Раководството на Атлетико ја критикува владината интервенција во случајот Олмо


Атлетико Мадрид е загрижен дека одлуката на Националниот спортски совет на Шпанија да и дозволи на Барселона привремено да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор претставува опасен преседан, соопшти во четвртокот клубот од Ла Лига. Каталонците потпишаа договор со двајцата играчи на крајот на сезоната, но бидејќи клубот не можеше да ја исполни границата […]

Во Лос Анџелес уапсени 20 лица поради кражби


Најмалку 20 луѓе се уапсени во округот Лос Анџелес поради кражби за време на пожарите, изјави членката на надзорниот одбор на округот, Кетрин Бергер. – Нема да дозволиме ова да се случува. Нема да стоиме по страна и да дозволиме ова трауматично искуство дополнително да се влошува, истакна Бергер. Во меѓувреме, американските власти соопштија дека […]

Во Берово најстудено, најтопло во Гевгелија


Најниска температура – 2 утрово е измерена во Берово, додека со 8 степени Целзиусови најтопло е во Гевгелија. На Попова Шапка и во Крива Паланка 0 степени, 1 Виница, 3 степени во Битола и Лазарополе, 4 Штип, Тетово, Крушево, Кавадарци, Куманово и Маврови Анови, 5 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Прилеп и Демир Капија, 6 Скопје-Петровец, Струмица, […]

Во пожарите во Лос Анџелес најмалку десетмина загинати, огнената стихија не запира


Најмалку десет луѓе загинаа во шумските пожари во Лос Анџелес, соопшти Одделението за медицински испитувања на округот Лос Анџелес. Сè уште не се објавени имињата на жртвите бидејќи се чека идентификација на жртвите и да се известат нивните семејства. Се претпоставува дека бројот на жртвите е поголем, но истражителите немаат сигурен пристап до одредени делови […]

Економските загуби од пожарите во Лос Анџелес околу 50 милијарди долари


Според проценката на американската мултинационална компанија за финансиски услуги „Џеј Пи Морган“ (JP Morgan), економските загуби од шумските пожари во округот Лос Анџелес веројатно се двојно повеќе во последните 24 часа и сега изнесуваат близу 50 милијарди долари. Се проценува дека осигурените загуби ќе надминат 20 милијарди долари, а таа бројка може да се зголеми […]

Истрага за изнуда и палење автомобил во Штип против двајца соизвршители, определен притвор


Основното јавно обвинителство Штип донело наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела изнуда од член 258 став 1 и предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, како што денеска соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, во последните неколку дена од старата година, испратиле повеќе […]

Пратениците ќе расправаат за интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути


Собранието денеска треба да ја започне 29. седница на која на дневен ред се пет интерпелации. Четири интерпелации се поднесени од пратеници на Европскиот фронт против работата на вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени од ДУИ. Петата интерпелација е поднесена од Левица за работата […]

Либералната партија на Канада на 9 март ќе избира нов лидер


Либералната партија на Канада (ЛПК) соопшти на 9 март ќе избира нов лидер откако Џастин Трудо најави повлекување од лидерската функција. – Либералната партија на Канада на 9 март ќе избере нов лидер и ќе биде подготвена да се бори и да победи на изборите во 2025 година, се наведува во партиското соопштение. Името на […]

Трогателна приказна од Лос Анџелес: Татко во инвалидска количка загина во пожар покрај болниот син


Татко и син, двајцата инвалиди, загинаа во пожар во Алтадена, објави Вашингтон пост. Хаџим Вајт, жителка на Арканзас, изјави за Пост дека последен пат комуницирала со нејзиниот татко, Ентони Мичел, во средата наутро. „Тој рече, душо, само да знаеш, има пожар и ќе мора да се евакуираме“, се сеќава Вајт. „Потоа тој рече: „Морам да […]

Зеленски: Сојузниците ветија воена помош за Украина во висина од две милијарди долари


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на вчерашната средба на Контакт групата за одбрана на Украина, што се одржа во американската воздухопловна база Рамштајн, Германија, западните сојузници ветиле дополнителна воена помош. – Имавме добра средба со многу добар резултат. Имаше дополнителни пакети помош за Украина во висина од две милијарди долари, посочи Зеленски. Помошта ќе […]

Американската администрација привремено го блокира договорот за признавање вина за 11 септември


Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден привремено го блокираше договорот за признавање на вината за обвинетиот организатор на нападите на 11 септември 2001 година, Калид Шеик Мохамед, што ќе го поштеди од ризикот од смртна казна за нападите на Ал Каеда врз САД. Одлуката на федералниот апелационен суд во Вашингтон уследи по барањето на владата […]

Без струја дел од корисниците на бул. „Илинден“ во Карпош и во Црниче, Кисела Вода


 Дел од корисниците од ул. „Св. Наум Охридски“ во Црниче, општина Кисела Вода, денеска од 8 до 13 часот ќе немаат електрична енергија. Според известување што РЦУК-Скопје го добил од ЕВН Македонија АД, без струја од 10 до 14 часот ќе бидат и дел од корисниците од бул. „Илинден“, реонот кај крстосницата со ул. „Коле […]

„Боинг“ донира еден милион долари за церемонијата на инаугурација на Доналд Трамп


Американскиот производител на авиони Боинг донира еден милион долари за церемонијата на инаугурација на Доналд Трамп како претседател на САД, изјави портпаролот на компанијата. Голем број големи американски компании, вклучувајќи ги Џенерал Моторс, Форд, Мајкрософт и Мета, исто така даваат донации за настанот на 20 јануари. Досега Боинг донирал еден милион долари за последните три […]

Врховниот суд на САД ќе се изјасни за делото против Трамп „пари за молчење“


Врховниот суд на САД денеска ќе ја изрече пресудата за новоизбраниот претседател Доналд Трамп за случајот со исплата на пари на порно актерката Сторми Даниелс за да молчи за наводната афера со него. Трамп вчера поднесе барање за итна интервенција, еден ден откако Апелацискиот суд во Њујорк го одби неговото барање за одложување на изрекувањето […]

Конститутивна седница на Клубот на пратенички


Во Собранието денеска ќе се одржи конститутивна седница на Клубот на пратенички. Клубот на пратенички е неформална група во Собранието на Република Северна Македонија, составена од сите пратенички, независно на која пратеничка група припаѓаат. Клубот на пратенички е формиран на 7 март 2003 година во рамките на регионалниот проект на Пактот за стабилност – Маса […]

Руски ботови работат во корист на Зоран Милановиќ, тврдат истражувачи


 Руски ботови покренаа „кампања за дезинформации во корист на Кремљ“ на социјални мрежи за да го поддржат хрватскиот претседателски кандидат против НАТО, објави „Политико“, повикувајќи се на група истражувачи од Центарот за информациска отпорност (ЦИР – Centre for Information Resilience). Непрофитната организација со седиште во Лондон, која разоткрива операции за дезинформации, објави извештај во кој […]

Трудо: Коментарите на Трамп за анексија на Канада се тактика за одвраќање


Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека коментарите на новоизбраниот американски претседател за евентуално припојување на Канада се тактика со цел да се одвлече вниманието на луѓето од влијанието на царините што Доналд Трамп предупреди дека има намера да ги воведе. Трудо изјави за Си-Ен-Ен дека ако Трамп го следи својот план да воведе царина од […]

Променливо облачно, дневната температура до 15 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Претставничкиот дом на САД гласаше за санкции против Меѓународниот кривичен суд поради Израел


Претставничкиот дом на САД синоќа гласаше за воведување санкции кон Меѓународниот кривичен суд (МКС) во знак на протест поради издавањето налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана поради кампањата на Израел во Газа. Против беа 14, а 243 пратеници гласаа за законот со кој ќе се санкционира секој […]

Трамп: Рускиот претседател сака да се сретнеме, ние се подготвуваме.


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин сака да се сретнат и дека се организира средба меѓу двајцата. Тој ја даде изјавата синоќа, само една и пол недела пред да ја преземе функцијата, по ветувањата за време на неговата кампања да донесе мир во Украина, која е под руска инвазија од […]