Суд во Јужна Кореја ја поништи наредбата за апсење на поранешниот претседател Јун Сук-јол


Поранешниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-јол, кој беше отстранет од функцијата со импичмент од парламентот, е ослободен од притвор откако Суд денеска ја поништи наредбата за негово апсење, поради која беше задржан во средината на јануари годинава, јави јужнокорејската агенција Јонхап. Јун беше уапсен во неговата резиденција во Сеул од вториот обид, по обвинение […]

Њујорк Тајмс: Стејт департментот планира затворање на дипломатски мисии и отпуштање на вработени во странство


Американскиот Стејт департмент подготвил планови за затворање на десетина конзулати до почетокот на летото, јави Њујорк Тајмс, повикувајќи се американски официјални претставници. Стејт департментот разгледува опции да затвори и дополнителен број мисии, пишува весникот.  Меѓу десетината конзулати што ќе бидат затворени, главно ќе бидат затворени оние во Западна Европа, според тројца официјални претставници запознаени со […]

Трамп потпиша извршна наредба за создавање стратешки резерви за биткоин


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за создавање стратешки резерви на биткоин, јавија американските медиуми, повикувајќи се на советникот за криптовалути во Белата куќа, Дејвид Сакс. – Резервата ќе биде капитализирана со биткоини што ги држи федералната влада откако ќе биде запленета во кривична или граѓанска постапка, рече Сакс. Претходно оваа недела, Трамп ги […]

Презентација на прелиминарни наоди од студијата „Родово базирано насилство врз жените и девојките во јавните места во Скопје и Тетово“


 Во Скопје денеска ќе бидат презентирани прелиминарните наоди од студијата „Родово базирано насилство врз жените и девојките во јавните места во Скопје и Тетово“. Студијата ги разгледува степенот и различните димензии на насилство врз жените и девојките на јавните урбани места во Скопје и Тетово, информираат организаторите на настанот. Како што појаснуваат, истражувањето првенствено се […]

Поетско читање по повод 70 години од излегувањето од првата стихозбирка на Анте Поповски


По повод 70 години од излегувањето од печат на првата стихозбирка на современиот македонски поет, академик Анте Поповски, во културниот центар „Лабораториум“ вечер ќе се одржи поетско читање насловено „Одблесоци“.  Со овој културен чин, ќе биде означен почетокот на осмото издание на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Настанот е конципиран во неколку […]

Балетска претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди во НОБ


На сцената на Националната опера и балет вечер ќе се изведе балетската претстава „Дамата со камелии“. Претставата е работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Како што најавија од НОБ, претставата ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден […]

Изложба „Убавите жени во мојот народ“ во НУБ „Св. Климент Охридски“


По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска ќе биде отворена традиционалната изложба „Убавите жени во мојот народ“. Авторки на изложбата се Марина Мијаковска, Елени Новаковска и Искра Димитрова. Како што е најавено, на изложбата ќе бидат презентирани материјали од Збирката […]

Советот на јавните обвинители ќе избира 47 нови обвинители


 Избор на вкупно четириесет и седум обвинители во осумнаесет јавни обвинителства е на дневниот ред од 20. седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија што ќе се одржи денеска со почеток во 10:30 часот во просториите на Советот. Најмногу, односно 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје. […]

Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче


Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска откако во Основниот Кривичен суд Скопје на минатото рочиште беа изведени докази на предлог на одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски. На следното рочиште закажано за 12 март е предвидено да започне распитот на обвинетите. Во Кривичен на изминатото рочиште беше сослушан сведокот Стојан Кујунџиевски кој сведочеше […]

Со премиера на „Грофот од Монте Кристо” се отвора месецот на Франкофонијата 2025


По повод отворањето на месецот на Франкофонијата 2025, во организација на Францускиот институт во Скопје, вечер во киното „Синеплекс“ ќе се одржи гала филмска вечер и премиера на филмот „Грофот од Монте Кристо” (2024). Како што е најавено, настанот ќе го отвори францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер. По премиерата, филмот од 8 март ќе се прикажува […]

Русија врши „масовно бомбардирање“ врз украинската енергетска инфраструктура


Руските вооружени сили денеска спроведуваат масовни напади врз енергетската инфраструктура на Украина, соопшти украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко. „Инфраструктурата за дистрибуција на енергија и пренос на гас во неколку украински области повторно е изложена на масовно бомбардирање со дронови и ракетни напади“, напиша Галушченко на „Фејсбук“.

Студентите во блокада во Србија ги повикуваат граѓаните денеска на генерален штрајк


Студентите во блокада повикаа за денеска на генерален штрајк во Србија, и добија поддршка од проширената ректорска управа на Универзитетот во Белград, Адвокатската комора на Војводина и Белград и неколку различни синдикати, здруженија и иницијативи. Во објавите на социјалните мрежи, студентите во блокада ги повикуваат граѓаните „да ги запрат луѓето околу себе“, да излезат надвор, […]

Лидерите на ЕУ се согласија со планот за огромен пораст на трошоците за одбрана


Лидерите на земјите членки на Европската унија на вчерашниот специјален Европски совет посветен на Украина и на одбраната на Европа, се согласија дека континентот мора да стане поодговорен за сопствената одбрана и самостојно да се справува со предизвици, но не успееја да постигнат консензус за поддршката на Киев.  Коментирајќи го ваквиот исход на Самитот, претседателот […]

Трамп: Одам во Саудиска Арабија да потпишам договор вреден билион долари


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека најверојатно ќе го направи своето прво патување во странство во Саудиска Арабија за да потпише договор со Ријад за инвестирање повеќе од илјада милијарди долари во американската економија, вклучително и купување воена опрема. Трамп рече дека најверојатно ќе отпатува таму во текот на следниот месец и половина.Тој одаде […]

Во Собранието дебата за подобрување на статусот на жените


Собранието денеска ќе ги одржи 38. седница на која треба да расправа за повеќе предлог одлуки и закони, како и 39. која е со единствена точка на дневен ред „30 години заложби и достигнувања за подобрување на статусот на жените и идни планови за акција“.  Во рамки на 38. седница пратениците треба да дебатираат за […]

Трамп повторно ја доведува во прашање посветеноста на САД кон НАТО


Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе во прашање посветеноста на САД кон НАТО, нагласувајќи дека САД не треба да им помагаат на земјите кои, според него, не трошат доволно за сопствената одбрана. „Ако не платат, нема да ги бранам“, изјави американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа, додавајќи дека земјите-членки на НАТО „треба да […]

Поддршка за проекти на 47 компании со првата транша од 10,4 милиони евра од унгарскиот заем


Стартуваше поддршката за стопанството преку кредитната линија за инвестиции и развој од средствата од заемот од Унгарија, откако Развојата банка вчера ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра, кон комерцијалните банки за поддршка на проекти на 47 компании. Претходно, Министерството за финансии од централниот буџет ја префрли првата транша до Развојната банка, […]

Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло


Времето денеска ќе биде ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје претежно сончево и топло со слаб северен ветер. […]

Берлин ќе компензира дел од замрзната американска помош за Украина


Германија, која е ангажирана во големо зголемување на своите инвестиции во одбраната, е подготвена делумно да компензира за прекинот на американската воена помош за Украина, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус. – Важна тема на нашите разговори денеска и во наредните недели ќе биде компензацијата за прекинот на американската помош, рече Писториус на […]

Мелони предлага да се прошири Членот 5 на НАТО на Украина


Италијанската премиерка Џорџија Мелони предложи да се прошири членот 5 на НАТО на Украина како безбедносна гаранција без да и се даде на земјата полноправно членство во алијансата, објави „Фајненшл Тајмс“.Таа тврди дека таквиот потег ќе понуди „стабилна, трајна и ефикасна безбедност“, истовремено избегнувајќи ја сложеноста на распоредувањето на странски трупи за спроведување на прекин […]