70 години Комерцијална банка – 70 години доверба, раст и заеднички успеси


Комерцијална банка оваа година со гордост го одбележува својот 70-годишен јубилеј, кој сведочи за децении стабилност, доверба, раст и силна посветеност на клиентите и на општеството. Комерцијална банка во своето седум децениско постоење остана доследна на својата мисија – да биде сигурен партнер на граѓаните и на компаниите и да обезбеди современи и иновативни финансиски […]

Половина од емисиите на CO2 доаѓаат од 36 компании, Кина е светски загадувач број еден


Половина од светските емисии на јаглерод за загревање на климата доаѓаат од фосилни горива произведени од само 36 компании, покажа анализа. Овие податоци од 2023 година го зајакнаа притисокот да се бара одговорност од  компаниите за фосилни гориваза нивниот придонес во глобалното затоплување. Претходните верзии на годишниот извештај беа користени во правни случаи против компании […]

Камерон за Оскарот на Салдања: Знаев дека е актерка од светска класа


Оскаровската слава на Зои Салдања беше одамна задоцнета, според режисерот на „Аватар“, Џејмс Камерон. Оскаровецот на филмот „Титаник“ ја сподели својата реакција кога Салдања ја однесе наградата за најдобра споредна женска улога за Емилија Перез на доделувањето на Оскарите во недела, 2 март. „Бев многу среќен што видов дека Зои е признаена како актерка од […]

Нов рекорд во освоени медали за вината на Tikveš Châteaux & Domaines на годинешниот Mundus Vini во Германија


На годинешното пролетно издание на еден од најголемите и најпрестижни меѓународни вински натпревари – Mundus Vini Spring Tasting 2025, што се одржa во Германија, вината на „Tikveš Châteaux & Domaines“ поставија нов рекорд, со освоени девет златни и два сребрени медали. Златен медал на овој реномиран вински натпревар освоија белите премиум вина Domaine Lepovo Chardonnay […]

Мицкоски: Не се сретнав со Груевски во Будимпешта


Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека не се сретнал со екс-премиерот Никола Груевски во Будимпешта, каде што ја предводеше делегацијата на втората меѓувладина конференција меѓу Македонија и Унгарија. -Не сум се сретнал, но, доколку ќе се сретнам ќе бидете информирани затоа што водам политика на принципот – вистината е најточна. Јас секогаш кога нешто ќе се […]

Турција планира да гради ѕид на границата со Грција


Турција ќе почне да гради ѕид на границата со Грција со цел да спречи илегални влегувања во Европска Унија, изјави гувернерот на турската провинција Едрене, Јунус Сезер. – Планирано е годинава да почне изградба на 8,5 километри, истакна Сезер, чија покраина граничи со Грција и со Бугарија. Тој додаде дека другите делови од ѕидот би […]

Сијарто: Неправедно е тие што се за мир да се обвинат дека се проруски


Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто отпатува за САД каде се сретна со американскиот државен секретар Марко Рубио. Во коментар по средбата Сијарто рече дека во Европа има луѓе кои се против мировниот план на Трамп. „Му кажав на министерот за надворешни работи дека Унгарија целосно ги поддржува аспирациите на американскиот претседател и неговата […]

Овие Оскаровци во 2025 испишаа историја…


Церемонијата на Оскарите во 2025 година беше полна со извонредни моменти – од моќниот почеток со актерките од Wicked Аријана Гранде и Синтија Ериво до домаќинот Конан О’Брајан – но ноќта беше исполнета и со познати први. Без разлика дали се работи за триумф на режисерот Шон Бејкер или значајна победа на костимографот Пол Тејзвел, […]

Почина Панче Мижимаков, продуцентот на „Џипси меџик“, „Најдолгиот пат“,„Исправи се Делфина“…


Друштвото на филмски работници на Македонија изразува длабоко жалење по повод смртта на нашиот драг и почитуван колега, истакнатиот македонски продуцент Панче (Панта) Мижимаков ((1946-2025). Во својата обемна професионална биографија вбројува големи успеси на македонската кинематографија. Студирал на  Академијата за театар, филм, радио и ТВ во Белград. Често работел на копродукциите и странските продукции кои […]

Пиштолот на Боре Видески не е најден, сведочи инспектор од Велес


На денешното судење за убиствата на Вања Ѓорчевска и на панче Жежовски, сведочеше инспектор од СВР Велес, кој учествувал во истрагата. Тој потврди дека бил дел од истрагата за убиството на Панче Жежовски во Велес, а ги прегледувал и камерите од движењето на возилата. „Бев вклучен во истрагата за Панче Жежовски во околината на Велес. […]

Јужна Кореја најави учество во изградба на гасовод на Алјаска


Јужна Кореја ќе се вклучи активно во разговорите со САД за изградба на гасовод во Алјаска, соопшти денеска Министерството за трговија, индустрија и енергетика во Сеул. Министерството истакна дека овој проект претставува заеднички интерес за двете земји. Во својот говор пред Конгресот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Јужна Кореја, Јапонија и други земји се […]

Се испитуваат причините по повредата на дете предизвикана од пад на гранка од дрво во Карпош


 Екипи на Министерството за внатрешни работи во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршиле увид во Општина Карпош, каде при пад на гранка од дрво вчера 10-годишно дете се здоби со тешки телесни повреди, соопшти утрово Јавното обвинителство. – Детето е хоспитализирано и сѐ уште е под опсервација. Јавниот обвинител издаде наредби […]

Дали Ралф Фајнс има нова романса?


Челзи Хендлер и Ралф Фајнс се најдоа на насловните страници неодамна откако ја напуштија забавата за Оскарите на Vanity Fair во неделата, рака под рака. Штом неодамнешните фотографии од двете ѕвезди се појавија на социјалните мрежи, фановите се впуштија во дискусии, шпекулирајќи дека тие двајца можеби се во врска. Сепак, ова е само гласина и […]

Објавен Јавен повик за средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година


Објавен е Јавен повик за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2025 година. Ќе се доделува финансиска поддршка за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики, односно надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка за тaрдиционалното сточарство. Повикот е […]

Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски


Со изведување на докази од страна на одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои покрај Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. На изминатото рочиште беа изведени материјални докази од […]

Растот од 3,2 отсто во четвртиот квартал лани е сигнал дека економијата закрепнува, вели Димитриеска-Кочоска


Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска смета дека растот на БДП од 3,2 отсто во четвртиот квартал од минатата година е сигнал дека економијата почнува да се опоравува и постепено да се стабилизира. „Економијата покажува значителни знаци на опоравување и стабилизирање – резултат на политиките што ги спроведува Владата. Потврда за истото стигнува од објавените […]

Членови на кабинетот на Пендаровски го решаваат статусот преку Уставниот суд


Денес Уставниот суд ќе решава кој треба да им даде решение за плата на двајца поранешни членови на кабинетот на Стево Пендаровски, генерален и заменик генерален секретар Миле Бошњаковски и Билјана Радева. Тие се жалат дека по смената на претседателот сите се прогласуваат ненадлежни околу нивното право да добиваат државна плата. Имено, според објаснувањето на […]

Трамп најави гасовод во Алјаска и експанзија на рударството на ретки минерали


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека неговата администрација работи на „гигантски гасовод“ во Алјаска, што ќе биде еден од најголемите во светот. Во првото обраќање пред двата дома на американскиот Конгрес по неговото враќање на функцијата во јануари, Трамп изјави дека Јапонија, Јужна Кореја и други земји се подготвени да инвестираат „трилиони долари“ во проектот. […]

Не навредува само Кочоска: ВМРО-ДПМНЕ лично се пресметува со првиот синдикалец


ВМРО-ДПМНЕ и денес се нафрли на првиот синдикалец Слободан Трендафилов порачувајќи дека е „прочитан“ и дека глуми синдикалец, а е „на тастер на СДС кој молчеше додека тие го осиромашуваа народот“. Во реакцијата, место да одговорат на барањата на синдикатот за поголема минимална плата, тие лично се пресметуваат и го навредуваат Трендафилов. Поточно место да […]

Град Скопје реагира: „Контаминираната вода“ се служи и во државни институции


Град Скопје реагира на, како што велат, неетичкото и непрофесионално известување на медиумот Курир, каде обвинуваат дека “служат” контаминирана вода.Според Градот, фактите за тоа кој дава дозвола за увоз на “контаминирана” вода и кои од институциите “служат” контаминирана вода медиумот намерно пропуштил да ги објави , „веројатно бидејќи не смеат затоа што се работи за […]