„Рајанер“ покрена постапка против патник, бара драконска отштета од 15.000 евра


Авиокомпанијата „Рајанер“ потврди дека покренала правна постапка пред Окружниот суд во Ирска и дека бараат над 15.000 евра отштета против патник кој летал на релација Даблин – Ланзароте на 9 април 2024 година. Поради недоличното однесување на патникот, летот мораше да се пренасочи кон Порто, поради што 160 патници се соочија со непотребни непријатности. „Неприфатливо […]

Мицкоски: Цените на производите се следат, ако има потреба ќе интевенираме


Цените на прехранбените производи се следат и ако е потребно ќе интервенираме со нивно ограничување иако тоа не сакаме да го сториме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој оцени дека 2024-та ќе ја завршиме со 3,5 отсто инфлација, а годинава, како што напомена, треба да биде добра на економски план. Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски, […]

Веќе се чита второто издание на „Тони“ од Румена Бужаровска


Откако пред еден месец се запознавме со „ТОНИ“ – првиот роман на современата македонска писателка Румена Бужаровска, јавноста веќе го чита неговото второ издание, информираат од Издавачкиот центар ТРИ. „Многу добар начин да се каже ‘патријархатот е отепувачка’ и како генерации мажи и жени се оштетени до таа мера што со самото свое (навидум беневолентно) […]

Ракометниот Мундијал, сепак, со директен пренос на МРТ


МРТ ќе ги емитува натпреварите на македонската репрезентација на претстојниот Мундијал во Хрватска, Данска и Норвешка. Оваа информација денеска ја пренесе порталот 24ракомет, што е одлична вест за сите љубители на ракометот. Натпреварите на Мкаедонија, но и други одбрани од првенството ќе бидат достапни со коментар на македонски јазик. Мундијалот почнува на 14 јануари, а […]

Симбол на успех и отпорност: Секој дом треба да го има ова растение


Магнет за позитивна енергија. Дрвото на животот или „Dracena fragrans“ е едно од најпопуларните украсни дрвја што можете да ги најдете во домовите. Ова растение е многу отпорно и не бара премногу внимание, што го прави совршен избор за секој кој сака да внесе зеленило во својот простор без премногу труд. Иако не бара многу […]

ВМРО-ДПМНЕ го решава загадувањето – плукајќи по СДСМ!


Додека Скопје со денови урива рекорди во загадување и тоа во светски рамки, а граѓаните не можат да дишат и ги полнат болниците, од Владата и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ нема никакви најави што ќе се преземе како мерка и место тоа се раскажуваат теории како би требало да се решава проблемот и кој бил крив, […]

Утре стабилно време, викендот снег


 Утре ќе се задржи стабилно време со слаб до умерен јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и пониски дневни температури. Во останатите места ќе биде релативно топло, особено на планините каде ќе продолжи постепено топење на снежната покривка. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а […]

Скопјанката Агнеса воодушеви со „Tomorrow“ без микрофон во Карнеги Хол


На натпреварот American protege кој што се одржува секоја година во Карнеги Хол, Њујорк, на 27ми декември 2024 настапи и Агнеса Русомаровска од Скопје. Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории: свирење на разни инструменти, classical singing, opera singing, broadway/theatre. 12-годишната Агнеса настапи во Бродвеј категоријата со Tomorrow од мјузиклот Annie. Беше придружувана од пијано, а […]

Дел од поранешните функционери на СДСМ ја поткопуваат партијата одвнатре, вели Филипче


  Претседателот на СДСМ вели дека најголем дел од неговата енергија и време посветил на разговори со сите поранешни функционери. Мнозинството од нив ја прифатиле иницијативата за соработка, но некои одлучиле да стојат настрана, па дури и да се надеваат на лош резултат на СДСМ на локалните избори, вели Венко Филипче во интервју за „Независен“ […]

Важен преседан: Првата земја што одлучи да го регистрира своето име


Шведска стана првата земја што одлучи да го регистрира своето име како трговска марка за да обезбеди единствен идентитет и да избегне забуна со други места што го делат истото име. Во светот има осум локации кои го носат името Шведска, а меѓу нив има дури и градови во Соединетите Американски Држави, како и населба […]

Синиша Мали планира просечната плата во Србија да стане 1.000 евра оваа година


 Првиот вицепремиер и министер за финансии на Србија, Синиша Мали денеска објави дека првите две цели за 2025 година се напредокот на државата во лигата на земји со инвестициски кредитен рејтинг и дека просечната плата во Србија во декември да достигне 1.000 евра. Мали во објава на Инстаграм истакна дека се дефинирани петте најважни цели […]

Сите кавги на Илон Маск


ЛОНДОН – Илон Маск едноставно не може да се воздржи. Кога не се дружи со врвните републиканци, сопственикот на „Х“ и сојузник на Доналд Трамп сака да го троши своето време пикајќи го носот во внатрешните работи на прекуокеанските влади – што предизвикува многу нервоза. Ова е списокот на неговите 13 најголеми кавги: Она што […]

Виктор Орбан им дава дом на популистичките бегалци


Марчин Романовски, поранешен заменик-министер за правда под сменетата полска влада на партијата Право и правда (ПиС), наводно проневерил повеќе од 100 милиони злоти (24,5 милиони долари) додека бил на функцијата. Доказите за криминалот се несоборливи: неговиот најблизок соработник, Томаш Мраз, соработувал со обвинителите, пренесувајќи снимени телефонски повици во кои Романовски и тој разговарале за собирање […]

Страшниот пожар во Лос Анџелес стигна до резиденцијата на Kамала Харис (фото)


  Резиденцијата на потпретседателката на САД, Камала Харис, се наоѓа во источниот дел на зоната за евакуација поради пожарот што избувна во Пацифик Палисадес, предградие на Лос Анџелес, објави денеска Ен-Би-Си. Харис, која моментално е во Вашингтон, во изјава објавена на веб-страницата на Белата куќа рече дека „нејзиното срце е со сите погодени од разорните […]

Илон Маск сака да го преземе Ливерпул


Илон Маск, најбогатиот човек на светот и сопственик на платформата X, како и близок советник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, наводно би можел да инвестира дел од своето богатство во еден од најголемите фудбалски клубови во светот. Weekend Sport пред неколку дена објави дека „најголемиот ум на модерната ера“ би сакал да го преземе […]

Трудо му возврати на Трамп за припојувањето на Канада: Нема шанса!


ОТАВА – Премиерот Џастин Трудо возврати во вторникот на повеќе од едномесечното исмејување на социјалните мрежи од новоизбраниот претседател Доналд Трамп, велејќи дека, како што не може да опстои „снежна топка во пеколот“, така Канада не може да стане 51-та американска држава. Трамп постојано ја употребува фразата „51-вата држава“ откако Трудо и министерот за финансии […]

„Гудјиар“ ќе го продаде „Данлоп“ на јапонски „Сумитомо“


Американскиот производител на автомобилски гуми „Гудјиар“ (Goodyear) ќе го продаде брендот „Данлоп“ (Dunlop) на јапонската компанија „Сумитомо“ (Sumitomo Rubber Industries). Договорот од 701 милиони долари се очекува да биде затворен до средината на годината, објави „Гудјиар“. Продажбата го вклучува брендот „Данлоп“ и неговата интелектуална сопственост во Европа, Северна Америка и Океанија, ја резимира пораката на […]

Македонски документарни и кратки филмови и „Кино Утро“ дел од јануарската програма на Кинотека


Кинотека соопшти дека ја почнува новата година со богата и разновидна програма за љубителите на филмската уметност. Во текот на јануари, за најмладите Кинотека организира утрински проекции во рамки на тематот „Кино Утро“, а исто така ќе се одржат и проекции на македонски документарни и кратки филмови, како и зимското издание на Интернационалниот фестивал на […]

Историски момент за „Блу ориџин“: Вселенската компанија на Безос ќе ја лансира својата прва ракета


„Блу Ориџин“, вселенската компанија во сопственост на „Амазон“, е подготвена за своето прво лансирање ракета. На 10 јануари 2025 година, компанијата предводена од Џеф Безос ќе лансира вселенско летало наречено „Њу Глен“ од вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида. Тоа е важен чекор за Blue Origin, што ќе биде прво лансирање ракета по 25 години […]

Мила Стефановска – најмладиот глас на „Златно Славејче“ со песната „Мила прави торта“


На само 6 години, малата Мила Стефановска успеа да внесе свежина, искреност и несекојдневен шарм на големата сцена на „Златно Славејче“, со своето музичко деби – песната „Мила прави торта“. Оваа манифестација, која долги години претставува платформа за промоција на детскиот талент, доби ново лице во ликот на најмладата учесничка досега, која со својата храброст, […]