Почина Игор Југ, кој беше осуден за настаните од 27 април


Почина Игор Југ осуден за случувањата во Собранието на 27 април. Југ (54) издржуваше 12-годишна затворска казна, од кои осум помина во затвор, но како што јавија повеќе медиуми, починал дома. Директорот на управата за извршување санкции Александар Пандов за „Слободен печат“ потврди дека смртта настапила во домот, бидејќи тој бил на отпуст поради влошено […]

Утрово најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија


Најстудено утрово е на Попова Шапка со измерени -8 степени Целзиусови, а најтопло со 4 степени е во Гевгелија.   Во Маврови Анови се измерени -5 степени, -4 Крушево, -3 Дебар, -2 степени во Крива Паланка, Охрид, Битола и Берово, -1 Претор, 0 Тетово, Прилеп и Виница, 2 степени во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, Струмица […]

Филипче: Дали власта се откажа од Планот за раст вреден 800 милиони евра?


Најавата за распуштање на Судскиот совет има два аспекти, еден од нив на којшто треба да одговори власта е дали се откажа од Планот за раст вреден близу 800 милиони евра, потпишан од Владата, премиерот и Брисел, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата „Дебата“, на ТВ Клан Македонија.   -Дали дефинитивно се откажуваме […]

Пак дојави за бомби, евакуирани шест училишта во Скопје и две во Штип


Рано утрово евакуирани се шест училишта поради дојави за бомби, јавија повеќе портали. Шест училишта во општина Аеродром биле утрово евакуирани. Исто така, медиумите пренесуваат дека најмалку едно училиште во населбата Железара е евакуирано поради дојава за бомба, а дојави за бомба имало и во училиште во Бутел, јави ТВ21. Според првичните информации, меѓу евакуираните […]

Балтичките земји утре ќе бидат исклучени од електроенергетскиот систем на Русија и Белорусија


Речиси три и пол децении по напуштањето на Советскиот Сојуз, балтичките земји Естонија, Летонија и Литванија веќе нема да бидат поврзани со електричните мрежи на Русија и Белорусија почнувајќи од овој викенд, бидејќи тие целосно се свртуваат кон своите сојузници од Европската унија. Прекинувањето на електроенергетските врски со Русија богата со нафта и гас има […]

Трамп доби златен пејџер како подарок од Нетанјаху


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му подари на американскиот претседател Доналд Трамп златен и обичен пејџер, објави израелскиот Канал 12. Тоа е симболичен подарок во светлината на тајната операција што ја десеткуваше милитантната група Хезболах. „Тоа беше одлична операција“, рече Трамп. За возврат, американскиот претседател му подари на Нетанјаху фотографија од нив двајца, со натпис: „На […]

САД се откажаа од претседавањето со идната средба на „Рамштајн“, контактната група за Украина


Следната средба на контактната група за Украина во форматот „Рамштајн“, планирана за 12 февруари во Брисел, за првпат нема да биде предводена од САД, објави денеска лондонски „Тајмс“ повикувајќи се на свои извори. Според нив, администрацијата на претседателот Доналд Трамп побарала од Џон Хили, британски министер за одбрана, претседателството со групата да го преземе Велика […]

Зеленски: Трамп нема план да стави крај на војната


Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп нема официјален план за ставање крај на руската војна против Украина и додаде дека е подготвен за разговори со рускиот претседател Владимир Путин откако ќе се постигне разбирање за завршување на војната, пренесоа украинските медиуми. „Се разбира, САД, претседателот Трамп и земјите од Европската […]

Во Собранието јавна расправа за законски измени за поголема безбедност во сообраќајот


Во Собранието денеска во рамки на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се одржи јавна расправа за потребата од измени на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот. Иницијативата за јавната расправа следува по случајот на Фросина Кулакова, 22-годишна девојка од Неготино која на 29 јануари беше прегазена на пешачки […]

Во Хрватска денеска трет бојкот на трговските синџири


На повик на платформата „Ало инспекторе“, денеска во Хрватска се одржува еднодневен бојкот на сите производи и услуги, во знак на протест на потрошувачите поради високите цени. Исто така, денеска стапува во сила и одлуката на Владата за директни мерки за контрола на цените на одредени производи, со која се прошири постојната листа од 30 […]

Актерските ансамбли во Србија од понеделник во седумдневен штрајк, целосно се солидарни со студентите


Од понедленик во Србија почнува седумдневен штрајк на актерите во театрите кои изразија целосна солидарност со студентите и безусловна поддршка на сите нивни барања, јавија српските медиуми. Во заедничко соопштение тие наведуваат дека тоа се случува првпат во историјата на српските театри, прифаќајќи го повикот на судентите да се борат за работа на институциите и […]

Нов бојкот на маркетите, надлежните најавуваат мерки против поскапувањата


За денеска е најавен нов бојкот на маркетите по минатонеделниот кога прометот во големите трговски ланци беше намален за речиси 50 проценти. Додека граѓаните се повикуваат на нов бојкот поради високите цени на основните прехранбени производи, надлежните најавуваат мерки кои треба да бидат познати во текот на денешниот ден или во понеделник.  До крајот на неделата […]

Жителите на Газа ќе биле „привремено преместени“, вели Рубио


 Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа изјави дека појасот Газа во моментов е „ненаселен“ поради опасности како што се неексплодирани мини и дека неговите жители ќе мора да живеат на друго место додека енклавата не се обнови. Рубио, коментирајќи го ова прашање за време на неговата посета на Доминиканската Република, ги повика другите земји да […]

„Есмералда“ вечер во Националната опера и балет


 Ремек-делото на класичната балетска уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе се изведе вечер на сцената на Националната опера и балет со почеток во 20 часот, информираат од оваа установа. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, […]

За администрацијата на Трамп доволни се до 300 работни места во УСАИД


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го претстави планот за драстично намалување на персоналот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) ширум светот, оставајќи помалку од 300 вработени, јавија американските медиуми. Според медиумите, планот ќе остави на работа помалку од 300 вработени од сегашните 8.000 директно вработени и со договори. Тие, заедно со околу 5.000 […]

Администрацијата на Трамп ја распушта работната група насочена кон руските олигарси


Американското Министерство за правда ги прекинува напорите, започнати по руската инвазија на Украина во 2022 година, за воведување санкции на олигарсите блиски до Кремљ. Меморандумот од државниот обвинител Пем Бонди, вели дека работната група КлептоКепчар ќе прекине како дел од промената на фокусот кон борбата против нарко-картелите и меѓународните банди. „Оваа политика бара фундаментална промена […]

Национална работилница за управување со ризикот од поплави во Скопје


 Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) и Центарот за управување со знаење (ЦКМ) се домаќини на првата национална работилница за управување со ризикот од поплави. Како што информираат од ЦКМ, станува збор за дел од проектот „Urbanfloods“, ко-финансиран од Европската Унија преку програмата „Interreg IPA ADRION“. Како што се појаснува, работилницата што ќе се […]

Студено утро, преку денот сончево и ветровито


Времето наутро ќе биде студено со услови за појава на магла по котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност зголемена во источните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне […]

Трамп: Израел ќе ја предаде контролата врз Газа на САД по војната, нема потреба од американски војници на теренот


 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел ќе ја предаде Газа на САД по завршувањето на борбите и населението на енклавата ќе биде преместено на друго место, што според него значи дека нема да бидат потребни американски војници на теренот. Еден ден откако светот ја осуди изјавата на Трамп дека има за цел да ја […]

Привремено блокирана понудата на Трамп до државните службеници да поднесат оставка со отпремнина


Федерален судија во Бостон привремено го блокираше спроведувањето на програмата според која владините службеници можат да дадат отказ во замена за отпремнина, што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја понуди во обид да ја намали големината на федералната влада. Вработените во Владата имаа рок до синоќа на полноќ да одлучат дали прифаќаат таква програма. […]