Астрономски календар


 Денеска е понеделник, 24 февруари 2025 година, 55-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 310 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 17 минути, а ќе зајде во 17 часот и 18 минути. Денов трае 11 часа и 1 минутa. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Без вода дел од општина Центар


Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Васил Стефановски“, „Костурски Херои“, „Борка Талевски“, „Петар Попарсов“, „Деветти Мај“, „Роза Луксенбург“и „Христо Смирненски“ во Општина Центар. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок од ф-80 милиметри на улица „Васил Стефановски“ бр 2. […]

Oблачно со услови за дожд


Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје […]

Избрани 20 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“ за 2024 година


Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), ја направи првата селекција, избирајќи 20 од 43-те пристигнати наслови на годинашниот […]

Мерц вети дека ќе ја спаси Европа од Трамп


  Победникот на германските избори, лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, не чекаше долго за да се осврне на најголемата криза со која се соочува европската политика во последните децении: американскиот претседател Доналд Трамп. И неговите коментари беа зачудувачки. Тие ги кажа на традиоционалната телевизиска дебата што се одржува вечерта по изборите на јавниот дифузер АРД. […]

Трамп прогласи победа… на германските избори


  Со карактеристична скромност, американскиот претседател Доналд Трамп успеа некако да ја земе заслугата за десното наклонување на германските избори. Во објава на социјалните мрежи, тој ѝ честиташе на „КОНЗЕРВАТИВНАТА ПАРТИЈА ВО ГЕРМАНИЈА“, но не го спомна по име конзервативниот кандидат за канцелар Фридрих Мерц. Секако, и претседателот на САД си упати самиот честитки. Тој […]

Кој е Фридрих Мерц и што има во неговата фиока?


  Фридрих Мерц, поранешен банкар кој никогаш не бил министер во владата, изгледа речиси сигурно дека ќе биде следниот канцелар на Германија, откако неговата конзервативна алијанса ЦДУ/ЦСУ освои најмногу гласови на клучните сојузни избори во неделата. За време на кампањата, неговата одлука да победи во парламентот со потпирање на поддршката на екстремната десница се покажа […]

Франција со најмногу медали на Светското првенство во биатлон 2025


Ленцерхајде – Француската репрезентација го освои првото место во пласманот за медали на Светското првенство во биатлон 2025 година. Француските спортисти освоија 13 одличја од кои шест златни, две сребрени и пет бронзени. Норвешката екипа се најде на второто место во поредокот со девет медали (четири златни, три сребрени, две бронзени).  Швеѓаните ја заокружија првата […]

Оли се откажа од Евросонг, Лучио Корси ќе ја претставува Италија во Базел


РАИ, италијанскиот национален радиодифузер, денеска објави дека Лучио Корси ќе ја претставува Италија на претстојниот Избор за песна на Евровизија 2025 година, откако победникот од Санремо 2025, Оли, одби да се натпреварува во Базел. Лучио Корси, второпласираниот на Санремо 2025 година ќе ја има големата чест да ја претставува Италија на Изборот за песна на […]

Скопје како Холивуд: Оскаровска филмска магија низ песни во МНТ 


Во пресрет на 97. доделување на филмските награди „Оскар“, на 2 март во Лос Анџелес, Скопје синоќа, во МНТ, го почувствува оскаровскиот дух со дотерани гости и со гламурозната прослава на филмската магија со песни кои низ годините станаа големи светски хитови и се дел од историјата на седмата уметност. Низ грижливо избраниот репертоар на […]

Јасна победа на десницата во Германија, покажуваат излезните анкети


  Германскиот десниот центар забележа јасна победа на националните избори во неделата, според излезните анкети, најавувајќи голема политичка промена во најголемата европска земја и отворајќи го патот за Фридрих Мерц, лидерот на демохристијаните, да стане следниот канцелар на Германија. Двете излезни анкети на телевизиите ЗДФ и АРД покажуваат дека унијата ЦДУ/ЦСУ ќе добие околу 29 […]

Голема излезност на изборите во Германија – до 14 часот 52 отсто


  Вкупниот одѕив на гласачите до 14 часот на изборите во Германија е 52 отсто, соопштија официјалните лица. Привремената бројка беше пресметана од информациите на 16-те покраински изборни власти, црпејќи податоци од избирачките места. На претходните избори во 2021 година до 14 часот имаше излезност од 36,5 отсто, а конечна излезност од 76,4 отсто, вклучително […]

„Само интервју“ – стотици реакции: ЗНМ бара да сопре етикетирањето на новинарите


Најстарата новинарска асоцијација во земјата, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), денеска реагираше по неколкудневните вербални напади врз новинарот Сашо Орданоски по неговото гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 на 20 февруари 2025 година. ЗНМ јавно соопшти дека праксата на партиите да се пресметуваат со користење имиња и ставови на новинари е неприфатлива и штетна […]

Орбан го прогласи Брисел за главен непријател


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера го одржа својот годишен говор за состојбата на нацијата во кој ја прогласи администрацијата на Трамп за инспирација за Унгарија, војната во Украина е при крај, а Брисел е единствениот непријател што остана за неговата земја. Во говорот во Будимпешта, Орбан го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „наш соборец“ […]

Детектор: Средна оценка 2.5 за владеењето на правото во Македонија


Секој трет граѓанин се соочил со повреда на неговите права, но само третина од нив добиле решение за својот проблем пред институцијата до која се обратиле. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење посветено на владеењето на правото кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС). Според истражувањето, 36 проценти од граѓаните […]

Новиот директор на ФБИ им порача на вработените да го игнорираат барањето на Маск


  Новиот директор на ФБИ, Каш Пател, им порача на вработените во агенцијата да се воздржат да одговорат на е-пошта од администрацијата на Доналд Трамп во која се бара од нив да ги наведат своите достигнувања во последната недела додека технолошкиот милијардер Илон Маск ја проширува својата крстоносна војна за да ја намали големината на […]

СДСМ прашува дали вицепремиерот Меџити барал мито


  Опозицискиот СДСМ вели дека во Владата бил на повидок голем, робусен корупциски скандал во Владата. „Бараме премиерот Христијан Мицкоски да излезе и да одговори:  дали е точно дека Државниот управен инспекторат констатирал ‘злоупотреба на службената должност’ од страна на  вицепремиерот Изет Меџити и неговиот кабинет? Прашањето е дали во Решението на Инспекторатот од 17.01.2025 […]

Мицкоски: „Новото нормално доаѓа од Вашингтон и јас се наредив прв“


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска уште еднаш целосно застана зад политиката што ја промовира новата администрација на Доналд Трамп, која преку потпретседателот Џеј Ди Венс изврши напад врз Европа и рече дека „новото нормално доаѓа од Вашингтон и ќе го преплави светот“. За време на посетата на гази Баба, веднаш по враќањето од Вашингтон на […]

Мицкоски контра вицепремиерот Меџити: Ќе нема партиски вработувања за Албанци


  По министерот за јавна администрација и премиерот Христијан Мицкоски денеска се спротивстави на најавите претставени како завршена работа на вицепремиеерот Изет меџити дека за една година ќе се вработат 3.000 Албанци во органите на државната управа и админстрација. „Нема таква работа“, рече Мицкоски. И додаде: „Ниту ќе има додека сум јас претседател на македонската […]

Трамп се претстави како божествен император во говорот пред конзервативците


  Боже чувај го кралот. Пијан од власта, Доналд Трамп ја помина саботата попладне пред  поддржувачите што го обожуваат за да фали со своите победи, да ги исмева своите непријатели и да се претстави како апсолутен монарх на Америка, врховен водач и божествен император во едно. Настапот на Трамп на Конференцијата за политичко акција на […]