„Биби, големиот лидер“ и златен пејџер – подароците што си ги разменија Нетанјаху и Трамп


Премиерот Бенјамин Нетанјаху му подари на американскиот претседател Доналд Трамп златен пејџер и обичен пејџер, што укажува на тајна операција насочена против либанската група Хезболах. „Тоа беше одлична операција“; Трамп одговори, според извештајот на Канал 12 Вести. За возврат, Трамп му даде на Нетанјаху фотографија од нив двајца со натпис: „Биби, големиот лидер“. Во септември, […]

Извештај: Затвореничките во Велика Британија се самоповредуваат 8,5 пати повеќе од мажите


Затвореничките во британските затвори се самоповредуваат 8,5 пати почесто од мажите, а еден од клучните фактори за ова е недостигот на „основна нега“, вклучително и забраната за користење машини за перење во некои затвори, покажува извештајот на надзорниот орган „Жени во затвор“. Според Скај Њуз, ниту еден од четирите женски затвори што ги посетиле инспекторите […]

Полицијата трага по тројца исчезнати малолетници од Скопје


Во три одделни случаи, полицијата добила пријави за исчезнати малолетници и тоа 15-годишно девојче и двајца штиитеници од СОС Детско село и јавна установа за згрижување деца на возраст од 13, односно 16 години. Ноќеска,  во 1.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.А.(50) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка М. […]

„Сакаме да бидеме енергетски независна држава“: Божиновска на Енергетски самит во Атина


Министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси Сања Божиновска, учествуваше на Енергетскиот самит во Атина, Грција, каде што беше говорник на панелот со наслов „Енергетската голема игра – Геополитика и глобалниот енергетски пазар“. Во своето обраќање, министерката Божиновска истакна дека енергијата не е само економски сектор, туку и стратешки ресурс, дипломатска алатка и безбедносен императив. […]

Кој е Андреј Ал-Асади, лауреат на наградата „Григор Прличев“?


На свеченост што денес се одржа во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше врачена наградата за најдобра поема на лауреатот Андреј Ал-Асади за поемата “Никогаш пред ил’ потем” под шифра “Хидаспес”, а во рамки на чествувањето на ликот и делото на Прличев. „Темата на поемата е една интраперсонална борба на една од најинтересните личности […]

Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ возел пијан и без возачка пред 10 години, повредил жена, а сега води протести, вели Апасиев


  Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, денеска преку објава на Фејсбук вели дека лицемерието во државата е огромно по прегазувањето на Фросина Кулакова од Неготино. И споделува судска пресуда за актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, кој е претседател на УМС на партијата. Тој е син на сегашниот претседател на МАНУ, Живко Попов. […]

Уставен суд го поништи Законот за солидарен данок, државата ќе враќа 50 милиони евра на 156 компании


Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок. Тоа значи дека државата ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156 компании. Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната седница појасни дека компаниите сега имаат право во рок од пет години, доколку сметаат дека со тој закон им […]

Наскоро возови и до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски денеска соопшти дека амбицијата на Владата е во следниот период да пушти возови до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани, како и да ја врати целосно линијата до Кичево. Како што изјави Николовски по денешната посета на „Железници Транспорт”, момнентно во земјава се активни пет возови за патнички сообраќај, […]

Да не се подлегнува на провокации, лажни вести и шпекулации – реакција на Кривичен за случајот со Фросина Кулакова


Судиите и Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен кривичен суд Скопје денеска во соопштение до медиумите изразуваат длабоко жалење за загубениот млад живот на Фросина Кулакова во сообраќајната несреќа која ја потресе јавноста и, како што наведуваат, поттикнати од бурните реакции во јавноста по повод донесената неправосилна пресуда за Васил Јованов за […]

„Охридско лето“: Квалитетна програма со одобрените 31 милион денари од Министерството за култура


Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура и туризам доби 31 милиони денари. Директорот на „Охридско лето“ Ѓорѓи Цуцковски вели дека со ваквата финансиска поддршка ќе се реализира квалитетна програма со врвни светски и домашни уметници. „Годинава […]

Полицијата спроведува акција во самата зграда на МВР


  Од претпладнево во тек е полициска акција во зградата на Министерството за внатрешни работи. Цел на акцијата е Одделот за општи и заеднички работи во Министерството, изјавија од ВМР за „360 степени“. „Од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим-полиција и Одделот за внатрешна контрола, […]

Битолската гимназија изроди врвни ликовни уметници


  БИТОЛА – Битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ изроди врвни ликовни уметници значајни за македонската ликовна и културна сцена. Синоќа во битолската „Магаза“ по повод големиот јубилеј, 80 години настава на современ македонски јазик беше поставена изложба од врвни, признати и познати ликовни уметници во државата, поранешни ученици и поранешни професори во гимназијата. Изложбата е […]

Математиката може да биде забавна – погледнете како учат дечињата од градинката „Орце Николов“


Малите истражувачи од ЈУОДГ „Орце Николов“ – Скопје успешно реализираа eTwinning проекти Децата од групата „Јаболчиња“ при ЈУОДГ „Орце Николов“ – Скопје, под водство на воспитувачот Лилјана Илиевска. Изминатата година активно учествуваа во два едукативни проекти преку онлајн платформата eTwinning – JOYFUL MATH и LET’S LEARN THROUGH ART. Со голема посветеност и радост, малите истражувачи […]

Погледнете како изгледа уште едно кинеско чудо: За три години изградија мост од 2.890 метри


Во средината на минатиот месец во југозападната кинеска провинција Гуижоу беше завршена изградбата на мостот кој ќе биде највисок во светот. Имено, последниот дел од железната конструкција, тежок 215 тони, е прецизно поставен на 17 јануари. Овој висечки мост се гради на големиот кањон Хуаџинг, на височина од 625 метри над површината на реката, што […]

Бомбата на Гренел ги заглуши пријателите на Курти во Македонија


  Детонацииите од бомбата што ја фрли Ричард Гренел, пратеникот на Доналд Трамп за специјални мисии, во атарот на Косово пред изборите в недела на 9 февруари, се слушаат и во Македонија. Тие се екстремно непријатни за владејачкиот албански конгломерат од „Вреди“, кој е еден вид продолжена рака на Самоопределување на премиерот Албин Курти во […]

Академијата за судии и јавни обвинители додели уверенија на 97 кандидати за судии и јавни обвинители


 Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска ги додели уверенијата на кандидатите за судии и јавни обвинители од осмата генерација во почетната обука на Академијата. Како што информираше директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски, уверенија ќе добијат вкупно 97 кандидати, од кои 50 се судии, а 47 јавни обвинители.  – Оваа генерација е […]

Приштина прогласи вонредна состојба поради ѓубрето: „Ризикот од епидемија е голем“


Приштина, главниот град на Косово, прогласи вонредна состојба поради големото количество ѓубре на улиците, јавува агенцијата „Анадолија“. Градоначалникот на Приштина,Перпарим Рама, изјави дека регионалното јавно претпријатие „Пастрими“, единственото претпријатие одговорно за собирање смет во градот, не ја извршува ефикасно својата должност. Истакнувајќи дека „Пастрими“ нема капацитет самостојно да го преземе управувањето со отпадот, Рама рече: […]

Екоинспекторите на терен – казни во Гази Баба и во Струмица


Согласно обврските од Акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух за грејната сезона 2024-2025г., општините Охрид, Битола, Штип, Тетово, Прилеп, Гази Баба, Кисела Вода, Струмица и Крушево доставија извештаи за реализирани активности за периодот од 27 до 31 јануари 2025 година. Во Охрид, акцентот е ставен на контрола на исправноста на возилата и намалување […]

Поскапува мазутот, цените не другите горива не се менуваат


Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од полноќ се зголемува за 1,353 денари и еден килограм ќе чини 46,025 денари, соопшти Регукаторната комсија за енергетика. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Сѐ уште нема договор со Бугарија за на тунелот на Деве Баир


  Сѐ уште нема договор, кога би имало би го објавиле, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со заедничката изградба на тунелот на железничката пруга од Коридорот 8 од македонска и бугарска страна. Како што изјави Николовски, точно е дека се водат интензивни разговори и прашање […]