Африканска Унија предупреди на опасност од проширување на епидемијата на мајмунски сипаници


Одделот за здравство на Африканска Унија (АУ) предупреди на ризикот од ширење на епидемијата на мајмунски сипаници во Демократска Република Конго, бидејќи конфликтот во источниот дел од земјата ги принудува заразените пациенти да бегаат. АУ наведува дека повеќе од 400 пациенти избегале од центрите за третман на мајмунски сипаници во Јужен Киву и оти не […]

Рубио: Трамп и Путин ќе се сретнат само ако има напредок за крај на војната во Украина


Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека можната средба меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин „во голема мера ќе зависи од тоа дали ќе се постигне напредок во ставањето крај на војната во Украина“. Рубио истакна дека ја разгледувал можноста за таква средба со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј […]

Калас: Ако попуштиме пред агресорот, ќе охрабриме нови војни


Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас предупреди дека дипломатските контакти меѓу САД и Русија покажуваат дека Москва не се откажува од своите територијални цели во Украина, што испраќа опасен сигнал. За време на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 во Јужноафриканската Република, Калас нагласи дека претседателот Доналд Трамп […]

Израел: Хамас брутално ги уби двете деца заложници


Израел го обвини Хамас дека ги уби двете деца Ариел и Кфир Бибас, кои беа заложници во Појасот Газа и оти било предадено тело на друга персона наместо на нивната мајка Шири. – Според преоцената на надлежните органи и врз основа на достапните разузнавачки и дијагностички показатели, Ариел и Кфир Бибас се брутално убиени во […]

Нетанјаху најави „интензивни операции“ на Западниот брег по нападите во близина на Тел Авив


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на израелската армија да спроведе „интензивни операции“ на Западниот Брег, по експлозиите во неколку празни автобуси во близина на Тел Авив вчера, се наведува во соопштение од неговиот кабинет. Во експлозиите нема повредени, а полицијата ги истражува како можен терористички напад. Израелската полиција соопшти дека три експлозии одекнале во […]

Трудо: Украина треба да биде вклучена во мировните преговори


Премиерот на Канада, Џастин Трудо, во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакна дека секој мировен договор со Русија мора да ја вклучи Украина на преговарачка маса. Трудо ја потврди поддршката на Канада за Киев и „нагласи дека не може да има одржлив мир во Европа без безбедност за Украина“. Канадскиот премиер телефонски разговараше […]

Во Битола одбележани 80 години македонски Црвен крст


Општинската организација на Црвен крст-Битола синоќа со свечена академија и со доделување на награди и признанија на институции и поединци, го одбележа јубилејот 80 годни македонски Црвен крст. Свеченоста во Битола е дел од серијалот јубилејни манифестации и активности што ќе се заокружат на 18 март кога во Скопје ќе се одржи централната прослава, истакна […]

Дел од маркетите почнаа да ги намалуваат цените, инспекторите на терен


Дел од маркетите вчера почнаа да ги намалуваат цените на производите согласно одлуката на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите, што треба да важи до 30 април годинава. Истовремено инспектори на Државниот пазарен инспекторат започнаа контроли по маркетите дали се почитуваат одлуките на Владата за […]

Сообраќајот тековно, изменет режим на автопатската делница Демир Капија – Смоквица


 Сообраќајот на државните патишта се одвива непрекинато, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На автопатот А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 до 31.05.2025, поради изведба на реконструкција на […]

Без вода трговскиот центар „Зебра“ и улицата „Васил Ѓоргов“


Поради изведување водоводен приклучок, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од улицата „Васил Ѓоргов“ и трговскиот центар „Зебра“, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ке биде прекинато до завршување на интервенцијата.

Изведба на балетската претстава за деца „Петар Пан“ во продукција на Националната опера и балет


 Балетската претстава за деца, „Петар Пан“, која е во продукција на Националната опера и балет, ќе се изведе вечер во оваа установа. Кореографијата е на Џејмс Амар од Франција, а сценографијата и костимите се на Зоран Костовски и Марија Пупучевска. Во претставата настапуваат солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, кои ќе ја […]

Јавна трибина за „Безбеден град“


Јавна трибина за измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоци за проектот „Безбеден град“, ќе биде одржана денеска во Скопје. На трибината ќе учествуваат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за правда Игор Филков и постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан. Проектот „Безбеден град“, како што […]

Одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик


По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Министерството за односи меѓу заедниците во соработка со Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците и Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците, организира настан на кој ќе присуствуваат и учениците добитници на наградите од […]

ДКСК избира заменик претседател, членовите ќе постапуваат и по конкретни предмети


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска ќе ја одржи 14-та седница на која треба да биде избран заменик претседател на Комисијата.  Актуелниот состав на ДКСК беше избран на 22 декември 2023 година, а својата работа ја започна пред нешто повеќе од една година односно на 2 февруари 2024 година. Претседател на ДКСК е […]

Делови од Чаир и Чучер Сандево без струја


Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без струја од 8 до 10 часот ќе бидат објектите во трговскиот центар Чаирчанка и корисниците на улиците „Стојна Стевкова“ и „Панче Неделковски“ во општина Чаир, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Од 10 до 15 часот струја ќе немаат и Пречиститилната станица во […]

Ведро и многу студено, минусни утрински температури


Утрото денеска е ведро и многу студено, преку денот ќе биде сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Според прогнозата на УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -4, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени. Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со слаб северен ветер. Минималната […]

По 12-годишна пауза ќе се одржи скијачкиот Шарпланински куп


Скијачката федерација на Македонија го најави 41-от Шарпланински куп во алпско скијање на Попова Шапка. По пауза од 12 години, манифестацијата ќе се одржи наредната недела во среда и четврток 26 и 27 февруари. – Со голема возбуда и гордост најавуваме дека Попова Шапка повторно ќе биде домаќин на најстариот меѓународен скијачки натпревар на Балканот. […]

Порака од Белата куќа до Зеленски: Престани да го критикуваш Трамп и потпиши го договорот за минералите


  Официјални лица на Белата куќа ѝ порачаа на Украина да престане со лошите зборови на Доналд Трамп и да потпише договор за предавање на половина од рудното богатство на земјата на САД, велејќи дека ако тоа не се стори би било неприфатливо. Советникот за национална безбедност на САД, Мајк Волц, изјави за Фокс њуз […]

Американскиот Сенат го изгласа Пател за директор на ФБИ


Кеш Пател е новиот шеф на Федералното истражно биро (ФБИ), потврди денеска американскиот Сенат. Сенатот го потврди Пател со тесно мнозинство од 51 глас „за“ и 49 „против“. Пател, поранешен функционер во Министерството за одбрана во првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, повика на радикална ревизија на ФБИ, ветувајќи дека ќе ги прошири неговите […]

Хрватска го доби десеттиот „Рафале“, до април ќе се комплетира ескадрилата


Хрватска нарача 12 авиони „Рафале“ од Франција, од кои 10 се едноседи, а два двоседи за обука, а последниот едносед денеска пристигна во Загреб. Со денешното пристигнување на десеттиот авион Рафале се заокружува процесот на набавка на 10 од вкупно 12 авиони при набавка вредна над 1,3 милијарди евра. „Десеттиот повеќенаменски борбен авион „Рафале“ денеска […]