Објавени резултатите од Годишниот конкурс за проекти во културата за 2025 година


Министерството за култура денес ги објави резултатите од  Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2025 година. Министерот Зоран Љутков на денешната прес-конференција изјави дека буџетот оваа година изнесува 814 милиони денари што е повеќе за 74 милиони денари од ланскиот буџет. Во овие средства, предвиден е и посебен буџет за креативните индустрии, […]

Продолжи судењето за убиството на Вања и Панче – се прегледуваат снимки од надзорни камери


Со изведување на видео-материјали од безбедносни камери, предложени како докази од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На видео-записи обезбедени од безбедносните камери на Хотел „Парк“, се гледа како возилата „ситроен“ и „рено кангу“ влегуваат во Дебар Маало, на улицата „Наум Наумовски Борче“, […]

Коцевски истражува дали убиството на Фросина е со умисла или од небрежност


Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во емисијата „DailyClick“ на ТВ21 зборуваше за трагичната несреќа на булеварот „Партизански одреди“, во која загина 22-годишната Фросина Кулакова. По неговите информации, се истражува дали возачот, Васил Јованов, ја извршил несреќата со умисла или преку небрежност. „Јавниот обвинител ќе испита дали постои можност за умислено дејство, особено ако се утврди […]

Спасен повреден планинар кај кичевско Лавчани


Повреден планинар вчера попладне бил спасен над кичевското село Лавчани, на местото Два Камења. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), вчера попладне имало координирана спасувачка акција на институциите и службите од Системот за управување со кизи и локално население за спасување и извлекување повреден планинар на непристапен терен. Преку бројот за итни […]

Се проширува истрагата во „Адитив“, осомничени осум нови лица


Осум лица од Битола, Кичево и Велес денеска се приведени, а извршен е и претрес на една локација во Велес во рамките на истражната постапка за предметот „Адитив“ со што е проширена постапката под раководство на предметните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кои постапуваат во предметот, информира Јавното […]

Во Скопје се фалсификувале евра долари, рубли, но и веќе неважечки хрватски куни (видео)


Вчера, реализирана била меѓународна истрага координирана од страна на ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните јавни обвинителства, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривично дело фалсификување пари, која делувала на териториите на повеќе држави. Во периодот од крајот на 2023 година до февруари 2025 година на […]

Маск сака да скрати трилиони долари од државните грантови


Илон Маск вети дека еднострано ќе ги откаже државните грантови во вредност од стотици милиони долари, откако очигледно доби пристап за преглед на огромниот систем на плаќања на американското Министерство за финансии, потег што предизвика ненадејна оставка на еден од највисоките функционери на одделот. Најбогатиот човек на светот, кој ја финансираше кампањата за реизбор на […]

Прес-конференција на министерот за култура и туризам Зоран Љутков (во живо)


Прес-конференција на министерот за култура и туризам Зоран Љутков за резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година.

Царините на Трамп посебно ги таргетираат „Тему“ и „Шејн“


Новите трговски тарифи на претседателот Доналд Трамп против Кина, Канада и Мексико вклучуваат широк фронт против меѓународната е-трговија, со очигледни планови да се стави крај на долгогодишното царинско ослободување за пакети вредни помалку од 800 долари. Извршната наредба на Трамп со која се насочуваат давачки од 25 отсто за Канада и Мексико – плус царина […]

ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“ бараат законски измени за зајакнување на безбедноста во сообраќајот


 Пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ денеска до Собранието поднесоа барање за одржување јавна расправа со цел анализи и утврдување потреба од изменување на законските прописи за зголемување на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, објави на Фејбук координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. – Очекуваме поддршка од сите пратеници во […]

Камбовски: Казните не се благи – ова е проблем на целото општество


По неколкудневните протести, откако смртно настрада Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена на пешачкио премин на „Партизанска“, а за возачот се откри дека бил осудуван за различни дела, но и упатен во казнено-поправен дом, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски вели дека имаме поголем општествен проблем, каде сите треба да се прашаме како се […]

ФБИ под притисок околу истрагата за упадот во Капитол


Службеници на Федералното истражно биро (ФБИ) во САД добиле детален прашалник за нивната работа во кривичните постапки поврзани со настаните од 6 јануари 2021 година, кога приврзаници на поранешниот претседател Доналд Трамп насилно влегоа во зградата на Конгресот. Документот предизвикал страв од можни откази меѓу агентите на ФБИ, посочуваат локалните медиуми. Во прашалникот, од службениците […]

Тејлор Свифт остана со празни раце на Греми 2025


Лос Анџелес – Поп-ѕвездата и музички феномен, Тејлор Свифт, за прв пат остана со празни раце, синоќа, во Крипто арената, на доделувањето на 67. Греми, музички еквивалент на Оскарот.  Свифт се појави на црвениот тепих на Греми облечена во црвена кратка тоалета на Вивиен Вествуд. Нејзиниот црвен синџир „Т“ со мониста лебдеше над горниот дел […]

Германија: Лидерката на АфД не запира со нејзините коментари за холокаустот


  Лидерката на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), Алиса Вајдел, предизвика нов бран контроверзии по изјавите за време на неделното гостување на германската јавна телевизија АРД, тврдејќи дека холокаустот се користи како орудие против нејзината партија. „Сметам дека е доста вознемирувачки кога холокаустот е политички инструментализиран“, рече Вајдел, додавајќи дека сеќавањето треба да […]

Бизарно и храбро- црвениот килим на Греми 2025 (галерија)


САД–  Во арената Crypto.com,во Лос А,  синоќа се собраа музичките ѕвезди за да ги прослават најголемите музички достигнувања во годината. Греми наградите се познати по чудната мода. Уметниците се охрабруваат да изгледаат што е можно похрабро и бизарно, за разлика од црвениот килим на Оскарите или Еми каде традиционалниот холивудски гламур е норма. Но, во […]

Грција испраќа спасувачки тимови на Санторини по стравот од голем земјотрес


  Грчките власти испратија специјални сили, спасувачки тимови, шатори и беспилотни летала на островот Санторини откако стотици сеизмички потреси беа регистрирани во областа. Поради страв од поголем земјотрес што може да предизвика цунами, на луѓето им беше препорачано да го избегнуваат брегот и запуштените згради, да ги испразнат базените и да се воздржуваат од собирање […]

Еврото најслабо од ноември 2022 година во услови на трговски тензии во САД


Еврото падна на почетокот на неделата поради зголемената загриженост поради ескалацијата на трговскиот спор меѓу Соединетите држави и неколку други земји. Курсот се намали во текот на ноќта на 1,0141 долари, што е најниско ниво од ноември 2022 година, пред малку да се опорави на 1,0245 долари утрово, сè уште повеќе од еден цент под […]

Вистинско богатство: Никогаш не фрлајте ја кората од краставица, еве зошто


Кората од краставицата е корисна во исхраната, хранлива е, а исто така ефикасно отстранува одредени дамки. Голем дел од она што ја прави краставицата хранлива се наоѓа во кожата. Една голема, неизлупена краставица содржи 62 проценти од дневниот препорачан внес на витамин К. Тој е потребен за активирање на некои протеини вклучени во процесите на […]

Студентите вријат на Балканот – црногорските ќе блокираат патишта за одговор за убиствата во Цетиње


Неформална црногорска студентска група „Камо Сјутра?“ најавија дека од денеска, 3 февруари, секојдневно ќе блокираат по еден пат во Црна Гора додека не се исполнат нивните барања, јавуваат локалните медиуми, пренесува Анадолу. Клучните барања на студентската група се разрешување на министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот на Црна Гора, Алекса Бечиќ бидејќи, според […]

Најдобар и евтин мелем за груби раце, пети и курје око


Ако ги занемарите рацете, тоа може да доведе до сувост, пукање на кожата, па дури и до болни рани. Рацете имаат многу мал број на лојни жлезди, поради што тие се природно склони кон сушење. Покрај тоа, рацете се неуморни работници кои работат не само на работното место туку и дома, многу често забораваме дека […]