Бојко Борисов по стапките на Трамп – бил загрижен што во Украина немало избори


  Откако американскиот претседател Доналд Трамп бесно ја нападна Украина и коментираше дека таму треба да се одржат избори, а претседателот Володимир Зеленски има низок рејтинг на одобрување, и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, ја сподели својата загриженост за ова прашање. „Секако дека сме загрижени и поради тоа што во Украина не се одржуваат избори, […]

Борис Џонсон до Европејците: Трамп само сака да ве шокира


  Борис Џонсон ги повика европските лидери да не го сфаќаат премногу буквално обвинувањето на Украинците од Доналд Трамп за инвазијата на нивната земја. Трамп во вторникот го исмејуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски како лош преговарач и „грубо неспособен“, непрецизно го доведе во прашање неговиот рејтинг во анкетите и се чинеше дека го впери прстот […]

Цел месец не работи ПЕТ-скенерот за онколошките пациенти, тврди СДСМ


  Опозициската СДСМ тврди дека еден месец не функционира единствениот државен ПЕТ-скенер, многу потребен за онколошките пациенти. „Со месеци трае хаосот во македонското здравство поради неспособноста на Таравари и и ДПМНЕ. Најпогодени се онколошките пациенти, чии животи се загрозени поради катастрофалниот менаџмент. Откако веќе со недели недостасува биолошката терапија на Клиниката за онкологија, сега еден месец […]

Изненадувачкиот напад на Трамп врз Европа


Кога Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД во ноември минатата година, европските елити очигледно мислеа дека САД ќе станат малку поизолационистички, малку понационалистички. Но, сепак, континуитетот би преовладувал. Трамп би барал Европа да плати повеќе за својата одбрана, но НАТО – и најважната американска безбедносна гаранција за Европа – би преживеале. Денес, по […]

ФЛУ при УКИМ во Скопје го слави својот 45-годишен јубилеј


Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, најстарата и најреномирана вискокообразовна институција и центар за развој на ликовната и визуелна култура во нашата држава, оваа година одбележува 45 години од своето основање. Сите активности на ФЛУ до крајот на 2025 година ќе се случуваат во чест на јубилејот со […]

4iG ги зајакнува врските со водечките американски вселенски и технолошки фирми во Вашингтон


Претседателот на Групацијата 4iG, Гелерт Јасаи, одржа состанок со директори од SpaceX и со водечки американски компании за вселенска и енергетска технологија, сигнализирајќи голем чекор кон подлабока трансатлантска соработка во иновациите, одбраната и истражувањето на вселената, соопштија од компанијата. Јасаи оствари средба со Тим Хјуз, виш потпретседател за глобален бизнис и владини прашања во SpaceX, […]

Агенција за високо образование имаме, но нема кој да одобри нови студиски програми


Новиот закон за високо образование што го работиме, предвидува реформа на Агенцијата за квалитет во високото образование (АКВО), со што очекуваме институцијата да стане функционална, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната прес-конференција. – Жал ми е што морам да кажам, но, факт е дека работата на Одборот за акредитација, односно за […]

Еврокомисијата промовира Визија за иднината на земјоделството и храната во ЕУ


Европската комисијата денеска претстави амбициозен патоказ за иднината на земјоделското и прехранбеното производство во Европа, наречен Визија за земјоделството и храната, чиј цел е да постави основа за изградба на атрактивен, конкурентен, издржлив и праведен земјоделско-прехранбен систем за потребите на сегашните и идните генерации земјоделци.  При презентацијата на Визијата, извршниот потпретседател на Европската комисија за […]

Кошаркарката Едина Муса роди син


Екс- кошаркарската двојка и тазе брачни сопружници, Едина Муса и Александар Димитровски Мачка го дочекаа нејубавиот заеднички ден – станаа родители за првпат на нивното прво заедничко дете. Мама Едина, мис фитнес убавица, а сега фитнес тренер, до последно пред породувањето беше активна на Инстаграм, постирајќи објави дека наскоро ќе прави се’ она од тренинзите […]

Меган Маркл сподели ретка фотографија со нејзината ќерка Лилибет


Американската актерка и поранешна војвотка Меган Маркл (43) не губи време откако се врати на Инстаграм на 1 јануари, собирајќи речиси два милиони следбеници со кои споделува досега невидени моменти од нејзиното секојдневие. Така, таа со својата најнова објава го најави својот најнов деловен потфат, брендот наречен „Како некогаш“ на кој тајно работи, а кој […]

Мали и средни компании од Пелагонија гледаат иднина во соларна енергија


  БИТОЛА – Компаниите од Пелагонискиот регион имаат можност да се пренасочат кон обновливите извори на енергија и да го намалат нивниот јаглероден отпечаток, со помош на кредитна линија на Европската инвестициска банка (ЕИБ). Пред дваесетина локални мали и средни претпријатија, изминатите денови се одржаа две презентации за зелени иницијативи, проектирани да го трансформираат начинот […]

Штип ќе постави 200 камери за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, но и да се спречи вандализмот


Во тек е постапка за поставување на 200 камери на штипските улици и булевари, како и на игралиштата и околу градинките и училиштата најави денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Средствата за видео надзорот се обезбедени од општинскиот буџет. Штипјани изминатите години се сведоци на вандализам, односно на искршени клупи, детски реквизити, урбана опрема […]

Црвениот крст од Амбасадата на САД доби мобилно оперативно возило


Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска како донација од Амбасадата на САД во земјава доби мобилно оперативно возило. Како што информираа од Црвен крст на настанот, мобилното оперативно возило претставува оперативно комуникациски мобилен центар и ќе овозможи справување и брзи и ефикасни одлуки за делување во кризни состојби, поврзување со сите институции вклучени во […]

„Девојчето и куклата што патува“: Русјаков со сликовница-омаж на најпознатата анегдота поврзана со Кафка


Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за новата уникатна сликовница „Девојчето и куклата што патува“ од Александар Русјаков. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (18 февруари) во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“, во рамките […]

Истражување: Дури 80 отсто од граѓаните на Србија ги поддржуваат барањата на студентите


  Околу 80 отсто од граѓаните на Србија поддржуваат најголем дел од барањата на студентите, а третина од населението вели дека учествувале во тековните протести. Студентските протести ги поддржуваат 64 отсто од граѓаните, објави центарот за истражување „Црта“ по последното истражување. Студентските протести станаа клучен фактор за политички и општествени промени во Србија, со потенцијал […]

Средношколците со попреченост од септември ќе имаат образовни асистенти


Од септември годинава средношколците со попречености ќе имаат образовни асистенти во средните училишта, рече министерската за образование Весна Јаневска на денешната прес-конференција. „Законот за средно образование вчера помина на Влада и ќе оди во собраниска процедура. Се надевам дека овојпат ќе помине како што треба. Претходниот Закон не предвидуваше образовни асистенти во средните училишта. Овој […]

Папата има пневмонија на двата бели дробови. Колку е тоа опасно?


  Официјални лица на Ватикан доцна во вторникот изјавија дека папата Франциско развил пневмонија на обата бели дробови, што дополнително го отежнува закрепнувањето на понтифот. 88-годишниот папа беше хоспитализиран во петокот, откако еднонеделниот напад на бронхитис се влоши. Во понеделникот, лекарите рекоа дека развил мешавина од инфекции во неговиот респираторен тракт. Во средата, Ватикан соопшти […]

Зибери: Девојче од Шуто Оризари дури по 13 години е запишано во матичната книга на родени


По повеќе од 13 години девојче од скопско Шуто Оризари добива документи, односно доаѓа до Извод од матична книга на родени и со тоа станува видливо за институциите и непречено да ги остварува своите права и да се запише во училиште. Народниот правобранител Насер Зибери денеска на прес-конференција укажува дека ова не е изолиран случај […]

Републикански сенатор се огради од Трамп, смета дека Путин треба да биде погубен!


Двајца истакнати републикански сенатори, сенаторот Роџер Викер од Мисисипи и сенаторот Џон Кенеди од Луизијана, го критикуваа рускиот претседател Владимир Путин и се чини дека се разидоа со претседателот Доналд Трамп во врска со преговорите за  ставање крај на војната во Украина. Викер, кој е и претседавач на Комитетот за вооружените сили во Сенатот, порача […]

Со Пласидо Доминго докажуваме дека сме на светската културна мапа, вели Оливер Арсовски од НОБ


Еден од најголемите тенори на денешницата, но и врвен диригент, освојувачот на 12 Греми музички награди, Пласидо Доминго (83) , за првпат доаѓа во Скопје со премиерен и  ексклузивен концерт на 14 март, 2025 година во арена „Борис Трајковски“, во организација на Прагма Продукција во копродукција со Македонска Опера и Балет . Како уметник сам […]