Од денеска до петок во Србија повик за бојкот на пет големи трговски синџири поради високи цени


Здружението за заштита на потрошувачите во Србија, „Ефектива“ ги повика граѓаните од денеска до петок, 14 февруари, да ги бојкотираат петте големи трговски синџири. Како што истакнуваат од тоа здружение, успех ќе се постигне доколку приходите се намалат за една третина. Зборувајќи за резултатите од претходниот бојкот, Дејан Гавриловиќ од Ефектива за ТВН1 изјави дека […]

Филаделфија го декласира Канзас Сити и го освои Супербоулот


Тимот на Филаделфија Иглс, синоќа, го победи бранителот на титулата Канзас Сити Чифс со 40:22 и го освои 59.Супербоул со што станаа НФЛ шампиони, по седум години пауза. Во спектаклот кој се одржа во Њу Орлеанс, најгледниот и најважниот спортски настан во текот на годината во САД, Иглси едноставно го декласираа доегашниот шампион. Патрик Махомс […]

Детската клиника во Скопје не ги платила глобите за незаконско постапување по смрт на деца


Директорот на Детската клиника во Скопје и самата клиника сè уште не ги платиле двете глоби изречени по вонредните инспекциски надзори, спроведени поради смрт на деца. Според директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Кирил Лазов, казната за незаконско постапување ќе биде побарана преку судска постапка. Во изминатите четири месеци, седум деца починале во […]

Нема да го депортирам принцот Хари, тој и онака има доволно проблеми со сопругата


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема намера да го депортира принцот Хари од Америка и покрај правната битка за неговиот статус на имиграција. „Не сакам да го направам тоа. Ќе го оставам на мира. Има доволно проблеми со сопругата. Таа е ужасна“ рекол Трамп, пренесе Њујорк пост. Принцот Хари моментално се соочува со правни […]

Трамп рече дека денеска ќе објави царини од 25 отсто за челик и алуминиум и потврди дека сака САД да ја купат Газа


Вашингтон  –   Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска ќе објави царина од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД. Трамп тоа го зијави за новинарите во Air Force One и додаде дека ќе објави реципрочни тарифи утре или в среда, што ќе стапат на сила речиси веднаш и ќе значи […]

Во Париз почнува самит за иднината на вештачката интелигенција


Париз – Светски лидери, шефови на технолошки компании, академици и други експерти се собираат денеска во Париз на дводневен самит за заканите и ветувањата за вештачка интелигенција. Тие ќе дебатираат за влијанието на технологијата врз јавноста, вклучувајќи ги потенцијалните апликации на вештачката интелигенција во области како што се здравството, образованието и работата, како и нејзиното […]

Во штипскиот Основен суд почнува судењето за убиството на Емилија Пешева


Во Основниот суд во Штип денеска почнува судењето против Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември 2024 изврши убиство na 29-годишната Емилија Пешева. Според истрагата на Основното јавно обвинителство, за убиството на штипјанката Пешева се обезбедени докази според кои обвинетиот на 1 ноември 2024 година, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата […]

Трамп побара да се запре производството на ковани центи


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп (Трамп) синоќа побара од Министерството за финансии да го запре производството на ковани центи, сметајќи дека е прескапо и со цел да се намали јавната потрошувачка. – Предолго САД коваа монети и тоа е расипништво. Побарав од министерот за финансии да престане да произведува нови центи, напиша Трамп на […]

Високи американски функционери патуваат во Европа на разговори за безбедноста


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја турка својата агенда „Америка пред се“, ги доведе во прашање безбедносните обврски на САД во Европа и ги повика сојузниците драстично да ги зголемат трошоците за одбраната, додека неговата администрација досега беше главно тивка за неговите планови за идната помош за Украина. Вашингтон му даде на Киев […]

Членовите на Судски совет можат да одговорат на интерпелациите, седница најверојатно на почетокот на март


Откако во петокот пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ до Собранието поднесоа поединечни интерпелации за членовите на Судскиот совет Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми, претседателот на законодавниот дом Африм Гаши, според Деловникот, треба да ги достави до нив и во рок од десет дена да добие одговор дали […]

Дончиќ ќе дебитира за Лејкерси против Јута


Лос Анџелес – Тренерот на Лејкерс Џеј Џеј Редик го објави датумот за дебито на новодојденецот во тимот, Лука Дончиќ. – Лука најверојатно ќе дебитира како играч за нашиот тим во вторник против Јута. Договор за ова прашање нема, но најверојатно тој се очекува во вторник. Сите сакаме да го видиме Дончиќ во дресот на […]

Може ли Европа да се натпреварува? ЕУ со нов план за зацврснување на економската положба во светот


   „Европа има сѐ што ѝ треба за да се искачи на врвот. Но, во исто време, мора да си ги зајакнеме слабите страни за да ја вратиме конкурентноста“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по презентирањето на патоказот за зајакнување на конкурентноста на 27-члената Европска Унија.     Таканаречениот Компас за конкурентност […]

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози


Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна […]

Продолжува периодот на студени утра, сончево преку ден


Студено утро и денеска, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, исто така, се очекува наутро студено, […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 10 февруари 2025 година, 41-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 324 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 36 минути, а ќе зајде во 17 часот. Денов трае 10 часа и 24 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее ова деноноќие, а […]

Трамп потпиша извршни наредби за царини за челик и алуминиум


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп го исполни ветувањето дека ќе воведе царини од 25 отсто на увоз на челик и алуминиум, засилувајќи ја долго ветената трговска војна и покрај предупредувањата од Европа и Кина. „Денеска ги поедноставувам нашите царини за челик и алуминиум“, рече Трамп во Овалната соба додека ги потпишуваше извршните наредби. „Тоа […]

Трамп рече дека разговарал со Путин за крај на војната во Украина


  Доналд Трамп изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за преговарачкиот крај на тригодишната руско-украинска војна, што укажало дека руските преговарачи сакаат да се сретнат со американските колеги. Трамп за „Њујорк пост“ изјави дека разговарал со Путин, истакнувајќи дека „подобро да не кажам“ само колку пати. Во коментарите за медиумот во петокот на […]

Самоопределување на Курти победи на изборите во Косово, но нема мнозинство


  Владејачката партија Самоопределување на премиерот Албин Курти на денешните парламентарни избори освои 37 отсто од гласовите, покажуваат првите излезни анкети што ги објави порталот „Репортери“. Анкетата на весникот „Коха“ пак покажува поголем удел на гласовите за Самоопределување – 42 отсто. Според „Репортери“ на второ место е Демократската партија на Косово со 23 отсто, а […]

УЈП ја објави најновата листа на должници: 96 правни и 4 физички лица опфаќаат 62 отсто од вкупниот долг


Денеска УЈП го објави документот „Демистификација на листата на должници“. Тоа е најнова листа која се однесува на долговите доспеани до 30.9.2024 и неплатени до 31.12.2024. Листата вклучува вкупно 1.958 правни лица и 3.914 физички лица, кои заедно должат повеќе од 11,3 милијарди денари даноци и придонеси. Од УЈП истакнаа дека 70% од правните лица […]

Алкараз го победи Де Минаур во финалето на АТП Ротердам


Ротердам – Шпанецот Карлос Алкараз попладнево го победи Австралиецот Алекс Де Минаур во финалето на АТП турнирот во Ротердам (Холандија). Мечот траеше безмалку два часа и заврши со резултат 2:1, по сетови 6:4, 3:6 и 6:2. Алкараз сервираше два аса, направи една двојна грешка и реализира четири од осум брејк топки.  Де Минаур имаше еден ас, […]