Шекеринска учествува на безбедносна конференција во Шведска


Заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска денеска ќе престојува во шведскиот град Селен, каде ќе учествува на Годишната национална конференција на здружението „Народ и одбрана“ насловена „Ковање на иднината: Стратешката визија на НАТО под новото раководство“.  Предвидено е Шекеринска да има обраќање на конференцијата, по што, како што соопшти НАТО, ќе следи размена на […]

Облачно и студено со повремен слаб снег


Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од -3 до 3 степени Целзиусови. Во Скопје претежно облачно и студено со повремен […]

Нормализиран сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица


Од 22.45ч сообраќајот на патниот правец А1 Демир – Капија – Смоквица е целосно нормализиран. Претходно јавивме дека на патот има камион кој се излизгал и го блокирал сообраќајот потполно. Возилата беа пренасочени по стариот пат. Камион се излизгал на автопатот „Пријателство“ – во прекин сообраќајот Демир Капија – Смоквица

Барселона го декласираше Реал Мадрид и го освои шпанскиот Суперкуп


Барселона го освои рекордниот 15. трофеј во шпанскиот Суперкуп, откако убедливо го совлада големиот ривал Реал Мадрид во спектакуларното финале во Џеда. „Ел Класико“ одиграно во Саудиска Арабија, на стадионот „Крал Абдула“, заврши со победа на Каталонците со 5:2 (4:1). Барселона постигна девет гола во последните два директни натпревари против Реал Мадрид. Во Мадрид, на […]

Шведска испраќа воени бродови во Балтичкото Море: „Се случуваат чудни работи“


Шведска ќе учествува во операцијата на НАТО за заштита на подморничките кабли во Балтичкото Море, објави денеска шведскиот премиер Улф Кристерсон на прес-конференција за одбрана. Новата членка на НАТО ќе придонесе со три воени бродови и еден надзорен авион во операцијата, рече Кристерсон. НАТО ги засилува своите напори за заштита на инфраструктурата во Балтичкото Море […]

Во Индија утре почнува фестивал на кој се очекуваат 400 милиони посетители


Шестнеделниот фестивал Маха Кумб Мела почнува утре во северниот индиски град Прајаграј, каде се очекува да се соберат повеќе од 400 милиони луѓе. Овој хиндуистички свет фестивал ќе биде најголемиот собир што ќе се одржи на сливот на три свети реки – Ганг, Јамуна и митската, невидлива Сарасвати. Побожните хиндуси веруваат дека капењето во света […]

Во тек е потрага по исчезнати луѓе во пожарите во округот Лос Анџелес


 Според последните податоци, 16 лица загинаа во повеќе пожари кои беснеат околу Лос Анџелес, а најмалку 16 лица се водат како исчезнати, изјави денеска шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна. Тој на прес-конференција рече дека 12 лица се водат како исчезнати во областа на пожарот Итон и четири во пожарот во предградието на Лос […]

Милановиќ победи на изборите во Хрватска со огромно мнозинство


Според резултатите на Државната изборна комисија (ДИП), врз основа на 61,64 отсто од избирачките места, актуелниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ во вториот круг од изборите ги добил гласовите од 523.665 гласачи, а за Драган Приморац гласале 191.284 избирачи. Процентуално, Зоран Милановиќ добил 73,25 отсто поддршка, а Драган Приморац 26,75 отсто. Според резултатите на ДИП, […]

Винисиус е блиску до купување на португалски клуб


 Винисиус Жуниор е во преговори за купување на португалскиот клуб Алверка, пренесуваат португалските медиуми. Клубот моментално се наоѓа на осмата позиција во Втората дивизија на португалскиот фудбал – Лига де Хонра. „Мајсфутебол“ тврди дека преговорите меѓу Винисиус и клубот веќе се во тек, дури и информациите велат дека тие би можеле да бидат склучени за […]

Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска


 Досегашниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ (СДП) освои 77,86 проценти, а Драган Приморац, поддржан од владејачката ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии 22,14 отсто од гласовите на денешниот втор круг од претседателските избори во Хрватска, покажуваат излезните анкети. На повеќе од 6.500 избирачки места во Хрватска денеска од 7 до 19 часот се гласаше […]

Десетици илјади протестираа во Букурешт против поништените претседателски избори


Десетици илјади луѓе протестираа денеска во Букурешт против минатомесечната одлука на високиот суд да ги поништи претседателските избори на кои прорускиот десничар Калин Георгеску неочекувано освои најмногу гласови. Многу демонстранти во Букурешт свиреа и вееја романски знамиња, додека други вееја транспаренти со пароли како „демократијата не е изборна“ и „сакаме слободни избори“. Многумина повикаа и […]

Тежок напад на Стив Банон против Илон Маск: Тој е „расист“ и „навистина злобен“


  Поранешниот советник на Трамп го осудува прифаќањето на технолошкиот извршен директор на некои форми на имиграција и вети дека ќе го „симнат овој човек“ Во ескалација на несогласувањето меѓу најпознатите екстремно десничарски следбеници на Доналд Трамп, неговиот поранешен советник Стив Бенон го нарече најновиот миленик на Трамп, Илон Маск, „расист“ и „навистина злобен човек“, […]

Карпош остана без електрична енергија, екипи на ЕВН работат на поправка на дефектот


Поради испад во трафостаница во општина Карпош, поголем дел од општината е без електрична енергија, соопштија од Општина Карпош. Во известувањето наведуваат дека без електрична енергија е поголем дел од општината, односно населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани, додека во моментот веќе се излезени […]

Кавадарци преку конкурс избира организатор на културни настани како „Тиквешки гроздобер“


 Градоначалникот на Општина Кавадарци објави конкурс за избор на правно лице, организатор на културни настани како „Тиквешки гроздобер“. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев денеска информираа дека е објавен конкурс за делегирање на надлежностите на локалната самоуправа за организирање и реализирање на културните манифестации за 2025 година. Меѓу културните манифестации што ќе се организираат е […]

Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин


Кандидатот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за советник за национална безбедност, Мајк Волц, денеска изјави дека во блиска иднина очекува разговор меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. – Очекувам разговор меѓу Трамп и Путин во наредните денови и недели, изјави Волц за „Оваа недела“ на Еј-Би-Си. Тој додаде дека „во тел се подготовки“ […]

ОН: Повеќе од милион деца во Газа се соочуваат со криза на менталното здравје


УНИЦЕФ соопшти дека на речиси 1,1 милион деца во Газа им е потребна ментална и психосоцијална поддршка во услови на израелско бомбардирање, раселување и тешки услови за живот. Децата страдаат од кошмари, вознемиреност и стравови поврзани со воздушни напади и губење на членовите на семејството. Многумина стануваат агресивни, се повлекуваат или престануваат да зборуваат, соопшти […]

Камион се излизгал на автопатот „Пријателство“ – во прекин сообраќајот Демир Капија – Смоквица


 Од 15.50 часот целосно во прекин е сообраќајот на патниот правец А1 Демир Капија – Смоквица и сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативниот патен правец Р 1102, информираат од ЈП Македонијпат.  Камион што се излизгал, а потоа и се извртел на автопатот „Пријателство“, на делницата од Демир Капија до Смоквица, целосно го прекина сообраќајот на […]

Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници


Сѐ уште трае постапката за испитување на причините за пожарот во Крива Паланка во кој животот го загубија двајца сопружници на возраст од 87 и 85 години. Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија информираат дека ОЈО Куманово е известено и дава наредби и насоки за испитување на причините за пожарот.   -Испратено е и […]

Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад


Неколку илјади студенти на Техничките факултети на Универзитетот во Белград денеска со блокада на Уставниот суд протестираат со цел да укажат на кршењето на Уставот и да ги потсетат граѓаните на загарантираните права. Во исто време, протест се одржува и во Ниш, под слоганот „Бани во Бановина“, како и во Нови Сад. Во Белград, според […]

Еуроњуз: Северна Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето


Повикувајќи се на извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Euronews денеска пишува дека најпогодена од загадувањето на воздухот е Северна Македонија, а по неа Србија. Се посочува дека земјава има највисока стапка на смртност како последица на загадувањето на воздухот.  Албанија, Бугарија и Црна Гора исто така се наведуваат […]