30 јануари во историјата – Махатма Ганди е убиен во атентат


  Мохандас Карамчанд Ганди, политичкиот и духовниот водач на индиското движење за независност, е убиен во Њу Делхи од хинду екстремист на 30 јануари 1948 година. Роден како син на индиски функционер во 1869 година, мајката на Ганди, Ваишнава, била длабоко религиозна и рано го изложила својот син на џаинизмот, морално ригорозна индиска религија која […]

Муртезани одржа координација со странските донатори на помош


 Во Министерството за европски прашања денеска се одржа состанок за координација на донаторската помош, со учество на претставници од ЕУ Делегацијата, дипломатските мисии и меѓународните партнери, со цел зајакнување на соработката и подобрување на ефикасноста во распределбата на донаторските средства во поддршка на Реформската агенда и европската интеграција на Северна Македонија. Министерот за европски прашања […]

Ќе се носи закон за да се спречи изградба на катната гаража зад Парламентот


Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска на брифинг со новинарите информира дека речиси целосно е готов посебниот закон со кој ќе се спречи изградбата на катната гаража со деловен простор на локација зад собраниската зграда. Со посебниот закон се очекува околината на Парламентот да биде прогласена за безбедносна зона. – Најголемо внимание во подготовката на […]

Германија втора година по ред во рецесија


  Германската економија се намали повеќе од очекуваното во четвртиот квартал од 2024 година. Бруто домашниот производ падна за 0,2 отсто во споредба со претходниот квартал, според првичната проценка на Федералниот завод за статистика. Бројката за целата година е исто така негативна: економијата падна за 0,2 отсто во 2024 година. Во 2023 година, БДП падна […]

Бојкотот во Хрватска дава резултати: „Конзум“ најави трајно намалување на цените за 250 производи


Малопродажниот синџир „Конзум“ во Хрватска најави намалување на цените на 250 домашни производи кои не се опфатени со владината одлука за ограничување на цените. Оваа одлука доаѓа во пресрет на масовниот бојкот на продавниците, кој за утре го најави потрошувачката платформа „Здраво, инспекторе“, по моделот на минатонеделниот протест на клиентите. Истовремено, хрватската Влада најави проширување […]

Народна банка и ОПМ ја продлабочуваат соработката за заштита на корисниците на банкарските услуги


Народната банка и Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) ја прошируваат својата соработка заради понатамошно унапредување на заштитата на потрошувачите корисници на услугите на банките и штедилниците. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на ОПМ Мирјана Лончар-Велкова потпишаа Анекс на Меморандумот за соработка. Со овој документ, како што соопшти Народната банка, двете институции дополнително се обврзуваат […]

Депортацијата на еден мигрант од САД чини пет пати повеќе од билет во прва класа за авион


  ВАШИНГТОН – Летот за воена депортација на американскиот претседател Доналд Трамп за Гватемала во понеделникот најверојатно чинел најмалку 4.675 долари по мигрант, според податоците дадени од американски и гватемалски официјални лица. Тоа е пет пати повеќе од 853 долари од цената на билетот за прва класа во еден правец на „Американ ерлајнс“ од Ел […]

Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови


Минус 34 степени Целзиусови се измерени денеска во областа Ерзурум, источна Турција, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер. Екстремно студен бран зафати многу региони во источна Турција. Најниска температура на воздухот синоќа во Турција е измерена во градот Текман, во Ерзурум, каде беа измерени минус 34 степени. Во центарот на округот Ерзурум температурите се спуштаат до […]

Бугари што шпионирале за Русија му помагале на Радев да победи со фалсификувани гласови


Шпионски синџир што оперира надвор од Велика Британија е обвинет дека има врски со „највисоките ешалони“ на бугарската влада, како што беше откриено на тековните сослушувања во британскиот суд, пишува The Independent. Катрин Иванова (33), заедно со нејзиниот партнер Бисер Џамбазов (43) и  Орлин Русев (46) се дел од групата која се соочува со обвиненија […]

Нема преживеани во сударот на авионот и хеликоптер во Вашингтон


  Не се очекуваат преживеани откако регионалниот патнички авион со 64 луѓе се судри со воен хеликоптер во Вашингтон и се урна во реката Потомак при приближувањето на националниот аеродром „Роналд Реган“ во средата вечерта, соопштија официјални лица. • 30 тела се извлечени од авионот и едно од хеликоптерот од страна на првите екипи кои […]

ВМРО-ДПМНЕ не изгласа ни менување на возниот ред на ЈСП


До сега не дозволуваа купување нови автобуси, на ни еден предложен начин. Последно, не беше прифатен ни проектот поднесен од Град Скопје за кердитот од Унгарија, за купување автобуси за ЈСП „Скопје“, а сега советниците на ВМРО-ДПМНЕ денеска не гласаа ни за одлуката со која требаше да се редуцираат некои автобуски линии, за сметка на […]

Најмалку 30 тела досега се извлечени од Потомак по судирот на авион и хеликоптер кај Вашингтон


Вашингтон – Најмалку 30 тела се извлечени од реката Потомак во близина на Вашингтон по несреќата во која патнички авион се судри со воен хеликоптер, јавија локалните медиуми. Нуркачите пронајдоа и една од двете црни кутии на авионот. Хеликоптерот бил превртен, но се чини дека е главно недопрен. Несреќата се случила синоќа кога авион со […]

Бриџит Џонс се враќа во кината – сега е вдовица и самохрана мајка


Холивудската ѕвезда Рене Зелвегер во среда го одбележи враќањето на Бриџит Џонс — несреќната сингл од 1990-тите која брои шардоне и калории — на светската премиера на претстојниот филм на франшизата „Mad About the Boy“ во Лондон, сцената на сите најголеми катастрофи на Бриџит. По Лондон, следеше Париз.  Актерката Зелвегер славно натрупа неколку килограми и […]

Лепињи од три состојки без брашно (Видео)


Вкусот е подобар од купените во продавница, а готови се за само 5 минути! Состојки: 180 гр млеко во прав, 1 лажичка прашок за пециво, 5 средни јајца. Подготовка: Измешајте ги млекото во прав, прашокот за пециво и јајцата. Убаво изматете со миксер, па истурете во кеса за пециво или кесичка за замрзнување. Истурете ја […]

Од колку места земаат државни пари кадрите на ВМРО-ДПМНЕ?


  Премиерот Христијан Мицкоски вчера објави јавно дека неговиот досегашен советник за здравство, Игор Николов, ќе биде иден амбасадор на Македонија во Франција. Куриозитет е она што го кажа потоа Мицкоски, дека Николов бил негов советник со полно работно време, што значи, според премиерот, дека е редовен член на неговиот кабинет и зема плата од […]

Сокот од зелка е корисен сојузник: Помага при шест заболувања


Напитокот од зелка со векови се користи како народен лек за стомачни заболувања, воспаление на дебелото црево, гихт, ревматизам и запек. Се користи и за зајакнување на имунитетот, чистење на телото од токсини и подобрување на крвната слика. Лековитиот сок од зелка е, на пример, побогат со витамин Ц од портокалите! Сокот од црвена зелка […]

Трик за да не ви се залепат макароните и оризот додека готвите


Кога готвите макарони или ориз, сите знаат дека ви треба малку масло за да не се залепат. Но, постои состојка која е поевтина и делува исто како и маслото. На сите што барем еднаш зготвиле макарони или ориз им се лепат. Можеби не изгледа страшно, но ја прави храната невкусна и важно е да го […]

Марковска-Илиевска побара одговор од Арсовска за мега-паркот


На денешната седница на Советот на Град Скопје, советничката од ВМРО-ДПМНЕ Анета Марковска Илиевска ја искористи присутноста на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и побара одговор од неа и службите за активностите за мега паркот. Марковска Илиевска продолжи и додаде: „Во однос на уредувањето партерно и озеленување на просторот помеѓу реката Вардар, булевар „Илинден“, […]

Меркел се огради од нејзината партија поради сојузот со екстремната десница


  Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел се огради од однесувањето на нејзината партија во четвртокот во Бундестагот. Во средата, ЦДУ поднесе предлог за заострување на миграциската политика до парламентот, кој доби мнозинство само благодарение на поддршката на АфД. Неколку недели пред федералните избори, Меркел отворено се спротивставува на курсот на лидерот на ЦДУ Фридрих Мерц. […]

Младите работат на зачувување на биодиверзитетот на реката Треска


Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска имаше воведно обраќање на финалниот настан на кој беа презентирани резултатите и постигнувањата од проектот „Младински активизам за одржливи реки: Заштита и зачувување на биодиверзитетот на реката Треска“. Проектот го спроведува Аналитика – Скопје со поддршка на Амбасадата на Канада за Србија, Северна Македонија и Црна […]