Хороскопски знаци кои наоѓаат излез од секој проблем: Вечни оптимисти, тие секогаш гледаат светла точка на хоризонтот


Ако ви треба поддршка во моменти кога ви се чини дека нема излез, еве кои хороскопски знаци се најдобри за тоа – вечни оптимисти! Животот е полн со подеми и падови, но има луѓе кои секогаш успеваат да гледаат на добрата страна. Тие се соочуваат со предизвиците со насмевка на нивните лица и секогаш ја […]

Слоновите во САД не се луѓе, остануваат во ЗОО, пресуди највисокиот суд во Колорадо


Врховниот суд на американската сојузна држава Колорадо вчера пресуди дека пет слона од Зоолошката градина на Шајен не се луѓе и според тоа, го немаат човековото право да бидат ослободени од установата. Како што пренесе ДПА, Судот утврди дека слоновите Миси, Кимба, Лаки, Лулу и Џамбо – како „нечовечки животни“, во САД немаат право на […]

Во Битола измерени -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка


Утрово најниска температура од -4 степени е измерена во Битола. Според соопштението од УХМР, следат Прилеп и Попова Шапка со -2 степени, -1 Лазарополе, 0 во Тетово, Демир Капија, Струмица, Штип, Берово, Кавадарци, Крушево и Маврови Анови, 1 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Претор, Виница, Велес, Дебар, 2 во Куманово и 3 степени во Охрид […]

Отстранета шпанската верзија на веб-страницата на Белата куќа


 Неколку часа по положувањето заклетва на Доналд Трамп како претседател на САД, неговата администрација ја отстрани шпанската верзија на официјалната веб-страница на Белата куќа. Корисниците кои се обидуваат да пристапат до шпанската верзија на веб-страницата добиваат порака за грешка („Error 404“), што укажува дека страницата повеќе не постои или е недостапна. Дополнително, опцијата со назив […]

Трамп го помилува основачот на дарк веб „Силк Роуд“, Рос Улбрихт


Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува Рос Улбрихт, основачот на дарк веб „Силк Роуд“, кој беше осуден на доживотен затвор за управување со нелегална онлајн платформа на која се продавале наркотици. Вкупната вредност на продажбата беше повеќе од 200 милиони долари, при што се користел биткоин како средство за плаќање. Трамп го исполни своето ветување […]

Франција издаде нов налог за апсење на Башар Асад поради извршени воени злосторства


Француските судски власти вчера издадоа нов налог за апсење на соборениот од власт сириски лидер Башар ал Асад, обвинувајќи го за учество во воени злосторства поврзани со смртта на француски државјанин од сириско потекло во 2017 година, објави денеска весникот „Паризиен“. Според обвиненијата, Асад се товари за соучесништво во убиства и напади врз цивили. „Паризиен“ […]

Нов подвиг на Јокиќ во победата на Денвер над Филаделфија (видео)


Никола Јокиќ не престанува да се истакнува. Српскиот МВП на најсилната лига на светот оствари нов подвиг во НБА во победата на Денвер над Филаделфија од 144:109. За само половина час постигна 27 поени (шут од поле 10/15) со 13 скока и 10 асистенции. На тој начин Јокиќ четврти натпревар по ред оствари трипл-дабл. Тој […]

„Изгубени германци“ во Вашингтон


Чопоративното патешествие на македонската делегација на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ми заличи на една приказна за „изгубените германци“ што ја овековечи во култна драма Дејан Дуковски. Во Македонија имало измислен многу богат рудник. Некој од важните и влијателни индустријалци и офицери блиски до Хитлер, за да ги тргнат своите деца од виорот на […]

Швјонтек избори полуфинале на Австралија опен


Ига Швјонтек утринава ја победи Американката Ема Наваро со 6:1 и 6:2 во четвртфиналето на Австралија Опен. Во меч што траеше 1 час и 31 минута, 23-годишната полска тенисерка имаше еден ас, две двојни грешки и пет претворени брејк топки од девет шанси. Во полуфиналето Швјонтек ќе се соочи со Американката Медисон Кис која ноќеска […]

Зеленски бара европски мировници за обезбедување траен мир


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за да се спречи нова руска офанзива, потребни се најмалку 200.000 мировници од Европа. Зеленски ја даде изјавата на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, еден ден откако Доналд Трамп повторно ја презеде функцијата претседател на САД со ветување за брз крај на војната во Украина. Украинскиот лидер апелираше […]

Во Србија денеска е Ден на жалост за осумте лица загинати во пожар во дом за нега на стари лица во Бараево


Во Србија денеска е Ден на жалост поради смртта на осум лица во пожар во дом за стари лица во белградската општина Бараево. Одлуката за прогласување Ден на жалост ја донесе српската влада на вчерашната седница. Осум луѓе загинаа, а седум се повредени во пожарот во Домот за возрасни и стари лица „Ивановиќ“ во Велики […]

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот претходник Џозеф Бајден му оставил „инспиративна“ порака на неговата маса во Овалната соба во Белата куќа, продолжувајќи ја традицијата на размена на писма на денот на инаугурацијата. Трамп им рече на новинарите дека го отворил писмото во понеделникот вечерта и се уште размислува дали да го објави. Според […]

Шолц ќе се сретне со Макрон, два дена по инаугурацијата на Трамп


Германскиот канцелар Олаф Шолц планира да отпатува во Париз денеска на средба со францускиот претседател Емануел Макрон два дена по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Средбата се очекува околу пладне, јави ДПА. Покрај идното позиционирање на ЕУ во однос на САД, разговорите најверојатно ќе се фокусираат и на војната во Украина и конфликтот на […]

Бројот на жртви во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 28


Бројот на жртви во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 28, соопштија денеска локалните власти. Во пожарот во округот Итон, кој зафати повеќе од 14.000 хектари во населбата Алтадена, загинаа најмалку 17 лица. Во пожарот во округот Палисејдс, кој уништи повеќе од 23.000 хектари, загинаа 11 лица, објави Еј-Би-Си њуз. Според достапните информации, во […]

Намалена видливост поради магла на планинските премини Ѓавато и Пресека, како и во Страцин, Прилеп, Кочани и Струмичката котлина


Намалена видливост до 50 м. поради магла има на планинските премини Ѓавато и Пресека, како и во Страцин, Прилеп, Кочани и Струмичката котлина. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна […]

ОН: Примирјето овозможи над 2.400 камиони со помош да пристигнат во Газа


ОН соопшти дека над 2.400 камиони со хуманитарна помош пристигнале во Појасот Газа за три дена од почетокот на примирјето меѓу Израел и Хамас. Само вчера, во палестинската енклава влегле 897 камиони со помош. Исто така, во неделата влегле 630 камиони, а во понеделникот 915. Примирјето предвидува најмалку 600 камиони помош дневно, од кои 50 […]

Четворица повредени во напад со нож во Тел Авив, напаѓачот убиен


 Четири лица се повредени во напад со нож во Тел Авив, соопштија израелските служби за итна помош, пренесе ДПА. Напаѓачот бил застрелан од случаен минувач на местото на инцидентот. Нападот се случил во центарот на градот, во популарна област со многу ресторани и кафулиња. Полицијата не ја исклучува можноста дека станува збор за терористички напад. […]

Промоција на книгата „Милчо за Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека


Во Кинотеката вечер ќе се одржи промоција на книгата „Милчо за Манчевски“, чиј приредувач е д-р Атанас Чупоски. Книгата претставува обид да се опфатат многубројните аспекти од животот и работата на режисерот Милчо Манчевски. -Книгата претставува обид да се опфатат многубројните аспекти од животот и работата на Манчевски, еден од нашите најнаградувани и во светски […]

Поради дефект без вода корисниците од плоштадот Македонија до Македонска пошта и ул. Орце Николов


Поради дефект П.П. Хидрант од ф – 80 на улица Максим Горки (кај Мепсо) денеска од 9:00 часот со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на потегот од плоштадот до Македонска пошта и дел од улицата Орце Николов, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Променливо облачно со сончеви периоди, по котлините магла


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во југоисточните од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени. Во Скопје променливо […]