуваат нелегални протести


Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го прекине финансирањето на образовните институции кои дозволуваат „нелегални протести“. „Ќе биде стопирано целото федерално финансирање за колеџите, училиштата или универзитетите кои дозволуваат нелегални протести. Агитаторите ќе бидат затворени или трајно вратени во земјата од која дошле. Американските студенти ќе бидат трајно протерани или, во зависност од […]

Виктор Митевски, директор на ЗМАИ: Со цел сите плати да растат, мора да зборуваме за поголема продуктивност


Доколку се размислува за предлогот за субвенционирање на платите, субвенциите треба да бидат таргетирани директно кон работниците, а не кон компаниите, оцени денеска Виктор Митевски, претседател на Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, во врска со актуелната дебата за минималната плата. Како Здружение кое се фокусира на економски прашања, сметаат дека дискусијата за растот на […]

Намалена цената на свинско месо жива мера


Во рок од два месеца одгледувачите на свињи трипати ја намалија цената на свинското месо жива мера. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека во моментов цената на свинското месо жива мера изнесува 110 денари и со ДДВ е и до 118 денари. Тој посочува дека поголемите производители на свинско месо се договориле […]

Салвини со критики за планот на Фон Дер Лајен: Дали вооружувањето ќе придонесе за мир ?


Италијанскиот вицепремиер и лидер на партијата Лига Матео Салвини денеска ја критикуваше најавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за планот за „вооружување на Европа“ и праша дали тоа е вистинскиот начин да се одржи мирот на континентот. – Европските држави можат да се задолжуваат само за да се вооружат за Урсула […]

Љутков од Будимпешта: Нови иницијативи за соработка во културата меѓу Македонија и Унгарија


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, која е во дводневна официјална посета на Будимпешта, Република Унгарија. Во рамките на посетата, денеска се одржа втората заедничка седница на двете влади, на која беа разменети идеи и иницијативи за продлабочување на соработката во повеќе […]