Данела е набљудувач на регионалните избори во Германија


Градоначалничката на Град Скопје е дел од набљудувачката мисија на Советот на Европа во пресрет на регионалните избори во Германија, како потпретседател на Европската народна партија во конгресот и претставник на Совет на Европа.   Делегацијата на Советот на Европа е составена од 10 членови, а шеф на делегацијата е Дејвид Ерај од Швајцарија член […]

Полските националисти се залепија на Трамп како лепак


  ВАРШАВА – Ги ставија капите МАГА. Тие извикуваа „Доналд Трамп! во полскиот парламент. И ентузијазмот на полската националистичка опозициска партија Право и правда (ПиС) за претседателот на Соединетите Држави не се намалува и покрај неговите напади врз Украина, неговото додворување кон Русија и осудите на неговата администрација за европската демократија. Има многу политичка километража […]

Еве што покажа раната обдукција за мистериозната смрт на Џин Хекман и неговата сопруга


Прелиминарните резултати од обдукцијата беа објавени од властите во четвртокот во Санта Фе, како дел од истрагата за „невообичаената“ смрт на оскаровецот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава. Во соопштението во четвртокот попладне, Канцеларијата на шерифот на округот Санта Фе во Ново Мексико соопшти дека била извршена обдукција на телата на Хекман (95) и […]

Одредени мерки за претпазливост за 10 лица во акцијата спроведена во КПУ Затвор Скопје


 Судија на претходна постапка од Кривичниот суд постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција определи мерки за претпазливост за 10 лица поврзани со акцијата спроведена во КПУ Затвор Скопје, соопшти Основниот кривичен суд  Скопје.  Судијата донел решенија со кои по произнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на […]

Поскапува парното за 2.500 корисници на ЕСМ Енергетика и Скопје Север


Од 1 март за 5,17 отсто се зголемува цената за потрошувачите на топлинска енергија на ЕСМ Енергетика, а за 5,25 отсто поскапува парното за корисниците на Скопје Север – Енерџи еколинк, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Станува збор за вкупен конзум од 2.500 потрошувачи. […]

По 250 години Трамп ќе го направи англискиот официјален јазик на САД


Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе потпише извршна наредба со која англискиот јазик ќе стане официјален јазик на САД. Во својата скоро 250-годишна историја, САД никогаш немале национален јазик на федерално ниво. Во САД се зборуваат стотици јазици како  нуспроизвод на долгата историја на земјата на примање имигранти од целиот свет.

Аплицирање за субвенциониран студентски оброк од 1 до 5 март


Министерството за образование и наука информира дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1 до 5 март 2025 година. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk   Во објавата на МОН се наведени условите и критериумите за остварување […]

Сите граници се затвораат, нема влез во државата?


Службениците за гранична контрола во Израел ветија дека ќе штрајкуваат во недела, блокирајќи го секој влез во земјата, вклучително и меѓународниот аеродром Бен Гурион во Тел Авив. Вработените во Службата за население и имиграција бараат подобри плати и подобра лична заштита, пишува „Тајмс оф Израел“. Доколку штрајкот би се одржал, аеродромот во Тел Авив би […]

TikTok за десктоп сега ви овозможува да проследувате игри во пејзажен режим


Десктоп верзијата на апликацијата TikTok доби неколку интересни промени во дизајнот. Додека судбината на TikTok во Америка сè уште е нерешена, компанијата во сопственост на ByteDance одлучи да ја освежи својата десктоп верзија на видео платформата. Новите функции што ги доби TikTok вклучуваат преместена лента за навигација, картичка „Истражувај“, пловечки плеер за Chrome и можност […]

Ексклузивен директен пренос од „Оскарите“ в недела на МТВ


Македонската Телевизија ексклузивно ќе го прикажува 97-то доделување на Оскарите, најпрестижните филмски награди во светот, во ноќта недела на понеделник.  Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања во 2024 година. Најавено е присуство на бројни филмски и музички ѕвезди, кои ќе настапат или ќе бидат презентери на наградите. Преносот ќе започне […]

Протестите во Грција прераснаа во судири


  Судири избувнаа во Атина кога стотици илјади луѓе се собраа низ Грција за да побараат правда на втората годишнина од најсмртоносната железничка несреќа во земјата досега, а работниците што штрајкуваа го запреа воздушниот, поморскиот и железничкиот транспорт. Педесет и седум лица загинаа кога патнички воз полн со студенти се судри со товарен воз на […]

Истражување: Кус сон значи и поголема опасност од смрт


По три дена без сон, човекот, обично, не може јасно да зборува или да оди нормално. После уште два дена, тој или таа најверојатно ќе почне да халуцинира и ќе биде на работ на ментален слом. Со други зборови, науката потврдува дека недостатокот од сон е лош за здравјето. Дури и без да се изложувате […]

Касами: Граѓаните да ги плаќаат сметките за подигање смет, присилната наплата е според закон


 Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами по денешната седница на Советот, побара граѓаните редовно да ги плаќаат сметките за подигање смет, а за присилната наплата рече дека се спроведува согласно законските основи. Компанијата Саубермахер која од февруари 2024 ја почна ја презеде дејноста за собирање и депонирање на смет, од почетокот на 2025 почна и со […]

Моди изјави дека сака Индија да потпише договор за слободна трговија со ЕУ до крајот на годинава


Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека сака неговата земја да склучи договор за слободна трговија со ЕУ до крајот на годинава. „Побаравме од нашите тимови да почнат да работат на склучувањето договор за слободна трговија меѓу двете земји до крајот на оваа година“, нагласи Моди по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер […]

Реновирани четири соби за родилките во штипското Одделение за гинекологија и акушерство


Четири соби за родилките и нивните новороденчиња, однонсо апартмани се целосно уредени на Одделението за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Штип. Заменик директорката на болницата Билјана Ефтимова на денешната прес-конференција истакна дека станува збор за донација од општествено одоговорната компанија „Техникал Текстајл“, која се наоѓа во ТИР зоната во Штип. Донацијата е вредна 10.000 […]

Странските директни инвестиции лани достигнаа 8,1 отсто од БДП


Странските директни инвестиции во 2024 година во земјава изнесуваат 1,255 милијарди евра, што е двојно повеќе во однос на минатата година, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес – конференција во Владата повикувајќи се на податоците на Народната банка. Според министерката, странските директни инвестиции го надминале и рекордното ниво од 2022 година за […]

Од средина на април задолжително објавување на цените на веб страниците на маркетите


Согласно измените на Законот за заштита на потрошувачите, почнувајќи од средината на април трговците ќе имаат задолжителна обврска да ги објавуваат цените на сите производи на своите интернет страници, а во наредните десет дена ќе бидат објавени и правилниците на кој начин истите треба да се објавуваат, информираше министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. […]

Рисима Рисимкин одликувана со „Витез од редот на уметностите и книжевноста“ на Франција


На македонската кореографка за модерен танц Рисима Рисимкин синоќа во Скопје ѝ беше доделено одличјето Витез од редот на уметностите и книжевноста што ги доделува државата Франција. Одличјето ѝ го додели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер на свечена пригодност што се одржа во француската резиденција. Тој ги истакна достигнувањата на Рисимкин во модерниот […]

За Димитриеска-Кочоска навредата кон Петровска била „лажна тема“, служела за дефокус


  Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска изјави дека нејзиниот настап вчера во Собранието со кој што ја омаловажи пратеничката Славјанка Петровска дека не може да дискутира за потрошувачката кошница бидејќи нема деца, била „лажна тема“ и служела за дефокусирање на јавноста од поважни теми. Одговарајќи на прашање на новинарите на прес конференција во […]

УЈП промовира нова услуга – електронско уверение за состојба на остварен доход


Управата за јавни приходи (УЈП) денеска промовира нова електронска даночна услуга – Електронско уверение за состојба на остварен доход, која е достапна преку платформата „е даночни услуги“. Граѓаните ќе го добиваат ова уверение без чекање во редови, без физичко доаѓање на шалтерите во УЈП со само неколку клика на компјутер или мобилен телефон и за […]