Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница, ќе се расправа за минималната плата


Работодавачите, синдикатите и Владата денеска треба да седнат на заедничка маса за да разговараат за зголемувањето на минималната плата која во моментот изнесува 22.567 денари. Според најавите, денеска треба да се одржи седницата на Економско-социјалниот совет на која ќе се разгледаат можностите за нејзино зголемување што како барање го поставија синдикатите според кои има реална […]

„Макпетрол“ организира работилница за родители против врсничко насилство во Крива Паланка


Во основното училиште „Св. Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка денеска ќе се одржи работилница против врсничко насилство, наменета за родители, а организирана од „Макпетрол“. Почетокот на оваа едукативна средба е закажан за 18 часот. Активноста е дел од „Стоп за булинг“, општествено одговорната кампања на македонската компанија. Во текот на средбата, присутните родители ќе имаат […]

Променливо облачно време со повремен слаб локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен слаб локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје променливо облачно, во делови од […]

Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување […]

Швајцарскиот суд ја осуди компанијата „Трафигура“ и поранешен директор заради поткуп во Ангола


Врховниот кривичен суд на Швајцарија во петокот осуди мултинационална компанија за првпат, одлучувајќи против трговецот со стоки Трафигура во случај на поткуп поврзан со профитабилни договори за нафтената индустрија во Ангола, јави АП. Оваа компанија не е непозната и во Македонија, бидејќи стои зад Еуромакс Ресоурцес, која настојува да го отвори рудникот „Иловица – Штука“ […]

Еден планинар колабирал, петмина се загубиле во магла: ЦУК со две спасувачки акции викендов на Шара


Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека добил информација од фирмата „Ескимо Фрирајд“ дека во сабота бил спасен еден планинар, кој сериозно колабрирал на високите места кај Титов Врв на Шар Планина, а денеска спасиле и извлекле во истиот планински предел загубени, во густа магла, петмина планинари, коишто се искачиле при сончево време, но […]

Канада ќе се жали до СТО поради царините воведени од Трамп


Канада ќе поднесе барање до Светската трговска организација во кое се изјаснува против тарифите на американскиот претседател Доналд Трамп и исто така ќе бара обесштетување според регионалниот договор за слободна трговија, изјави официјален претставник, јавија американските медиуми. „Канадската Влада јасно смета дека тие тарифи се прекршување на трговските обврски што ги презеле САД“, рече претставникот, […]

За Маск, УСАИД била „криминална организација, време е да умре“


Администрацијата на Трамп во текот на викендот испрати на административно отсуство уште десетици вработени во американската Агенција за меѓународен развој, рекоа три извори запознаени со потегот, бидејќи се обидува да ја укине независноста на агенцијата и да ја стави под контрола на Стејт департментот, јавија американски медиуми. Речиси 30 вработени во Бирото за законодавни и […]

Земјотрес во Албанија со интензитет од 4,3 степени по Рихтер


 Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Рихтер, вечерва е регистриран во албанскиот приморски град Валона.  Потресот е почувствуван во 19:29 часот со епицентар во местото Вајза,  округ Валона, на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за причинета материјална штета.

Данска е светски првак во ракомет


Осло – Данска доминира во светскиот ракомет! По трите сребрени медали, во моментот откако се искачија на врвот на светот во 2019 година, ракометната репрезентација на Данска нема вистински ривал. Во предградието на Осло ја совладаа Хрватска со 32:26 (16:12) и испишаа историја со тоа што станаа првата селекција која четврти пат по ред е […]

На демонстрациите во Берлин против екстремната десница учествуваа околу 160.000 луѓе


Берлин – Околу 160.000 луѓе учествуваа на демонстрациите во Берлин против екстремната десница и зближувањето меѓу конзервативната десница и екстремната десница во Германија, забележано претходно оваа недела во врска со законодавните мерки за ограничување на имиграцијата, изјави портпарол на берлинската полиција. Според организаторите на демонстрациите, учествувале 200.000 луѓе. Тие се одржаа пред зградата на германскиот […]

Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, ќе биде суспендиран


Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов денеска изјави дека мобилниот телефон Васил Јованов го набавил од друг притвореник од соседна ќелија, благодарение на затворски полицаец, кој го овозможил тоа. -Сознанието е дека убиецот на Фросина телефонот го обезбедува од друго притворено лице од соседна ќелија, благодарение на затворски полицаец кој што од едната […]

„Кој е следен“- граѓаните со нов протест бараат безбедност и правда (фото)


Во Скопје денеска на булевар „Партизански Одреди“ кај Универзална сала започна протест под мотото „Кој е следен?“. Протестот е реакција на прегазувањето Фросина Кулакова и инцидентите со неконтролирано возење и неказнување, кои резултираат со трагични последици.  „Безбедноста е право, не луксуз“, „Ако корумпиран систем живее, народот умира“, „Денес правда за Фросина, утре за сите нас“, […]

Триесет и шест деца во секунда


Седете мирни сега, возиме брзо, може да биде опасно, им реков на децата додека возевме на автопатот Тетово – Скопје. Тато, колку брзо возиме, ме прашува шест-годишната ќерка возбудено. Сто километри на час, ѝ одговарам. Колку деца се тоа во секунда? Триесет и шест деца во секунда. Со толкава брзина се движел по булевар „Партизански […]

Франција во драматичен меч ја победи Португалија за бронза на СП


Франција во драматичен меч триумфираше со 35-34 против Португалија во натпреварот за третото место, на крајот освојувајќи го бронзениот медал на Светското првенство 2025. Французите со предност од 19-17 го завршија првото полувреме, а потоа низ израмнет втор дел во кој и Португалија се менуваше во водство, на крај „петлите“ подобро се снајдоа и дојдоа […]

Дуа Липа глуми во новиот краток филм како лице на Шанел 25


  Поп-ѕвездата Дуа Липа е новото лице лице на најновата чанта на францускиот бренд: Шанел 25. Веста беше откриена со краток филм, во режија на Гордон фон Штајнер, споделен на различните страници на социјалните мрежи на Шанел. Во него, Липа се гледа како шета по улиците на Њујорк со чантата на рамо додека хитот на […]

Тројца тинејџери загинаа во Косово откако се урна таван на напуштена куќа


Приштина – Тројца малолетници загинаа откако се урна таван во напуштена куќа во југоисточниот дел од Косово по што полицијата почна истрага за несреќата, јавија косовските медиуми. Несреќата се случила во селото Јабланица синоќа кога се урнал дел од таванот на конструкцијата, а внатре биле тројца тинејџери. Косовското обвинителство денеска соопшти дека „се преземаат сите […]

Девојка од Скопје удрена од таксист


Дваесет и двегодишна скопјанка вчера била удрена од такси возило откако одбила за превозот од центарот на градот до Чаир да плати 700 денари.  Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека околу 05:15 часот, 22 годишната Е.Т. се качила во такси возило без ознаки и откако ситгнале во Чаир каде требало да се симне, […]

СДСМ контра Лефков: Судијата Даниела е избрана во времето на ВМРО-ДПМНЕ


По обраќањeтo на Лефков и ВМРО-ДПМНЕ до јавноста, дека штаб на СДСМ во Ранковце е  сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога и со тоа во нејзината кариера била пристрасна и работела по налог на СДСМ, СДСМ излезе со реакција, демантирајќи ги тврдењата: „После трагедијата што се случи […]

Од домот „Ранка Миловановиќ“ исчистени 50 тони отпад


Од рано утринава е во тек координирана акција на инспекторатот на општина Гази Баба, инспектори од Единицата за економски криминал при Министерството за внатрешни работи и Министерството за социјална политика, демографија и млади со асистенција на униформирани полициски службеници. Во акцијата е одземена голема количина на различни видови отпад и извршено е уривање на три […]