Јаневска: Колку и кога се вработуваат дипломираните студенти?


Министерството во моментов спроведува истражување во кое се вклучени сите државни универзитети и генерацијата дипломирани студенти во академската 2022/2023 година, за да видиме каков е степенот на вработливоста, односно дали овие студенти веќе се вработиле и за колку време по дипломирањето, дали стекнатите знаења и вештини им се применливи на работното место, дали се задоволни […]

Адвокатот на Додик нема да присуствува на пресудата во Судот на БиХ


 Горан Бубиќ, адвокат на претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, рече дека нема да присуствува на изрекувањето на пресудата во Судот на Босна и Херцеговина (БиХ) против Додик и вршителот на должноста директор на Службен весник на РС, Милош Лукиќ. „Не можам да учествувам во понижувањето на правата, барем кога не морам“, изјавужи Бубиќ […]

Во Битола при ископ откриени 292 неексплодирни гранати од Првата светска војна


Во Битола при ископ на канал за инсталирање цевковод на топлификација, пронајдени се 292  гранати од Првата светска војна. Од Регионалниот ЦУК – Битола потврдија дека гранатите се откриени за време на градежни работи и се пријавени на Единствениот повикувачки број за итни повици 112. -Добиена е пријава за пронајдени неексплодирани убојни средства НУС на […]

Полицијата пронашла 31 дете во куќа во Брчко, уапсени три лица за трговија со луѓе


Полицијата и надлежните служби пронашле 31 дете во куќа во Брчко, Босна и Херцеговина. Според порталот Кликс.ба (Klix.ba), децата имале хрватски пасоши, а три лица се уапсени поради сомнение дека сториле повеќе кривични дела меѓу кои и трговија со луѓе. Како што соопштија од окружната полиција Брчко, преземајќи активности од нивна надлежност, полициски службеници вчера, […]

Дуда: Полска е подготвена да прими американски сили доколку Германија не сака


Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека Полска со задоволство би ги прифатила американските сили доколку Германија не ги сака на нејзина територија. „Ако Германија не сака американски сили, не сака партнерство со Соединетите држави, ние ќе бидеме многу среќни да прифатиме партнерство со САД“, изјави Дуда за полската телевизија Полсат њуз. Тој реагираше на овој […]

Претставен првиот летечки автомобил, 160 километри во воздух со едно полнење (ВИДЕО)


Многу филмови предвидуваа дека во иднина ќе возиме летечки автомобили, но досега тоа не се случи. Сепак, еден американски стартап создаде летечки автомобил. „Alef Aeronautics“ го претстави своето воздушно возило, за кое тврди дека е првиот летечки автомобил во светот. Објавеното видео го прикажува прототипот, наречен Модел Zero, како лета над паркиран автомобил во Калифорнија, […]

Дожд и повремен снег во наредните денови


Во четврток ќе има локални врнежи од дожд особено во југозападните делови. Во петок и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег, соопшти УХМР. Минималната утринска температура ќе се спушти до -4, […]

Полска го презеде патролирањето со воздушниот простор на балтичките држави


 Полските воздухопловни сили ќе патролираат во воздушниот простор на балтичките држави во рамките на операцијата „Балтичка воздушна патрола“, најави полскиот министер за одбрана, Владислав Косињак-Камиш. -Полските авиони Ф-16 ќе летаат над Литванија, Летонија и Естонија. Четири авиони ќе бидат распоредени како дел од полскиот воен контингент во Литванија, чии операции почнуваат кон средината на март, […]

Матичните доктори штрајкуваат поради промените во „Мој термин“


Матичните доктори ќе прекинат со работа од 11 до 12 часот, во знак на предупредување, по воведените новини во системот „Мој термин“. Според тврдењето на претседателката на Здружението на приватни матични лекари, доктор Лилија Чолакова Дервишова, тие не можат да издадат терапија и да направат прегледи на пациенти, доколку не се изврши автентикација на мобилниот […]

Амбасади ѕвонеле во СДСМ зачудени од гласањето на Македонија за резолуциите за Украина


  Преставници на странските амбасади во земјата се јавувале вчера во СДСМ  за да изразат зачуденост и за да прашаат што стои зад начинот на кој нашата држава гласаше во Обединетите нации околу резолуциите што се однесуваа на Украина, а на што имаше и реакции во јавноста. Ова денес на прес-конференција го соопшти лидерот на […]

Спасовски: Борис Трајковски останува симбол на вистинско лидерство


„Борис Трајковски останува незаборавен и по 21 година како симбол на вистинско лидерство, што го негуваше и промовираше во еден исклучително тежок период. Во сите свои дејства тој ги поддржуваше соработката и помирувањето, за што беше признат од народот, политичарите и дипломатите, домашните и странските лидери“, напиша на фејсбук екс министерот Оливер Спасовски.  „Тој беше […]

„Небесна светлина“- Елена Митревска настапи со Данскиот национален вокален ансамбл во Копенхаген


Македонската диригентка Елена Митревска која живее и работи во Шведска, неодамна настапи со престижниот Дански национален вокален ансамбл. Во текот на три концертни вечери во Мермерната црква во Копенхаген, Митревска диригираше дела од дански, но и од композитори од светската музичка ризница кои истовремено беа проследени со спектакуларни светлосни ефекти дизајнирани специјално за настанот од Кристијан Вајнберг Бонде. […]

Македонија е делумно слободна земја, оценува „Фридом хаус“


Северна Македонија е делумно слободна земја – ова е оценката што земјава ја доби за 2024 година од организацијата „Фридом хаус“ во својот најнов годишен извештај „Слобода во светот“ во кој, на глобално ниво, го оценува пристапот на луѓето до политичките и граѓанските права и слободи. На скала од 0 до 100 поени, на која 0 поени […]

Голема поддршка за СТЕМ шампионите во роботика


Марко, Стефан, Павел, Неда, Анастасија, Јаков и Андреј пред многубројна публика на донаторската вечер што се одржа во „Beer Garden” ги претставија роботските креации со кои ќе учествуваат на Глобалната светска роботска олимпијада MRC Global Olympiad што од 11-14 април ќе се одржи на Крит, Грција. Водени од страста за роботиката и програмирањето, како и […]

Седумдневен Сити базар за Денот на жената 8 Март


Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 2-ти до 8-ми март, на првиот кат во Скопје Сити Мол ќе се одржи голем „Сити базар – Подари љубов“ на кој ќе се претстават дури 42 модерни ракотворци. Од 2 до 5 март со уникатни и рачно изработени креации на првиот кат ќе се претстават: Gaia_X, Ателје Сиена, MORPHO, ТИНОСКИ, КРУГ, NATURAL.RS, M&M Luxury Soap Bouquet, DIOSA […]

Протест пред Кривичниот суд за Феликс, се бара нова регулатива за насилствата врз животните


Денес во Кривичниот суд во Скопје почна судењето против Љубе Крстевски со соучесник, кој на суров начин, со метална шипка и речиси без повод го претепа до смрт бездомното куче Феликс, за што заработи кривична пријава од Здружението за заштита на животните Анима Мунди и ЈП Лајка. Адвокатот на обвинетиот побара време да ги разгледа […]

Епидемија на мали сипаници во САД


  Најмалку 124 случаи на мали сипаници се пријавени во Тексас од крајот на јануари – што претставува најголема епидемија во државата во последните 30 години. Десетици пријавени случаи претежно погодени деца, соопшти во вторникот Одделот за државни здравствени услуги во Тексас, при што 18 од пациентите се хоспитализирани. Најпогодени се децата на возраст од […]

Родољубието на Родољуб, голем сликар, човек и педагог


Родољуб Анастасов, човекот, уметникот, кој преживеал две и пол години на Голи Оток, не дозволил да му го скршат духот, туку напротив, неговото сликарство добило нова длабочина. Неговото наследство е такво што дури и внукот на Клод Моне ќе каже дека Анастасов е најпсихолошкиот автор на сите времиња. Човек кој не само што оставил трага […]

Акциите на „Тесла“ драстично паѓаат


Акциите на производителот на електрични автомобили „Тесла“ паднаа за повеќе од 9% откако продажбата во ЕУ и Велика Британија се намали за речиси 50% во јануари. Овој пад ја донесе пазарната вредност на „Тесла“ под 1 билион долари за прв пат од ноември 2024 година. „Тесла“ се соочува со силна конкуренција на европскиот пазар, особено […]