Објавена новата просечна плата во Хрватска


Просечната месечна нето-плата по вработен во правните лица за декември 2024 година изнесува 1.361 евро, а средната 1.156 евра, објави денеска хрватскиот Централен завод за статистика, чии податоци исто така покажуваат дека околу две третини од платите се потпросечни, јави Хина. Просечната плата за декември е номинално пониска за 0,4, а реално за 0,5 отсто […]

Златна Бубамара 2025 стилски обоена во црвено (фото)


Дваесет и осум години „Златна Бубамара“ е најпрестижниот црвен ќилим во Македонија. Не е оној класичниот, како на гала настаните, туку се случува во холот, меѓу седиштата, на (цигара) пауза додека трае програмата. Најоговарачко место. Да бидете видени и да видите. Своевидна модна писта. Среќавате и елита и обичен народ. И дами и девојчиња. И […]

Сообраќајот на патот Демир Капија-Смоквица ќе биде пренасочуван, а во обратен правец ќе биде во прекин поради реконструкција


На автопатот А1, на делницата Демир Капија – Смоквица, поточно кај вториот тунел (Т2) во близина на местото “Јаворица”, сообраќајот ќе биде пренасочен со соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација поради реконструкција на патот. Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот на патниот правец Смоквица – Демир Капија, ќе биде во прекин за сите […]

Босанци увезувале биодизел од САД, а го продавале како босански- штета од 60 милиони евра


Европското јавно обвинителство (ЕППО) во Ротердам уапси двајца осомничени под сомнение за царинска измама поврзана со увоз на биодизел, што наводно нанело штета на буџетот на ЕУ од над 60 милиони евра. Според истрагата, осомничените во Европската унија внесувале биодизел од американско потекло, лажно претставувајќи го неговото потекло. Истрага во Белгија и улогата на осомничените […]

Finance Think: Жените во Македонија се позастапени во пониско платени и помалку барани занимања во споредба со мажите


На македонскиот пазар на труд постои хоризонтална професионална сегрегација т.е. жените се позастапени во пониско платени и помалку барани занимања во споредба со мажите, занимањата во кои доминираат мажите (на пример ИТ стручњаци, инжинери, техничари) се поатрактивни на пазарот на труд, а побарувачката за работници во овие занимања е поголема. Професионалниот јаз (однос помеѓу понудата […]

Пазарниот инспекторат на терен, глобите за непочитување на одлуките за основните прехранбени производи од 500 до 10.000 евра


Од Државниот пазарен инспекторат информираат дека од денеска нивните инспектори се на терен и ќе вршат контроли дали се почитуваат одлуките на Владата за ограничување на маржите и за замрзнување на цените на прехранбените производи.  Согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, глобите за непочитување на овие две одлуки се движат од […]

Кого друг би славеле: Во окупираниот Мариупол Русија отвори музеј на запамтениот по репресии Жданов


Мариупол, украинскиот град речиси избришан од мапата од руската опсада во 2022 година, доби нов музеј – не за комеморација на загинатите, туку во чест на Андреј Жданов, еден од главните архитекти на репресиите на Сталин. „Ова е обид на окупаторските власти да ги рехабилитираат советските криминалци и да ја напишат одново историјата на Украина“, […]

Зошто Русија би отстапила нешто ако веќе победува?


 Максим Саморуков, соработник на Центарот за Евроазија на Карнеги Русија, ги објаснува недостатоците на Доналд Трамп во преговорите за Украина. Саморуков верува дека американскиот претседател јавно инвестирал премногу во војната во Украина за да не успее. Ова веројатно значи дека тој ќе постигне некаков општ договор со Путин кој предвидува прекин на огнот, избори во […]

Во Кривичниот суд вчера, млад скопјанец сакал да влезе со два ножа и сатар


Во средата, во 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Основен кривичен суд Скопје, при преглед за влез, во ранецот на М.К.(20) од Скопје, службеник во судска полиција пронашол и одзел два ножеви и еден сатар. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.  

Пицула: На Србија и недостасува реален напредок кон ЕУ


Брисел– Србија изминатите години нема вистински напредок на нејзиниот пат кон Европска Унија, изјави денеска известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, пред европратениците од Парламентарната комисија за надворешни работи. Извештајот на Пицула се очекува следните недели да биде дополнет и изгласан во Парламентарната комисија. Тој истакна дека во документот изразува загриженост за прашањата […]

Нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во болницата во Прилеп


Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска изјави дека нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во Прилепската болница во јануари годинава. -Нема стручна грешка, да имаше веднаш ќе бевте известени и ќе се преземеа чекори за дисциплински мерки. Меѓутоа и ДСЗИ и стручната комисија што беше од Министерството за здравство, констатира дека нема лекарски пропуст, […]

Портфолиото за недвижнини на Бијонсе и Џеј Зи е надвор од овој свет


Никогаш не ни е доста од ѕиркањето во дворците со А-листери, без разлика дали е замокот на Кендрик Ламар во Брентвуд или неодамна продадениот имот на Гвинет Палтроу во Лос Анџелес. Но, ако постои моќна двојка таму, која секако има одличен вкус кога станува збор за недвижнини, Бијонсе и Џеј Зи ја земаат тортата. Со […]

Се чека одобрение од Министерство за финансии за договорците во болниците низ државава


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска по посетата на болницата во Прилеп изјави дека се чека одобрение од Министерството за финансии за регулирање на статусот на договорците што работат во болнците низ државава. -Ќе биде регулиран статусот на договорците на ниво на цела држава. Се работи за 1.180 договорици и се чека одобрение од Министерство […]

Оскари 2025  го најавија третиот круг на презентери


Третиот круг на презентери е најавен за Оскарите во 2025 година, а меѓу нив е и најмоќната жена во шоу-бизнисот , Опра Винфри. Ќе ѝ се придружат Џо Алвин, Стерлинг К. Браун, Вилем Дефо, Ана де Армас, Лили-Роуз Деп, Селена Гомез, Голди Хоун, Кони Нилсен и Бен Стилер. Извршниот продуцент и водител на шоуто Раџ […]

Костадинов: Загадувањето во Струмица е намалено за 50 отсто, инспекциските надзори даваaт резултат


Од 3 до 19 февруари просечната загаденост на воздухот во Струмица е намалена за 50 отсто во просек или преку пример: ако минатата година просекот на ПМ 10 честички во воздухот се движел околу 100 ПМ 10 честички на метар кубен, во првите две недели од февруари оваа година просекот се движи околу 50 ПМ […]

МТСП: Наскоро пак ќе почне со работа народната кујна во Куманово


Деведесет и две семејства од Куманово четири месеци не користат бесплатен оброк преку проектот „народна кујна“ на Министерството за труд и социјална политика. Дел од нив користат топол оброк, кој пак го обезбедува Општина Куманово, преку програмата за социјална заштита. Од ресорното министерство денеска информираа дека наскоро повторно ќе профункционира услугата наменета за ранливите категории […]

Чешка: Малолетник уби две жени во напад со нож


Две жени се убиени во напад со нож во продавница во Чешка, соопштија властите. Чешката полиција соопшти дека утрово уапсила осомничен кој избодел две жени во продавница во градот Храдец Кралове, кој се наоѓа на околу 100 километри источно од Прага. Првично беше објавено дека двете жени се повредени, од кои едната тешко, но подоцна […]

„Среќата во светот на сенките: Платон и стоиците“ – предавање на д-р Виктор Илиевски во ТРИ 


Предавањето од философски и книжевен карактер „Среќата во светот на сенките: Платон и стоиците“ ќе се одржи денес (20 февруари), во книжарницата ТРИ (ГТЦ) од 19 часот, од философот д-р Виктор Илиевски. Со предавањето на Илиевски се продолжува серијалот книжевни настани „Средби меѓу книгите“ што веќе цела зима ги грее срцата на читателите. Вечерашното предавање […]

Министерката Димитриеска Кочовска дојде на протестот на сметководителите


Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска неочекувано и ненајавено дојде на протестот што го одржуваа професионалните сметководители на кои, како што тие тврдат, им е одземено правото на работа.  – Треба да се најде фер решение, напишете ми ги писмено сите забелешки и доставете ми ги, им порача министерката на сметководителите. Таа ги покани да […]

„ДА ЖИВЕЕ КРАЛОТ“: Трамп самиот се прогласува за монарх


Белата куќа емитуваше слика на Трамп како носи круна на главата Претседателот Доналд Трамп сè повеќе ги прифаќа монархистичките слики, додека продолжува со своите драстични потези да ја преправи федералната влада според неговата претстава. „ЦЕНИТЕ ЗА ЗАДУШУВАЊЕТО СЕ МРТВИ. Менхетен и цел Њујорк се СПАСЕНИ“, напиша Трамп во средата на Truth Social, социјалната мрежа што […]