Голем чекор назад во борбата со корупцијата, вели СДСМ


  Резултатите од годишниот извештај на „Транспаренси интернешeнeл“ се уште еден доказ за неспособноста и неуспехот на Владата предводена од ДПМНЕ. Македонија бележи катастрофален пад од 12 места во Индексот за корупцијата за 2024 година, што претставува прво назадување на нашата држава од 2019 година, вели во својата реакција СДСМ. „Оваа Влада ветуваше ‘беспоштедна борба […]

За падот на листата за корупција Мицкоски ја обвини СДСМ


  Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше најновиот рејтинг на „Транспаренси интернешенл“ за перцепцијата на корупцијата, на кој Македонија забележува уназадување за два поени и пад од 12 места. „Логичен е тој извештај, и добро е што два затоа што мислев дека е повеќе по оние коруптивни скандали на минатата влада. Ако ги видите сите седум […]

Мицкоски ќе побара маркетите на интернет да ги објавуваат цените на сите производи, ќе правел хистограм


Се разгледуваат неколку мерки за да се намалат цените на производите, но одлуката ќе се донесе по брифингот и анализата на Државниот пазарен инспекторат на денешната Владина седница, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашање за тоа кои мерки ќе се донесат за да се намалат цените на производите. Тој информира дека […]

Лајен од Париз најави 200 милијарди евра инвестиции во вештачката интелигенција


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска на Самитот за иднината на вештачката интелигенција во Париз најави нова иницијатива на ЕУ наречена „ИнвестАИ“, чија цел е мобилизирање на 200 милијарди евра за инвестиции во развојот на вештачката интелигенција, како и нов европски фонд вреден 20 милијарди евра за поддршка на овој индустриски сектор.  […]

Маск сака да го купи OpenAI за неверојатни 100 милијарди долари, но се соочи со провокативна контрапонуда


Американскиот милијардер и најблизок соработник на Трамп, Илон Маск, понуди речиси 100 милијарди долари за купување на компанијата OpenAI, на Сем Алтман, а се чини дека оваа понуда дополнително ги подгреа страстите на пазарот. Според „Гардијан“, Маск предводел конзорциум инвеститори кои доставиле понуда од 97,4 милијарди долари до бордот на директори на OpenAI за купување […]

Муцунски на маргинални средби во Австралија, состаноците со ЕУ не го интересираат


Продлабочувањето на економската соработка бил фокусот на работната посета на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на Австралија. Во таа насока, тој вчера остварил средба со претставници на European Australian Business Council (EABC), водечка платформа за економска и трговска соработка меѓу Европа и Австралија. На средбата се разговарало за можностите за унапредување […]

Прес-конференција на ДПМ за годишните награди (во живо)


 Прес-конференција на Друштвото на писателите на Македонија на која ќе бидат објавени членовите на жири-комисиите задолжени за доделување на годишните награди на ДПМ за 2024, како и петмината добитници на наградите: „Стале Попов“, „Ацо Шопов“, „Ванчо Николески“, „Димитар Митрев“ и „Мост“.  

Трамп го помилува Род Благоевич, можеби ќе биде амбасадор во Србија


  Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот вечерта издаде целосно помилување за поранешниот гувернер на Илиноис, Род Благоевич. Помилувањето, кое прв го објави „Аксиос“, следува по известувањето дека Благојевич може да биде назначен и за амбасадор во Србија. Тоа ќе го отслика случајот на Чарлс Кушнер, кој беше осуден за затајување данок и беше […]

Повеќе од 170 бомби од Втората светска војна откриени под детско игралиште во Англија


Повеќе од 170 бомби од Втората светска војна се откриени под детско игралиште во северна Англија, соопштија официјални лица, а според медиумите, се верува дека ќе бидат пронајдени уште. Првите бомби, кои сè уште имаат полнење, беа откриени во јануари на игралиште во градот Вулер, Нортамберленд, објави Би-Би-Си. Досега се пронајдени вкупно 176 бомби, а […]

Од утре попладне дожд на пониските и снег на повисоките места


Утре попладне, во текот на ноќта и во четврток најпрвин во планинските региони ќе има повремени локални врнежи претежно од снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд и снег. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, локални врнежи од дожд, а на планините од снег повторно се очекуваат во недела.

Потпишан договор за стипендирање на тројца македонски олимпијци


 „Sport Life“ обложувалници, потпишаa договор за стипендирање на тројца врвни македонски спортисти, учесници на последните Олимписки игри во Париз (2024). Маратонецот Дарио Ивановски, тaеквондистката Милјана Релјиќ и пливачот Никола Ѓуретановиќ, се тројцата млади спортисти кои ќе добијат по едногодишна стипендија од „Sport Life“, во вредност од 3000 евра, коишто ќе се исплаќаат во месечни рати […]

Изградбата на булеварскиот влез во Битола добро напредува


  БИТОЛА – И во зимските месеци продолжува изградбата на булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп. Ако не паднат големи снегови, до налето ќе биде комплетно изградена левата коловозна лента за влез во Битола и сообраќајот ќе се одвива по новата инфраструктура. Напоредно течат градежните работи за обнова на патот Прилеп – Битола. […]

Калас се надева на вистински напредок за Западен Балкан во следните пет години


 Западниот Балкан е дел од европското семејство и затоа нашата безбедност е неодвоива и нашата соработка е од суштинско значење, порача високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, која вчера во Рим учествуваше на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан и на членките на групата “Пријатели […]

Во антимафијашка операција на Сицилија уапсени 181 лице


За време на голема операција против членови на мафијата во областа Палермо, уапсени се 181 лице, меѓу кои и водачи и изнудувачи од различни мафијашки групи. Истрагата ја водеа карабинерите, а ја координираа обвинителот Маурисио де Лусија и заменик-обвинителката Марсија Сабела. При операцијата е откриен обид на Коза Ностра да ја обнови својата регионална структура […]

Северна Кореја и обезбедила на Русија 200 артилериски проектили со голем дострел


Северна Кореја и обезбеди на Русија 200 парчиња артилериски проектили со голем дострел, изјави официјален претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана. Пјонгјанг и дал на Москва „околу 11.000 војници, проектили, 200 парчиња артилериски проектили со голем дострел и значителна количина муниција“, рече официјалниот претставник во изјава за француски медиуми. Тој додаде дека тие можат „дополнително […]

ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година


На барање на Народната банка, Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука со која ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата во непроменет максимален износ од 400 милиони евра до 31 јануари 2027 година. Покрај нејзините девизни резерви, коишто се на историски највисоко ниво од 5 милијарди евра, репо-линијата обезбедува брза достапност до девизна ликвидност што […]

Со Меморандум официјализирана долгогодишната соработка меѓу Регулаторните комисии за енергетика на Северна Македонија и Грција


Постулати врз основа на кои ќе се унапреди функционирањето на националните и регионалните енергетски пазари, како и услугите за управување со вода и отпад, меѓу другото се дефинираат во Меморандумот за соработка што претпладнево во Атина го потпишаа Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Северна Македонија (РКЕ) […]

ДЗР со куп забелешки за Централниот регистер: Нереално прикажани приходи, не вратиле кредит земен од ИБРД…


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Централен регистар на Република Северна Македонија, за 2023 година, при што изрази неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива. Со извршената ревизија утврдена […]

„Украина можеби еден ден ќе биде руска“, вели Трамп


  Американскиот претседател Доналд Трамп ја изнесе идејата дека Украина „можеби некогаш ќе биде руска“, додека неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс се подготвува да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски подоцна оваа недела. Притискајќи да се стави крај на речиси тригодишната војна со Русија, Трамп разговараше за конфликтот во интервју за телевизијата Фокс њуз што […]

Какви ни се мислите, таков ни е животот


Секој од нас има одредени верувања, позитивни или негативни. Сепак, важно е да се знае дека ние сме самите креатори на нашата судбина, а со тоа и креаторите на нашите мисли. Негативните верувања се блокови кои не спречуваат да напредуваме и да го постигнеме она што го сакаме, а вистински пример за тоа се следните […]