Австралиски милијардер Палмер формира политичка партија инспирирана од Трамп


Австралискиот милијардер Клајв Палмер неколку месеци пред изборите на национално ниво основа политичка партија, за која истакна дека е директно инспирирана од американскиот претседател Доналд Трамп. Рударскиот магнат Палмер наведе Труба на патриотите (ТоП) ќе го „пресуши мочуриштето“ во главниот град на Австралија, Канбера, повикувајќи се на плановите на Трамп за драстично намалување на Владата. […]

Грчки медиуми: Започнаа прелиминарните работи во Грција за изградбата на интерконекторот со Северна Македонија


 „Патувањето“ на новиот гасовод Грција – Северна Македонија започна, со оглед на тоа дека „Терна“ ги стартуваше моторите, започнувајќи ги прелиминарните работи за грчкиот дел од проектот, пишува грчкиот енергетски портал „Енерџи маг“ во однос на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. Компанијата „Терна“ пред четири месеци беше […]

Поради снежна бура, откажани повеќе летови од Истанбул


Поради неповолните временски услови, неколку летови ќе бидат откажани во среда на аеродромот во Истанбул (IST), соопшти Туркиш ерлајнс. Компанијата ги информираше патниците дека летовите кои полетуваат и пристигнуваат на овој аеродром се погодени од лошо време. Аеродромот Сабиха Ѓокчен, кој се наоѓа во источниот дел на Истанбул, најави и откажување до 15 отсто од […]

Политико: Русија и САД размислуваат за заеднички енергетски проекти на Арктикот


За време на вчерашните разговори во главниот град на Саудиска Арабија Ријад, делегациите на САД и Русија разговараа за заеднички енергетски проекти на Арктикот, пренесоа европските медиуми. Политико објави дека првата средба на двете делегации, организирана по „изненадувачкиот телефонски разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин“, повторно ги ставила на дневен ред заедничките проекти со […]

Русите извршија голем напад врз Одеса, 250.000 жители без струја и греење


Русите синоќа извршија голем напад на Одеса, оставајќи голем дел од украинскиот град без струја, вода и греење. Во нападите беа оштетени и објекти од социјалната инфраструктура. Градоначалникот на Одеса Генадиј Труханов изјави дека нападот бил извршен во густо населена област на градот. „Без греење останаа болниците, клиниките и објектите на социјалната инфраструктура“, рече тој. […]

Специјалното обвинителство бара судот да му нареди на Курти да сведочи за државните резерви


Специјалното обвинителство на Косово поднесе барање до Основниот суд во Приштина да му наложи на премиерот на Косово, Албин Курти, да сведочи во тоа обвинителство во врска со случајот со државните резерви. Порталот „Заклетва за правда“ во вторникот објави дека барањето до судот било поднесено минатата недела, пренесе Бета. Досега Обвинителството трипати по ред го […]

Гардијан: Наместо 150.000 војници, Украина би можела да се штити со дронови и разузнавачки системи


Безбедносните сили за гарантирање на стабилноста во Украина, предводени од Европската Унија, не мора нужно да вклучуваат голем број војници стационирани на фронтот и би можеле да бидат присутни на терен во состав од неколку десетици илјади војници или дури и помалку, наведуваат добро информирани британски воени извори за Гардијан. Според британскиот весник, безбедносниот пакет […]

Трговците на големо и мало загрижени по одлуките на Владата, бараат средба со премиерот Мицкоски


Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун денеска преку соопштение изразува сериозна загриженост за вчерашните одлуки на Владата, кои беа соопштени од заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Бараат итна средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши […]

Белата куќа ги санкционира новинарите на АП откако одбија да го користат терминот „Американски Залив“


Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе ја блокира новинската агенција Асошиејтед прес (АП) од пристап до Овалниот кабинет и претседателскиот авион „Ер Форс 1“, сè додека агенцијата не престане да го користи називот „Мексикански Залив“. Во јануари, Трамп потпиша указ со кој му наложи на Министерството за внатрешни работи да го смени името […]

Студија: Довербата во демократските парламенти страда од „глобален пад“


Според ново истражување, довербата во владите и политичките партии опаѓа во демократските земји ширум светот, објави PA Media/DPA. Истражувачите од Универзитетот во Саутемптон анализирале 3.377 истражувања кои опфаќаат 143 земји помеѓу 1958 и 2019 година, што претставува повеќе од пет милиони испитаници. Тие откриваат дека додека довербата во репрезентативните институции како што се парламентите „генерално […]

Трамп го заобиколува Макрон, кој се обидува да ја обедини Европа, но поделбите се длабоки


Францускиот претседател Емануел Макрон го прикажа европското единство со поканување мал број одбрани европски лидери во Елисејската палата во понеделникот, додека администрацијата на Трамп ја заобиколи цела Европа со продолжување на директните разговори со Русија во вторникот за војната во Украина. Се наметна прашањето: Дали Европа може да ја преземе одговорноста за сопствената безбедност или […]

Атина денеска без такси превоз


Таксистите во Атина од рано утрово започнаа 24-часовен штрајк и доставија низа барања, а грчката метропола денеска ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина. Од Синдикатот на такси превозници соопштија дека преку штрајкот меѓу другото, бараат дозвола возилата да сообраќаат во специјалните сообраќајни ленти наменети за автобусите; да се реши проблемот […]

Си-Би-Ес Њуз: Администрацијата на Трамп воведе привремена забрана за имиграциските молби од Украина и Латинска Америка


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп привремено ги суспендира сите имиграциски молби поднесени од мигранти од Украина и Латинска Америка, кои беа примени во САД преку програми воведени за време на администрацијата на Џо Бајден, јавува Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на извори во американската администрација. Како причина за одлуката се наведуваат загрижености за можни измами […]

Бербок: Ниту еден европски војник нема да биде испратен во војната во Украина


Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека дебатата за можно испраќање на европски мировни сили во Украина е „преуранета“. – Ниту еден војник нема да биде испратен во овој жесток конфликт, изјави Бербок за германскиот јавен сервис ЗДФ, пренесува агенцијата ДПА. Во европските земји се отвори дебата по едностраното соопштение на американскиот претседател […]

Си-Ен-Ен: Трамп и задава нов удар на Украина, му дава нов поттик на Путин


Американскиот претседател Доналд Трамп во своите најнови изјави  даде најнепријателски коментари за Украина досега, нанесувајќи и нов удар на земјата и нов поттик на рускиот претседател Владимир Путин, оценува Си-Ен-Ен. Откако го исклучи украинскиот претседател Володимир Зеленски од првите разговори меѓу САД и Русија за завршување на војната, одржани во Ријад во вторникот, Трамп ја […]

Концерт на џипси музика „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ под диригентската палка на Тимоти Редмонд


Во камерната сала на Македонската филхармонија, во организација на Фејмс Институтот, вечерва ќе се одржи уникатен музички спектакл насловен „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ кој ќе ја спои магијата на џипси музиката со модерниот оркестарски израз. Под диригентската палка на реномираниот диригент Тимоти Редмонд, концертот ќе понуди богата програма која опфаќа различни музички жанрови, а е […]

Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика ќе расправа за измените во Законот за ТИРЗ


Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика. Членовите на Комисијата ќе го разгледуваат Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, во второ читање. Како што стои во образложението објавено на собранисиката веб-страна, основна цел на предложениот Закон е овозможување на поефективен и […]

Трамп ја обвини Украина за агресијата на Русија, „можеа да направат договор“


  Претседателот Доналд Трамп го критикуваше Володимир Зеленски, велејќи дека е „разочаран“ што украинскиот лидер се пожали дека бил изоставен од разговорите меѓу САД и Русија за завршување на војната во Украина. Трамп, исто така, се чинеше дека го обвини Киев за инвазијата на Москва – дури и кога рече дека е посигурен во договорот […]

Прес – конференција по повод концертот на светската тенорска sвезда Пласидо Доминго во Скопје


По повод претстојното гостување на светската тенорска sвезда, Пласидо Доминго во арената „Борис Трајковски“, денеска, напладне, ќе се одржи прес-конференција во фоајето на Македонската Опера и Балет. На конференцијата за медиумите ќе присуствуваат министер за култура и туризам Зоран Љутков, Оливер Арсовски, директор на Македонската опера и балет и Кристијан Стефановски, претставникот од „Прагма продукција“. […]

Изведба на балетската претстава „Есмералда“ во НОБ


Еден од бисерите на класичната балетска уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи вечерва ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, во кореографија на реномираниот кореограф […]