Ова се петте клучни технологии потребни за успешно водење на идните војни


Идните војни успешно ќе се водат само со примена на пет клучни технологии, изјави неодамна американскиот демократски конгресмен и член на Комитетот за вооружени служби Адам Смит. Овие пет технологии се проектили и одбрана од нив, беспилотни летала и системи за борба против нив и безбедни комуникации, рече Смит, додавајќи дека тоа се области во […]

Платини и Блатер ослободени од обвинението за подмитување


Швајцарскиот суд денеска ги ослободи од обвиненијата поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини и поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, во случајот за поткуп што доведе до нивна забрана за активности во светот на фудбал. Дополнително, вонредниот Апелациски суд во Мутенц на 25 март ќе одлучува за судбината на Платини и Блатер, на кои поради […]

Без вода утре дел од општина Центар


Без вода во текот на утрешниот ден ќе остане дел од општина Центар, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што појаснуваат, поради изведување водоводен приклучок на улицата „Киро Крстевски Платник“, дел од корисниците на оваа улица ќе бидат со прекинато водоснабдување. Според најавеното, вода за пиење ќе нема од девет […]

Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга


 Лицето Албана Жута не ги исполнило условите за поставување вршител на должноста директор на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, односно не била назначена од редовите на вработените, немала положен испит за директор и соодветен сертификат за познавање англиски јазик, покажал извештајот на Државниот просветен инспекторат направен во август 2024 година. Тоа го кажа Виолетка […]

К-15 со трето и последно шоу во живо по повод 30-годишниот јубилеј


Поради огромниот интерес кај публиката, легендарните К-15 го закажаа и третото шоу во живо, како дел од прославата на 30-годишниот јубилеј. Воедно, мора да се напомене дека ова е и последно шоу, а е закажано за недела, 18 мај 2025 година, во Арената Борис Трајковски во Скопје. Дека за сите три настани може да очекуваме […]

Џиновската кукла на Ким Кардашијан поставена на сред Тајмс Сквер


Ким Кардашијан предизвика многу реакции со својата нова кампања која ги промовира SKIMS, нејзината линија костими за капење и долна облека. Таа постави џиновска кукла на надувување во сино бикини на Тајмс Сквер во Њујорк. Инсталацијата е долга 18 метри, а поради нереалните пропорции на куклатакоја наликува на Ким, 44-годишната ријалити ѕвезда доби многу критики. […]

Трамп доби „корпа“ во Киев, ни опозицијата не сака избори


Лидерите на украинската опозиција Петро Порошенко и Јулија Тимошенко ја отфрлија можноста за избори во земјата за време на целосна руска инвазија, откако медиумските извештаи сугерираа дека американските власти им се обратиле во врска со идејата.Порошенко, поранешен претседател, и Тимошенко, поранешен премиер — највлијателните опозициски фигури во земјата —  рекоа дека изборите треба да се […]

Македонија официјално стана членка на СЕПА, Единствената област за плаќања во евра


Европскиот совет за плаќања денес ја прифати нашата земја како 39 членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Под водство на Народната банка, нашата земја направи значителни напори да ја усогласи правната рамка во доменот на плаќањата и платните системи со регулаторните барања на Европската Унија (ЕУ), со што и официјално се приклучи […]

Логопедите се клучни за поквалитетен живот на лица со патологија во вербална комуникација


Комуникацијата е клучот за човековата интеракција, изјави за МИА логопедот Христина Милчевска од Крива Паланка, која по повод денешниот, Европски ден на логопедијата, 6 Март, апелира на подигнување на свеста за важноста на логопедите и нивното влијание за поквалитетен живот на лицата со патологија во вербалната комуникација. Милчевска е специјалист, клинички логопед, во Здравствениот дом […]

Турската централна банка ја намалува основната каматна стапка поради забавувањето на инфлацијата


Турската централна банка денеска ја намали својата каматна стапка за дополнителни 2,5 процентни поени, неколку дена откако официјалните податоци покажаа забавување на инфлацијата на под 40 отсто на годишно ниво за првпат во две години. Ова е трето последователно намалување на каматните стапки. Во соопштението, Банката наведува дека, сепак, ќе ги разгледа трендовите на инфлацијата […]

Суд во Дизелдорф: „Бионтек“ и „Фајзер“ го украле патентот на „Модерна“ за вакцината за Ковид


  Германската биотехнолошка компанија BioNTech и нејзиниот американски партнер Pfizer незаконски ја користеле заштитената интелектуална сопственост на Модерна во развојот на вакцината против Ковид и мора да и платат компензација, одлучи германскиот суд. BioNTech и Pfizer ги прекршиле патентните права на Модерна при развивањето на вакцина против Ковид-19, пресуди во средата судот во Дизелдорф и […]

Пожар во стан од зграда во центарот на Скопје, интервенирале две противпожани возила


Пожар избувнал денеска во стан во зграда на петти кат, во самиот центар на градот Скопје. Во гаснењето интервенирала единица на Противпожарната бригада. Повредени нема, вели командирот на противпожарната бригада на Град Скопје Ѕвонко Томевски. – Станува збор за пожар во станбена зграда на петти кат, на бул. „Кочо Рацин“, веднаш до Домот на синдикатите. […]

За Најчевска е сомнително големото намалување на казната за Боки 13


  Скопскиот Апелациски суд одлучи да му ја намали казната од девет на пет години на Бојан Јовановски (Кои 13) и со тоа да ефективно да му го прекине извршувањето на затворот цо случајот „Рекет“. По оваа одлука Боки 13 има да одлежи уште неколку месеци затвор, но тој во овој момент е на слободода […]

Поскапе уште една услуга во Грција


Билетите за траект во Грција од 1 мај ќе поскапат за 12 до 15 отсто, се наведува во соопштението на Грчката асоцијација на компании за превоз на патници (SEEN). Говорејќи за локалните медиуми, претседателот на „SEEN“, Дионисис Теодоратос, објасни дека зголемувањето на цените за билетите за траект во Грција е поврзано со новите регулативи на […]

Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип


Според податоците на Институтот за јавно здравје, во деветата недела од 2025 година се пријавени 2.569 нови случаи на грип, што е намалување од 15,4 отсто во споредба со претходната недела. Сепак, бројот на заболени е четирикратно зголемен во споредба со истиот период минатата година и за 38,4 проценти во споредба со последните 14 сезони. […]

Потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет од Скопје


Професори од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со анализи и стручна помош ќе му помагаат на Министерството за финансии во неговиот делокруг од работата. Ова го предвидува Меморандумот за соработка што денеска го потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески во просториите на факултетот. […]

Мадона на својата пост-оскаровска забава го покажа скапиот накит


Материјалната девојка знае што е добро парче накит кога ќе го види. Мадона ја организираше својата годишна последователна забава на Оскарите со менаџерот Гај Озири по доделувањето на наградите во неделата – и додека на ексклузивниот настан врнеа хартиени очи од таванот, аквамаринот од 79,29 карати што висеше околу вратот на суперѕвездата го привлече вниманието. […]

Зеленски: Со поддршката од ЕУ, Украина чувствува дека не е сама


 Украина и е благодарна на Европската Унија за нејзината силна поддршка од самиот почеток на војната и во текот на целиот овој период, како и во текот на минатата недела, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски пред почетокот на денешниот специјален Самит на ЕУ посветен на поддршката на Украина и одбраната на Европа, на кој е […]

СДСМ откри сомнителни тендери на градоначалници, некои со пари од унгарскиот кредит


СДСМ најави серија објави за сомнителни тендери на градоначалниците на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, како што рекоа, речиси од сите општини, вклучувајќи и со пари од унгарскиот кредит.  -Во фокусот се милионските тендери што завршуваат кај едни исти фирми. Дури и фирми со сомнително минато, кои биле гонети токму за злоупотреби и местење тендери, а кои […]

Сиљановска стави старешини на генералски позиции


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во согласност со одредбите од Законот за одбрана, со укази изврши поставување на старешини на формациски места предвидени за генерали, соопштија денеска од нејзиниот Кабинет. Бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, досегашниот началник на штаб во Командата за операции, е поставен за командант во Командата за операции во Генералштабот на Армијата. Бригадниот генерал Бесник […]