Кејт Мидлтон вели дека нејзиниот рак е во ремисија


Кејт, принцезата од Велс, во вторникот објави дека нејзиниот рак е во ремисија, помалку од една година откако ја објави дијагнозата. 43-годишната принцеза го сподели ажурирањето во изјава на X, пишувајќи: „Олеснување е што сега сум во ремисија и останувам фокусирана на закрепнувањето“. „Како што знае секој кој доживеал дијагноза на рак, потребно е време […]

Дали сезоната на награди треба да се откаже? Тивка дебата среде пожарите во ЛА


Прифаќајќи ја својата награда за најдобар актер од Здружението на филмски критичари во Њујорк за „Бруталист“ во средата навечер, додека пожарите го зафатија Лос Анџелес, Адриен Броди мораше да застане за да се бори низ солзи. Тој стоеше на подиумот во азискиот ресторан Тао, под статуата на Куан Јин, будистичкото божество на сочувството, и рече: […]

Неверојатен настан доаѓа на 28 февруари! Големо порамнување на 7 планети во исто време


До крајот на февруари на ноќното небо ќе бидат видливи две големи планетарни порамнувања, кога во првите шест планети ќе бидат видливи по ред, а во втората сите седум планети кои се видливи од Земјата, објави американската „Сајенс алерт„ (Science Alert). Сатурн, Меркур, Нептун, Венера, Уран, Јупитер и Марс ќе се појават во исто време […]

Општина Зрновци продава 21 парцела за изградба на објекти за домување


Локалната самоуправа на Зрновци објави оглас за продажба на градежно земјиште во државна сопственост со кој на инвеститорите им нуди вкупно 21 градежнa парцела, во сите три населени места во општината. Вкупната површина на земјиштето што е предмет на продажба изнесува околу два хектара, а доколку се продадат сите градежни парцели Општината очекува да оствари […]

Муцунски пред амбасадорите на ЕУ: Крајно време е да продолжиме по европскиот пат


Оваа 2025 година одбележуваме, за жал, еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус. Крајно време е да продолжиме по европскиот пат. Време е и Унијата да донесе стратегиска одлука за тоа како понатаму ќе се постапува со нашиот пример како своевиден лакмус за кредибилитетот на европската приказна во регионот и пошироко, […]

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата


Монетарното затегнување од страна на централните банки одигра битна улога во контролирањето на инфлацијата, иако таа не беше стандарден монетарен феномен, туку одраз на повеќе фактори, изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во својата дискусија на гувернерската панел-дискусија на Форумот на Централна и Источна Европа, во организација на Инвисо (конференциите на „Еуромани“), кој се […]

Искусните домаќинки наместо презла го користат ова за похување


Намирница која готвачите ја користат наместо презла за похување дава ненадминлив вкус. Користејќи ги триковите на искусни домаќинки, можете да научите како да подготвите совршено вкусни јадења. Често се случува да земете нечиј рецепт за јадење што сте го пробале, но се случува да не испадне баш како што сте очекувале. Иако целосно го следевте […]

Сопственикот на домот на Кери од  „Сексот и градот“ со нова капија ќе се штити од фановите


Сопственикот на станот во Њујорк, кој служи како декор на домот на Кери Бредшо во серијата „Сексот и градот“ и продолжението на сериите …„И токму така…“, постигна голема победа против фановите кои го оштетија имотот. Во вторникот, Комисијата за зачувување на знаменитостите во Њујорк го одобри барањето на Барбара Лорбер, жител на станот од 1978 […]

Внимание: Овие намирници не треба да се загреваат во микробранова печка


Микробрановата печка може да биде многу корисна во домаќинството, но и многу опасна доколку на овој начин загреете некоја храна. Експертите предупредуваат дека постојат одредени намирници кои никако не треба да се загреваат во микробранова печка. Лути пиперки Никогаш не подгревајте лути пиперки во микробранова бидејќи содржат капсаицин. Кога ги ставате во микробранова печка, екстремно […]

Доаѓа најголемата „дачија“, еве колку ќе чини


Dacia Bigster би можела да го размрда европскиот пазар на SUV по прифатлива цена. Во октомври Dacia го претстави својот нов SUV и воедно најголемиот модел, а сега се објавени и цените на некои европски пазари. Така, овој семеен теренец (должина 457 см, со зафатнина на багажникот од 667 литри) во Австрија започнува од 23.990 […]

Египет ја загуби титулата најпосетувана земја


Се предвидува дека најпосетуваната земја во 2024 година ќе постигне рекорден број туристи и во 2025 година. Повеќе од една година по разорниот земјотрес што ги погоди планините Атлас, на периферијата на Маракеш, Мароко сега тврди дека е најпосетуваната дестинација во Африка. Во 2024 година земјата примила вкупно 17,4 милиони посетители, покажуваат податоците на Министерството […]

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето


Новата едукативна сликовница „Колку е часот?“ со текст и илустрации од Тодор Трајковски е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето, односно – да ги читаат часовниците.  Ова прво авторско дело на Трајковски, што е класифицирано во едицијата „Сезнајковци“,  неодамна излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. […]

Што се купува на распродажба токму сега? Неколку идеи кои ќе ви траат со години


Издвојуваме најдобри зимски парчиња од категоријата која сите ја сакаме – распродажба. По топлите јануарски денови, зимата не изненади со остар мраз. И баш кога се соочивме со вистинските зимски студови, стана јасно што ни недостига во гардеробата. За среќа, јануарските распродажби стигнуваат како совршен момент да го збогатиме својот ормар по поволни цени. Ќе […]

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола


Блок 1 од РЕК Битола е привремено исклучен од електроенергетската мрежа. Според информацијата од АД ЕСМ, исклучувањето е од превентивен карактер. – Имено, во услови на енормна влага кај депонираниот јаглен поради интезивните снежни врнежи, потребната моќност на термоблоковите може да се постигне само со користење на огромни количини на мазут – што може да […]

Карпош субвенционира замена или поправка на покриви


Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година, Општина Карпош денеска за своите сограѓани објави Јавен повик за доделување финансиска подршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи), на своја територија. Во таа насока, за колективните […]

Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница


По четврти пат се одложи повтореното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако такво решение донесе Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година. Како и на 5 ноември 2024 и денес рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски, кој е […]

Трета болница во Србија забрани посети: Се воведуваат екстремни мерки поради истата инфекција


Во Општата болница во Пожаревац од денеска се забрануваат посети на приковани пациенти, со цел да се спречи ширење на респираторни инфекции. Секој работен ден, во периодот од 14 до 16 часот, семејствата можат да донесат и да му предадат пакет за пациентот на работникот за обезбедување во прифатно-ургентната служба. Консултации со лекарите за здравствената […]

Црвениот крст ќе се грижи за здравствената безбедност на капачите за Водици во Охрид


Црвениот крст Охрид ги најави активностите за одбележување на Водици и Денот на рибарите. -На 18.01.2025 (сабота) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме […]

Прекин во работењето на системот Е-даноци од 16:30 часот


Управата за јавни приходи ја известува јавноста и даночните обврзници дека, поради извршување на неопходни интервенции на системот е-Даноци, денес 15.01.2025 година (среда), од 16:30 часот, истиот ќе биде недостапен. Во овој период, даночните обврзници нема да можат да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци. Во периодот додека трае интервенцијата останатите системи […]

Ненадејно почина ракометниот тренер Александар Јовиќ


Македонскиот ракомет изгуби голем работник и исклучителен спортски професионалец, откако ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ на 51-годишна возраст. Јовиќ, кој последно ја водеше екипата на македонскиот суперлигаш Пролет, остави длабока трага како тренер и играч. Во текот на својата тренерска кариера, беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно ги […]