Ќе поевтинат ли над 1.000 производи? Мерките стапија на сила, трговците предупредуваат на „големи штети“


Од денеска се очекува да поевтинат над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи откако во Службен весник се објавени одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите. На самиот старт на владините одлуки, вчера реагираа од Комората на трговци на големо и на мало, од каде […]

Венс го предупреди Зеленски да не го критикува Трамп


Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс ги засили критиките кон Украина и го предупреди претседателот Володимир Зеленски да не го критикува претседателот на САД, Доналд Трамп. – Идејата дека Зеленски ќе го смени мислењето на претседателот на претседателот со клеветење во јавните медиуми … секој што го познава претседателот ќе ви каже дека тоа е многу […]

Одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик


 Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Најавени се поздравни обраќања на министерот за култура и туризам Зоран Љутков и директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска. Пригодно обраќање на тема „Кон 80 години од […]

Пожар во стан во Кисела Вода, повредени станари, пожарникар и полицаец


 Двајца станари, еден пожарникар и еден полицаец се повредени во пожар што избувна синоќа во зграда во скопската населба Кисела Вода, спроти Општината. Еден стан е целосно изгорен, а неколкуте зафатени ги оставија станарите под ведро небо, објави на Фејбук претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. – Веднаш со мојот […]

Студено утро, преку денот сончево и ветровито


Времето утрово ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 […]

ПСВ во продолженијата го елиминира Јувентус и обезбеди осминафинале во ЛШ


Холандски ПСВ е последниот патник во осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони, откако вечерва со триумф по продолженија од 3-1 на домашен терен го елиминираше италијански Јувентус. ПСВ успеа да ја надомести негативата од 1-2 од првиот натпревар во Торино и со голот на Фламинго во 98 минута го завери пласманот меѓу осумте најдобри екипи. […]

Реал, ПСЖ и Борусија Дортмунд осминафиналисти во Лигата на шампиони


Фудбалерите на Реал Мадрид, ПСЖ и Борусија Дортмунд обезбедија вечерва место во жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони која е закажана за в петок напладне. Мадридски Реал по триумфот на гостински терен од 3-2 ја потврди доминацијата над Манчестер сити, совладувајќи го пред своите гледачи англискиот шампион со 3-1 и со вкупен резултат од […]

Макрон и Стармер следната недела во Америка


 Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го посети Вашингтон следната недела, соопшти советникот за национална безбедност на Доналд Трамп. Британскиот премиер Кир Стармер исто така ќе оди во Америка истата недела, изјави Мајк Волц за Фокс њуз. Овие посети доаѓаат откако лидерите ширум Европа изразија загриженост дека САД ги заобиколуваат во обидите да преговараат за мир […]

Одлуките за ограничување на маржите и замрзнување на цените објавени во „Службен весник“


Одлуките на Владата за ограничување на бруто профитната маржа и за замрзнување на дел од цените на прехранбените производи се објавени во „Службен весник“ со што од утре се очекува поевтинување на повеќе од 1000 производи.  Одлуките беа донесени на седница на Влада во вторникот, а ќе траат до 30 април. Опфатени се производи од […]

Данска со уште 6,8 милијарди евра за одбрана: Купувајте, купувајте, купувајте!


Данска ќе одвои дополнителни 50 милијарди круни (6,8 милијарди евра) за одбрана во следните две години како одговор на растечката закана од Русија, изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен. – Купувајте, купувајте, купувајте. Купете она што може, овде и сега, да придонесе за посилна одбрана, а со тоа и посилно одвраќање, рече Мете Фредериксен, која […]

Нема економски напредок без владеење на правото: Делегација на СКСЗМ кај претседателката Сиљановска-Давкова


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими делегација на Стопанската комора на Северозападна Македонија, предводена од претседателот на Комората, Менди Ќура. Сиљановска-Давкова, како што соопшти нејзиниот Кабинет, била информирана за дведецениската работа на Комората, проблемите и предизвиците со кои се соочува бизнис заедницата, како и за можностите за подобрување на деловното опкружување. Според претставниците на Комората, како […]

САД извршија пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета Minuteman III


САД извршија пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета Minuteman III, без боева глава, соопштија денеска од „Ванденберг“, база на вселенските сили на САД. Тестирањето се одржа откако американска и руска делегација вчера во Ријад одржаа средба за започнување преговори за крај на војната во Украина. Ракетата има капацитет да гаѓа цели во Русија. Вршителот на […]

Додик пред Судот на БиХ: Обвинителството на БиХ ја нападна институцијата претседател и институциите на РС


Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска пред Судот на Босна и Херцеговина во Сараево изјави дека Обвинителството на БиХ, со покренување постапка против него, ја нападнало институцијата претседател и институциите на РС. Давајќи го својот завршен збор во судскиот процес во кој му се суди за неисполнување на одлуките на високиот претставник во […]

НАТО маневри во Романија


 НАТО денеска ги продолжи воените вежби во Романија, тестирајќи ја неговата способност брзо да распореди голем број сили на источната граница на 32-члената воена алијанса, додека расте загриженоста во врска со нејзината најголема и најмоќна членка, САД. Вежбите во Романија, која граничи со Украина, доаѓаат додека Европа се бори со нов курс во американската надворешна […]

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими победничките тимови на „NASA Space Apps Challenge 2024“


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими македонските тимови што постигнаа исклучителни резултати на „NASA Space Apps Challenge 2024“, во организација на Американската агенција за вселенски истражувања НАСА. Претседателката, како што соопшти нејзиниот Кабинет, била запозната со целите на 48-часовниот хакатон, што истовремено е одржан во 180 земји, а кај нас, ученици и студенти од целата држава […]

Почна дискусијата за општествено корисна работа за вандализам


Денеска се одржа првата средба на новоформираната работна група, чија задача е подготовка на законските измени за воведување на општокорисна работа за младите лица кои извршиле вандалски дејства. Оваа работна група беше формирана откако Владата на Република Македонија ја прифати иницијативата, поднесена од ЗЕЛС, која произлезе како предлог од градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. […]

Трудо: Канада е целосно фокусирана на тоа да се погрижи САД да не ја исполнат заканата за воведување царини


 Канада е целосно фокусирана на тоа да се погрижи САД да не ја исполнат заканата дека ќе воведат царини за канадски увозни производи, изјави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо. „Ако некогаш и бидат наметнати царини на Канада, нашиот одговор ќе биде итен и силен, но ние не го сакаме тоа. Ќе работиме за да бидеме […]

Цените на златото достигнаа нови рекорди


Цените на златото денеска останаа близу 3.000 долари за унца, во услови на зголемено купување од страна на централните банки и загриженоста на инвеститорите за глобалниот економски раст по најавите за новите американски царини. На физичкиот пазар унца злато околу пладне вредеше 2.943 долари, што е за 0,3 отсто повеќе од вчерашното затворање. Накратко достигна […]

Ракометарите и претседателот Мукаетов, специјални гости на Амбасадорот на САД во Скопје (фото)


Машката ракометна репрезентација на Македонија предводена од селекторот Кире Лазаров и од претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, беше свечено примена во Амбасадата на САД, на посета на Амбасадорката Ангела Агелер. Амбасадорката Агелер им дава поддршка на ракометарите од трибините, таа беше крај претседателот Мукаетов и на натпревар од СП 2025 во Вараждин, […]

Ќе се ревидира трасата од автопатот Требеништа – Ќафасан, подрачјето е под заштита на УНЕСКО


Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска во Охрид изјави дека ќе се ревидира трасата од автопатот Требеништа – Ќафасан, односно четвртата делница од проектот со конзорциумот „Бехтел и Енка“. „Подрачјето e под заштита на УНЕСКО, а со актуелниот проект се загрозува неговата автентичност“, изјави Николоски. Тој посочи дека во опција се три варијанти, […]