Коцевски не гледа основа за негово разрешување


Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вчера од Советот на јавни обвинители го добил предлогот за негово разрешување кој беше инициран од Владата. Коцевски вели дека, од она што првично го разгледал во предлогот за негово разрешување, не постои ниедна основа за утврдување тешка дисциплинска повреда како причина поради која би бил разрешен. „Во текот на […]

Кефалојани: Санторини е безбедна дестинација


Атина – Санторини веројатно е најголемиот бренд на Грција, сам по себе, островот е огромен бренд и обврска на сите нас, на државата, на локалната самоуправа е да ја гарантираме сликата на Санторини и главно да ја испратиме пораката дека Санторини е безбедна дестинација, истакна министерката за туризам на Грција Олга Кефалојани во интервјуто за […]

Ќе се прераспределуваат наставници од една во друга општина


За наставниците да не останат без работа, а за да се спроведе наумената едносменска настава, министерката за образование Весна Јаневска најави прераспределба на дел од наставниците во други училишта, односно и во други општини.  Имено, како што појасни Јаневска, наставници во училишта каде има паралелки од по 10 до 15 ученици, кои би останале без […]

Сиљановска ќе ги еманципира мажите во државава


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со припаднички на Армијата, жени кои со својата професионалност, посветеност и истрајност не само што ги уриваат стереотипите, туку внесуваат и нова димензија во вооружените сили. Полковник Елизабета Наумовска-Петрески, потполковник Александра Доневска, мајор Анета Куртелова и поручник Бојана Филиповска зборуваа за себе, за статусот на жените во Армијата, како и […]

Ангеловска-Бежоска: членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата


  „Успехот на секоја жена е инспирација за друга. Денес сме опкружени со бројни примери на успешни жени кои секојдневно докажуваат дека посветеноста, упорноста и трудот се вреднуваат во општеството. Според одредени научни истражувања, жените на лидерските позиции во централните банки претставуваат значаен столб во справувањето со бројните предизвици“, истакнува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервјуто […]

Комеморација во чест на Мижимаков во понеделник во Кинотека


Во средата, по кратко боледување, на 79-годишна возраст, почина филмскиот продуцент – Панче Мижимаков – Панта, еден од најплодните и најмаркантните филмски професионалци во македонската кинематографија. Роден во Велес 1946 година, тој уште како студент на белградската Академија за театар, филм, радио и ТВ во Белград, соработува со Академскиот киноклуб во Скопје и работи на […]

„Лидл“ ја организира првата конференција за IFS сертификација за безбедност и квалитет на храна


На 05.03.2025 се одржа првата конференција за IFS (International Featured Standards) во организација на Лидл Северна Македонија во деловниот центар „Премиум“, во Скопје. Настанот обедини повеќе од 140 учесници меѓу кои повеќе од 60 локални производители на прехранбени и непрехранбени производи, експерти од индустријата, претставници од Агенција за храна и ветеринарство, како и претставник од […]

Македонија не е подготвена да прати војници во Украина, за помошта се уште се „консултира“


Македонија во моментов не е подготвена да учествува во евентуална мировна мисија во Украина, а за другата помош , во оружје или во опрема, се уште се прават консултации во институциите, порача денес извор од Министерството за надворешни работи. „Следи процес на подетално усогласување околу овие прашања“, дополни изворот, додавајќи дека се уште се градат […]

Албанија на една година го затвори ТикТок


Тирана – Албанската влада вчера одлучи да го затвори ТикТок на 12 месеци поради ” содржината што ја објавува и која поттикнува насилство и малтретирање, особено меѓу децата”. Министерката за образование Огерта Манастрилиу рече дека службениците се во контакт со ТикТок за инсталирање филтри за родителска контрола, како и за проверка на возраста и вклучување на […]

Левица со Предлог – закон за зголемување на породилното отсуство од девет на 18 месеци


Портпаролот на политичката партија Левица и пратеник во Собранието, Амар Мециновиќ, денеска на прес – конференција информира дека пратеничката група на Левица поднела измени на Законот за работни односи со цел зголемување на породилното отсуство. – Левица предлага зголемување на породилното отсуство на мајките од девет на осумнаесет месеци. Ова е една од мерките која […]

М-НАВ: Со Министерството за одбрана и ЕВН ја подигнуваме безбедноста на авиосообраќајот


М-НАВ, Министерството за одбрана и ЕВН договориле соработка за подобрување на снабдувањето со електрична енергија на уредите на планинскиот врв Солунска глава. На надморска височина над 2.500 метри, како резултат на променливи временски услови, соопштија денеска од М-НАВ, може да дојде до нарушување во снабдувањето со електрична енергија. За да се избегнат и намалат ваквите […]

Палчо: Не ме плаши доживотната робија ниту влијае на мене, пресудата е нарачана и веќе донесена


Пресудата е донесена на прес-конференција од Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Вака првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо рече образложувајќи го новото барање за изземање на судијата Ивица Стефановски. „Судијата крие оружје бидејќи не се вклопува во претходно нарачаната пресуда на прес конференција од Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Доживотната робија не ме плаши ниту влијae […]

Вечерва гласање во грчкиот Парламент за недоверба на Владата – закажани низа протести во цела Грција


Атина – Пратениците во грчкиот Парламент, вечерва ќе одлучуваат по барањето на четирите опозициски партии за гласање недоверба на Владата поради железничката несреќа кај Темпи, додека низ цела Грција закажани се нови протест, јави дописничката на МИА од Атина. Гласањето е на крајот од тридневната расправа што започна во средата, а засега, не се очекува предлогот […]

Маск ги опремува владините канцеларии со мебел на Икеа: Вработените ќе мора да спијат на работа


Канцелариите на федералната влада во Вашингтон вообичаено се синоним за бирократија, а не за удобност во домот, но Илон Маск има бизарен план – тој подготвува простории за спиење за своите вработени. Според Politico, Илон Маск планира да опреми спални соби во просториите на федералната агенција DOGE во Вашингтон. Во зградата на владината агенција се […]

ФЛУ со ретроспективна изложба на 3 април во МСУ 


Факултетот за ликовни уметности – Скопје (ФЛУ) оваа година одбележува 45 години од своето основање.  По тој повод факултетот организира ретроспективна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје, која ќе се одржи на 3 април. Изложбата ќе прикаже избор на дела од колекцијата на МСУ и дела во сопственост на уметниците – наставен кадар […]

МНР „прокиснува“, ќе потроши половина милион евра за настрешница


„И во 2025 година ќе се издвојуваат пари за проектот „Скопје 2014“. На кровот на палатата „Борис Сарафов“, односно објектот на Министерството за надворешни работи, ќе никне челична настрешница, за која ќе бидат потрошени максимум до половина милион евра“, објави ТВ 21. Договорот е веќе склучен со градежната компанија „Пирамид билдинг солушнс“, која била единствен […]

Наставник од Свети Николе на листата на 50 најдобри наставници во светот


Материјално од она што го видов, македонскиот образовен систем стои прилично ниско, вели, Иле Михајловски , одделенски наставник од Свети Николе, за Гласот на Америка, кој се најде во листата на 50 најдобри наставници во светот во конкуренција на 5000 пријавени кандидати од 89 држави. „Неколку работи кои мене ме движат. Да си ја сакаш […]

Одбраната на Палевски не може да ги најде снимките со кои би докажала дека тој бил во банка за време на убиството


На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, судот до одбраната на обвинетите ги достави снимките од камерите од системот „Сејф сити“ во периодот за кој обвинителството тврди дека е грабнат и убиен 74-годишниот велешанец. Конкретно се работи за снимки од 21 и 22 јануари 2023 година од Скопје. Еден час одбраната […]

Каролина се пофали од патувањето во Доха


Поп-ѕвездата Каролина Гочева секој слободен момент од настапи го троши на патувања. Овојпат, таа на својот Инстаграм профил сподели објава од Доха – каде што била заедно со сопругот Михаил Корубин.     Фотографиите се од патувањето по  еден месец откако се врати во Македонија, но, и понатаму под силни впечатоци од она што го […]

Таравари: „Ѓока“ ќе стопанисува со паркингот на Клинички најмногу 7-8 години


Договорот за користење на паркингот на Клинички центар не е потпишан, а министерот за здравство Арбен таравари, вели дека треба да помине и филетор на Влада, но ако и од таму и од јавноста се смета дека договорот не треба да се реализира, тој нема да го потпише.  На денешниот настан на Клиниката за инфективни […]