Австрија прв противник на македонските ракометари во Главната рунда на СП 2025


Со натпреварот против Австрија попладнево во Вараждин, репрезентацијата на Македонија ќе ја почне Главната групна фаза на ракометниот Мундијал 2025. По одигрувањето на натпреварите во групи, Македонците пренесуваат еден бод, додека Австријците два во новоформираната Група-2. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер во полн состав тренираа и подготвени го дочекуваат следниот предизвик. Со евентуална победа […]

Британски и американски весници за инаугурацијата и ветувањата на новиот американски претседател


Во својот инаугуративен говор, новиот американски претседател Доналд Трамп одржа скромно и нијансирано обраќање во кое вети дека ќе ги обедини САД и ќе донесе мир во светот. Тој, исто така, вети дека ќе ги уништи своите противници и ќе го врати Панамскиот канал. Така е во политиката: се е прашање на компромис, наведува британскиот […]

Изведба на балетската претстава за деца „Доктор Офболи“


Во Националната опера и балет (НОБ) вечерва ќе биде изведена балетската претстава за деца „Доктор Офболи“. Од НОБ информираат дека оваа класична балетска сказна ја прикажува вечната борба помеѓу доброто и злото, во која, како и секогаш, доброто ќе победи. Претставата ја плени најмладата публиката со прекрасната музика, живописните костими и сценографија и децата ја […]

Панел дискусија за можностите за економска соработка со иницијативата „Три мориња“


Панел дискусија на која ќе биде претставена иницијативата „Три мориња“, можностите за економската соработка меѓу нејзините членки и придонесот во нивниот економски развој, со посебен осврт на инфраструктурата и вклучувањето на земјите од Западен Балкан и зајакнувањето на оската север-југ во источна Европа, денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Стопанската комора во […]

Врнежи од снег на планинските превои, магла на патните правци Скопје-Тетово и Велес-Катланово


Врнежи од снег со слаб интензитет во утринските часови се бележат во Маврово и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар, но во моментот не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради магла од 100 – 150 метри има на патните правци Скопје – Тетово и Велес – Катланово. Според информациите на Авто […]

Дел од Бутел, Чучер Сандево и Илинден без струја


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Бутел, Чучер Сандево и Илинден, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од ул.„18“ броеви од 30 до 40 и ул.„Радишанска“ броеви од 40 до 70 во општина Бутел, […]

Дел од булеварот „Партизански одреди“ без вода


 Без вода денеска од 09 часот ќе бидат корисниците од Булеварот „Партизански одреди“ крак 7 во населбата Нерези. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект Ф-100мм на Булеварот „Партизански одреди“ крак 7. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Законот за заштита на децата повторно на пленарна седница


 Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата повторно се враќа во собраниска процедура во рамки на денешната 31.седница, откако претходно претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го потпиша указот за прогласување на Законот. Пратениците  го изгласаа овој Закон на 24 декември во рамки на 27-та пленарна седница, со обично и Бадинтерово мнозинство. […]

Силен земјотрес регистриран на Тајван


 Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во јужниот дел на Тајван, при што полесно се повредени 27 луѓе и оштетени се повеќе објекти. Помеѓу повредените се и шест лица, меѓу кои едно бебе, кои беа спасени од под урнатините на една куќа во округот Нанкси. Епицентарот на земјотресот бил […]

(Видео) Десет загинати и 32 повредени во пожар во хотел во ски центар во Турција


Пожар избувна денеска во хотел во популарен турски ски-центар во централната провинцијата Болу, при што загинаа 10 лица, а 32 беа повредени, соопшти министерот за внатрешни работи. Пожарот во хотелот во ски-центарот Карталкаја избувна во 3:27 часот (0027 GMT), објави Али Јерликаја на X. Bolu Kartalkaya Kayak Merkezi’ndeki Grand Kartal Oteli’nde çıkan yangında ölü sayısı […]

Од клима до имиграција и помилувања: Трамп потпиша голем број извршни наредби


Претседателот на САД, Доналд Трамп на првиот ден од неговиот нов мандат потпиша повеќе извршни наредби – од климата до имиграцијата, заедно со голем број помилувања за оние кои упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година. Дел од извршните наредни се ветувањата што ги даде за време на кампањата во 2024 година. Други, како […]

Наутро магливо, преку ден со повремени врнежи од дожд и снег


 Времето денеска претпладне ќе биде со магла и ниска облачност по одделни котлини, а преку ден ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 […]

Орбан му честиташе на Трамп: Сега е наш ред да го окупираме Брисел


Унгарскиот премиер Виктор Орбан, еден од ретките европски лидери блиски до Доналд Трамп, му честиташе на новиот американски претседател, нагласувајќи дека националистичките сили, засилени со инаугурацијата на Трамп на чело на САД, сега мора да го „окупираат“ Брисел. „Честитки до претседателот @realDonaldTrump! Сега е наш ред да блеснеме! Нашиот ред е да го окупираме Брисел!“ […]

Трамп сака да го преименува највисокиот американски врв


Американскиот претседател Доналд Трамп сака да му го врати на највисокиот американски врв Денали  неговото поранешно име – Маунт Мекинли, по 25-тиот американски претседател. Врвот, кој се издига на 6.190 метри надморска височина, беше преименуван во „Денали“ од поранешниот претседател Барак Обама во 2015 година, усвојувајќи го името што со векови го користеа домородците од […]

Криптовалутата на Трамп достигна пазарна вредност од 10 милијарди долари


 Новосоздадената криптовалута на американскиот претседател Доналд Трамп порасна на повеќе од 10 милијарди долари пазарна капитализација вчера кога тој ја презеде функцијата за неговиот втор мандат. Позната како $TRUMP, лансирана во петокот, таа се зголеми од помалку од 10 долари во саботата наутро на 74,59 долари. Трамп го лансираше дигиталниот токен со брендирање што вклучуваше […]

Трамп ја одложи забраната на ТикТок во САД за 75 дена


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се одложува спроведувањето на забраната за апликацијата ТикТок во САД за 75 дена. Уредбата содржи упатства за јавниот обвинител да не ја спроведува забраната за „мојата влада да може да одреди соодветни дејствија во однос на ТикТок“. Покрај тоа, со неговата извршна наредба, Трамп му наредува […]

Трамп го прогласи глобалниот даночен договор на ОЕЦД за неважечки во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна указ со кој глобалниот минимален корпоративен данок, што беше поддржан од администрацијата на Џо Бајден и договорен со повеќе од сто земји, не е важечки во САД. „Овој меморандум го враќа суверенитетот и економската конкурентност на нашата земја со појаснување дека глобалниот даночен договор нема сила или ефект во […]

Американскиот Сенат го потврди Марко Рубио за државен секретар на САД


Американскиот Сенат едногласно го потврди републиканскиот сенатор Марко Рубио за државен секретар на САД. Рубио е познат по неговиот тврд став кон Кина и неговата поддршка за Израел. Деведесет и девет сенатори гласаа „за“ кандидатурата на Марко Рубио, а ниту еден „против“. Рубио е првата номинација за кабинетот на Доналд Трамп што ја одобри Сенатот. […]

Трамп размислува да воведе царина од 25 отсто за сите стоки од Мексико и Канада од 1 февруари


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува да воведе царина од 25 отсто за сите стоки што доаѓаат од Канада и Мексико од 1 февруари. „Размислуваме за царина од 25% за Мексико и Канада бидејќи им дозволуваат на многу луѓе да влезат во САД, а исто така и многу фентанил“, рече Трамп во Белата куќа […]

Трамп помилува 1.500 лица обвинети во врска со упадот во Капитол


Американскиот претседател Доналд Трамп помилува 1.500 лица обвинети во врска со упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година. „Очекуваме да излезат вечерва. Го очекуваме тоа“, рече Трамп. Претседателот рече и дека на шестмина обвинети ќе им бидат намалени казните. Помилувањето на овие обвинети е исполнување на едно од неговите предизборни ветувања, имено да им […]