Снегот го парализира Истанбул: Босфор затворен, откажани летови


Истанбул – Поради обилните снежни врнежи кои трет ден ја зафаќаат Турција, бродскиот сообраќај на Босфорот денеска е затворен во двата правци, соопшти Генералната дирекција за крајбрежна безбедност при турското Министерство за транспорт и инфраструктура. „Туркиш ерлајнс“ соопшти дека поради невремето дел од летовите од и кон аеродромот во Истанбул за утре се откажани, пренесува „Хуријет“. […]

Медицинскиот факултет во Штип ќе се сели во нов објект


 Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип очекува со изградбата на новата Клиничка болница да се гради и нов објект, во кој ќе биде сместен Факултетот за медицински науки. Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Дејан Мираковски вели  ова ќе донесе подобри услови за студирање на студентите на најголемиот Факултет при овој Универзитет, но дополнително ќе се овозможи и […]

Во затворот Идризово запленети пари, мобилни телефони и марихуана


Во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, при претрес на влез во установата, кај осудениците Н.А., Х.А., Л.И. и Ј.П. биле пронајдени пари и мобилни телефони, соопшти МВР. Дополнително, при преглед на возилото со кое пристигнале осудениците, полицијата открила марихуана и уште еден мобилен телефон. Случајот е пријавен во СВР Скопје во 20:00 часот. Надлежните служби преземаат […]

Пем Бонди: Списокот на клиенти на Џефри Епштајн  „седи на мојата маса“


Американскиот државен обвинител Пем Бонди во петокот за Фокс њуз откри дека поседува различни документи поврзани со Џефри Епштајн, вклучувајќи ја и листата на неговите клиенти, и навести дека тие наскоро би можеле да бидат објавени во јавноста. „Во моментов седи на моето биро за да прегледам“, изјави Бонди на Џон Робертс од Фокс њуз […]

Првиот колеџ скандал на Барон Трамп, падна и оставка


Барон Трамп е студент на Универзитетот во Њујорк, а либералната средина е вистинска промена за него и не му оди баш најдобро. Најпознатиот бруцош на Универзитетот во Њујорк предизвика врева, а немирите во кампусот резултираа и со оставка. Имено, лидерката на републиканците од Универзитетот во Њујорк минатата недела даде интервју за Vanity Fair, а во […]

Фаворитите паѓаат еден по еден во Катар


Само еден од најдобрите десет тенисери во светот оваа недела е е во конкуренција за некоја од титулите на АТП турот. Станува збор за деветтопласираниот Андреј Рубљев кој стигна до финалето од турнирот во Доха и денеска од 16 часот ќе се судри со Џек Дрејпер, кој ги победи Лехечка (од него изгуби Алкараз) и […]

СДСМ: Се најавува најголема партизација на Владата


Изјавата на Изет Меџити дека Владата ќе вработи 2000 до 3000 партиски кадри на Меџити во државната администрација во најкус рок е скандал без преседан, рече на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. “Масовната партизација на администрацијата пред изборите е јасно договорена со Мицкоски. Прашањето е – дали списоците за вработувања веќе се кај него на […]

Пронајдена нексплодирана бомба во Охридско езеро


Случајни минувачи на кеј „Македонија” забележале нексплодирана бомба во водите на Охридското езеро. Тие го пријавиле случајот вчера, во 11.05 часот, во СВР Охрид. Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка.

Ставен е во функција линеарниот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија


Акцелераторот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, набавен пред осум години сега веќе е монтиран и во употреба на располагање за пациентите, информираат од Клиниката. Оттаму додаваат дека низа подготвителни активности претходеле на ставањето во функција на овој акцелератор, вклучително и комплетна реконструкција на бункерот. Набавена била нова дополнителна опрема, стабилизатори на напон, купена […]

Поради два дефекти околу 14 часа немаше струја вчера на две подрачја во Тетово


 Речиси 9000 објекти во два дела од Тетово вчера немаа над 14 часа напојување со електрична енергија. Пред 9 часот настана дефект на 110кВ трафостаница “Тетово 1” поради што без снабдување со електрична енергија остана голем дел од централното градското подрачје со 5000 корисници до 14 часот.  Потоа околу 16 часот дефект на 20кВ кабел […]

На лицитација имотот на Мијалков – 20 станови, 4 апартмани, земјиште


Остатокот од имотот одземен од Сашо Мијалков во предметот „Империја“, наскоро ќе се најде на продажба, најавуваат од Агенцијата за одземен имот за „Скопје1“. Тие очекуваат од имотот, државата да инкасира нешто повеќе од 21 милион евра, што е за девет милиони евра помалку од сумата која Обвинителството ја соопшти кога се спогоди со ексшефот на […]

Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд


Од утре следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од ноќта кон понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините и на повисоките места повремено ќе провејува слаб снег.  Како што информира УХМР, утре минималните темпеартури ќе […]

САД се доближува до Русија и во Обединетите нации


Њујорк – Пред третата годишнина од инвазијата на Русија на Украина, САД предложија нацрт-резолуција на Обединетите нации во која ДПА имала увид. Предлогот не ја именува експлицитно Москва како агресор, ниту пак повикува на повлекување на руските трупи од Украина. Тоа е во спротивност со изјавата поддржана од Европа во која се бара итно повлекување […]

Пронајден труп при извршување градежни работи на Мега паркот во Штип


Во раните утрински часови пронајден е труп на местото каде се гради Мега паркот иднина во Штип. Засега не може да се утврди дали станува збор за машки или женски труп. На оваа локација се наоѓа поранешните бунарски систем за снабдување со вода за пиење на градот Штип. Трупот е откриен при активности на градежните […]

„Јафа Црвенка“ повлекува од продажба одредени количини „Рум касато“


 Фабриката за бисквити „Јафа Црвенка“ повлекува одредени количини од производот „Рум касато“ од 120 грама со следниве рокови на траење: 10.7.2025, 14.7.2025, 23.7.2025, 24.7.2025, 25.7.2025 и 26.7.2025. Причина за повлекувањето, како што соопшти, е можно присуство на тврди шеќерни парчиња. Сите останати рокови на траење, според „Јафа Црвенка“, се со стандардно висок квалитет. -Ги повикуваме […]

Судија на српскиот „Мастершеф“ избркан зашто ги поддржувал студентите


Бранко Кисиќ, познат српски готвач, потврди дека пред десетина дена претставник на продукцијата MasterChef Србија усно го известил дека поради отворената поддршка за студентските протести не е погоден за снимање на третата и четвртата сезона од популарното готвачко шоу. Во својата изјава, Кишиќ изрази благодарност што имал можност да им го пренесе своето знаење, страст […]

Фил Колинс ги растажи фановите: Многу сум болен


Со години е познато дека Фил Колинс  (74) нема да се врати на тапаните, што го потврди и за време на последната турнеја на Џенезис кога пееше додека седеше, додека улогата на тапанар ја презеде неговиот син. Меѓутоа, во новото интервју за британскиот магазин Moџo, Колинс открива дека нема ниту желба ниту физичка способност да […]

Вака денес изгледа Мариупол


Битката за Мариупол, која започна на 24 февруари 2022 година, беше една од најинтензивните и најтрагични епизоди од руската инвазија на Украина. Градот Мариупол, лоциран во југоисточна Украина, имаше исклучителна стратешка важност како најголем град на Азовското Море и клучен индустриски центар. Нејзината географска локација го направи клучна точка за воспоставување копнена врска меѓу анектираниот […]

Возач од Скопје починал откако му се слошило додека возел


Возач од Скопје почина откако му се слошило додека управувал со своето возило во близина на трговскиот центар „Мавровка“. Полицијата соопшти дека инцидентот се случил вчера околу 16 часот, кога на возачот му се слошило, по што возилото застанало во близина на споменикот на „Скендер Бег“. За денеска се чекаат повеќе информации.

Благодарници за амбасадорот Милаим Фетаи и на директорката на КИЦ Мими Ѓоргоска Илиевска во Загреб


  Вчера, на свечена церемонија Амбасадарот на Р.С. Македонија Н.Е. Милаим Фетаи и директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, м-р Мими Ѓоргоска Илиевска примија пригодни Благодарници од страна на Филозофскиот факултет во Загреб за успешната взаемна соработка и поддршка во проучувањето и учењето на македонскиот јазик, книжевност, култура и историја во интерес на јакнење на […]