И Џулијан Мур засегната од чистката против ДЕИ-доктрината во САД


Додека Администрацијата на Доналд Трамп забранува одредени книги за деца, и американската глумица и писателка Џулијан Мур најде свое дело на таа забранета листа. Имено, таа откри дека нејзината книга „Пегавата јаготка“ (Freckleface Strawberry) од 2007 година била забранета од Министерството за одбрана на САД во неодамнешната „чистка“ којашто опфаќа книги поврзани со расата, полот […]

Народни верувања за парите: : Ова се 10 начини како да ги задржите


Парите можеби не носат среќа, но се многу важен фактор во животот. Според популарното верување, ако ги следите овие 10 правила, секогаш ќе имате доволно пари. Начинот на кој се однесувате кон парите, велат нашите постари, може да влијае на финансиската состојба дома. 1. Кога да позајмите пари и да побарате покачување? Треба да побарате […]

Овој сектор од воената индустрија експлодираше: Инвестирани се дури 5,2 милијарди долари, повеќе отколку во ВИ


Инвестициите во стартапи со вештачка интелигенција беа главно непроменети во текот на изминатите две години. Но, средствата инвестирани во одбраната и безбедноста забележаа значителен раст. Фондот за иновации на НАТО ги објави бројките кои сугерираат дека инвестициите во европските стартапи кои работат на одбранбени и безбедносни технологии се зголемени за 24 отсто, на 5,2 милијарди […]

Утрово најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка


Најниска температура од минус три степени утрово е измерена во Маврови Анови, а највисока од 6 степени Целзиусови во Гевгелија. УХМР информира дека -2 степени Целзиусови се измерени во Попова Шапка, -1 во Крива Паланка, 1 во Крушево, Виница и во Тетово, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Берово Охрид, Битола, Велес и Претор, 3 во […]

Земјотрес од 5,1 степен во близина на Санторини – за 19 дена над 19.200 потреси


Земјотрес со јачина од 5,1 степен беше регистриран кусо пред 10 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, а неколку минути претходно имаше помал земјотрес од 4,2 степени, додека во текот на ноќта беа регистрирани два нови потреси од 4,2 и 4,5 степени според Рихтер, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Училишта во руски регион наместо училишно ѕвонче ќе свират исечоци од патриотски песни


Училиштата во регионот Перм во Русија наместо училишни ѕвона ќе свират извадоци од патриотски песни, објави службата за односи со јавноста на регионалното Министерство за образование и наука, пренесе info24.ru. Според руските медиуми, учениците ќе слушаат песни од групата „Љубе“, како и изведувачите Олег Газманов и Денис Мајданов. Ѕвоната во образовните институции ќе бидат заменети […]

Хороскопски знаци родени под среќна ѕвезда


Повеќето луѓе сериозно се борат да си обезбедат најдобар можен живот за себе, но има и мал број од оние кои се однесуваат како да се родени под среќна ѕвезда. Сè што ќе допрат го претвораат во злато и многу лесно го добиваат она што го сакаат во чинија. Рак Никогаш во животот не постои […]

Сабаленка за случајот Синер: Не разбирам како да му верувам на системот


Светскиот рекет број еден Арина Сабаленка го коментираше случајот со допинг со играчот број еден на АТП ранг листата Јаник Синер. На 15 февруари се дозна дека 23-годишниот Италијанец е дисквалификуван на три месеци поради кршење на антидопинг правилата. „Порано, мирно оставав чаша вода во ресторан и заминував, но сега не пијам од неа. Кога […]

„Фајненшл Тајмс“: ЕУ планира да го ограничи увозот на храна по царините на Трамп


Европската унија планира да го блокира увозот на одредена храна за да ги заштити своите земјоделци, по примерот на реципрочната трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори. Европската комисија ќе се согласи оваа недела да ги истражи построгите ограничувања на увозот, пишува весникот, повикувајќи се на изјави на […]

Снег во Скопје (видео)


Во Скопје утрово почна да вее снег, како што деновиве најавуваше УХМР. Водно е обвиено во магла, но во центарот на градот вее снег. Според прогнозата времето во главниот град денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб повремен дожд, на повисоко со услови за слаб снег и со слаб северен ветер. Минималната температура […]

Јужнокорејските власти го повлекуваат DeepSeek од локалните онлајн продавници за апликации


Јужнокорејските власти објавија дека ја отстрануваат кинеската апликација за вештачка интелигенција DeepSeek од локалните онлајн продавници за апликации. Мерката ќе биде во сила додека властите го испитаат начинот на кој кинеската компанија што ја создаде апликацијата управува со податоците на своите корисници. Целта е да се заштитат личните податоци на корисниците. 

Масовен украински напад со дронови врз Русија, гори руска рафинерија


 Најмалку едно лице е повредено, а 12 куќи се оштетени во напад со украински дронови врз руската Краснодарска област, изјави утринава гувернерот на јужниот руски регион. Во објава на „Телеграм“, гувернерот Венијамин Кондратиев го нарече нападот „масовен“, но не даде дополнителни детали. Рускиот новински канал „SHOT“ на „Телеграм“ објави дека Украина се обидела да ја […]

Доларот стагнира, цената на нафтата во пораст


На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира, откако минатата недела падна за 1,2 отсто. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест главни светски валути, утринава се движи околу 106,84 поени, додека во петокот навечер беше 106,80 поени. Курсот на доларот во однос […]

Блумберг: Трамп сака да постигне мир во Украина до Велигден


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп настојува да постигне договор за прекин на огнот во Украина до Велигден, што е на 20 април оваа година, јави Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. -Администрацијата на Трамп им кажа на европските претставници дека сака да обезбеди прекин на огнот во Украина до Велигден, објави Блумберг, […]

Скај њуз Арабија: Хамас подготвен да ја предаде контролата врз Појасот Газа на Палестинската управа


Палестинската милитантна група Хамас изразила подготвеност да ѝ ја предаде контролата врз Појасот Газа на Палестинската национална управа, објави денеска „Скај њуз Арабија“, повикувајќи се на сопствени извори. Според медиумот, Хамас во писмо до Палестинската ослободителна организација (ПЛО) ја изразил својата подготвеност да ја пренесе контролата врз Појасот Газа на Палестинската управа и на владиниот […]

Администрацијата на Трамп ги поткопува западните вредности, вели германскиот вицеканцелар


Германскиот вицеканцелар Роберт Хабер синоќа изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп „покренала напад врз заедничките западни вредности“, што „не може да се сфати доволно сериозно“. – Факт е дека се напушта она што некогаш дојде во Европа од Америка: владеењето на правото, либералната демократија и поредокот заснован на правила, рече Хабек, член на […]

Администрацијата на Трамп нареди намалување на бројот на вработени во Управата за храна и лекови


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нареди намалување на бројот на вработени во Управата за храна и лекови (ФДА) во текот на викендот со отпуштање на вработени одговорни за безбедноста на состојките на храната, медицинските помагала и други производи. Вработени по договор во ФДА добија известувања дека нивните работни места се укинуваат, според неименувани претставници […]

Слаб снег и магла на некои патни правци


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слсб интензитет се бележат на патните правци Крива Паланка-Страцин и Тетово-Попова Шапка, кој во моментов не преставуват пречка во одвивањето на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин Стража и во […]

Владата уште се пазари со трговците, цените во маркетите и натаму во слободен режим


  Министерството за економија и труд неделава се очекува да се изјасни по предлогот даден од страна на новата Комора на трговци за поевтинување на 100 до 200 прехранбени производи, средства за хигиена и бебешка храна откако во петокот беше остварена средба во Министерството. Како што изјави во петокот Даница Блажевска од „Рептил“ маркети, претставниците […]

Четврти консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа


Министерството за локална самоуправа денеска ќе организира  четврти консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа, кој ќе го отвори министерот Златко Перински. Меѓу учесниците ќе бидат дел од експертскиот тим вклучен во процесот – проф. д-р Александар Спасеновски, проф. д-р Гордан Георгиев и проф. д-р Мемет Мемети. На настанот ќе присуствуваат […]